Граѓаните побрзаа да ја платат струјата на рати
Во текот на еден месец, откако почна кампањата за плаќање на сметките на струја на рати, „ЕВН“ склучи 1.700 договори. Од нив, половина биле за плаќање на рати, а остатокот е целосно платен долг, со што се избегнало плаќањето и на каматата. Дел од граѓаните што се' уште имаат отворени долгови, признаваат дека слушнале за кампањата, но се' уште не склучиле договор, за��оа што немале време. Дел, пак, ја чекаат неофицијално најавената кампања за тужените долгови за неплатена струја. Тоа би било поатрактивно за нив, со оглед на висината на долгови, како и поголемите камати што би биле отпишани, доколку граѓаните направат ваква спогодба. (М.Т.) |