Растат профитите на српските банки
Банкарскиот сектор во Србија во вториот квартал оваа година з��бележа вкупна добивка пред оданочувањето од 15,2 милијарди динари, што е за 75 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, објави Народна банка на Србија. Неоданочена добивка забележале 22 од 34 банки во Србија, додека 12 банки забележале загуби во вториот квартал. Најголема добивка пред оданочувањето имала банката Интеса од четири милијарди динари, а следни се АИК банка со 2,8 милијарди, Уникредит со 1,9 милијарди, Рајфајзен со 1,5 милијарди и Комерцијална банка со 1,4 милијарди денари. Вкупната загуба на дванаесетте банки, кои се во минус за првите шест месеци оваа година, достигнала 2,4 милијарди динари, а тие учествуваат во вкупната актива на банкарскиот сектор во Србија со 15 отсто. Најголема загуба имале Алфа банка, ОТП банка и Креди агрикол, по половина милијарди динари, а следна е Војводинска банка со 0,3 милијарди и Креди банка со 0,2 милијарди динари. (МИА)
|