Над една милијарди евра испраќаат македонските иселеници во државава годишно и ја спасуваат од банкрот, ама никој не ги есапи. Ова се официјалните бројки што ги евидентира Народна банка на Македонија, но според експертите, во земјава стигнуваат многу повеќе пари од иселениците, кои, главно, нивните семејства ги трошат за да преживеат, но не и за да инвестираат во земјава.
Според експертите, ако парите што ги фрла државата за реклами на Си-Ен-Ен, а кои не дадоа никакви ефекти, се потрошеа за да се анимираат емигрантите да се вратат во земјава и да започнат бизнис, бенефитот ќе беше многу поголем и за нив и за државата.
Гоце Јосифовски, еден од помладите емигранти, кој, сепак, по 11 години поминати во САД, решил да се врати во земјава и да инвестира, вчера отворено ни го раскажа патешествието низ кое поминал во последниве три години, а уште не го започнал бизнисот. „Во 2007 година се вратив и сакав да инвестирам во хотел во Малешевијата. По потекло сум од Берово и таму сакав да го развивам туризмот, гранка во која верував дека треба да се инвестира. Но, овој мој потфат заврши неуспешно. Објектот што сакав да го купам беше во државна сопственост, без имотен лист. Се обратив до секоја институција за помош. Поранешниот министерот за финансии, Трајко Славески, не сакаше ни да чуе да се сретне со мене. Односот на властите беше крајно непријатен. Се сретнав со ексминистерот Глигор Ташковиќ и тој покажа разбирање, но кога се симнав на терен, се соочив со административните небулози и бариери, во Катастар, во Општина. По сите перипетии, на крајот ме информираа дека објектот за кој бев заинтересиран го купил Цацко од Конопиште. Така ми кажаа од Општината“, вели Гоце Јосифовски.
Тој му порача на директорот на Агенцијата за странски инвестиции дека иселениците треба да му бидат таргет група, ако сака на земјава да и' се случи вистинска преродба. „Најголеми амбасадори за привлекување инвеститори е токму нашата дијаспора и тие треба да бидат топ тема и на оваа и на која било следна влада. Тоа е случајот со Ирска, Израел, Јужна Кореја, Чиле... Таму е неверојатен уделот на емиграцијата во развојот, на која државите и' дава големи шанси. Е тоа е преродба, така се создава критичен момент на пресврт во домашната економија“, вели Јосифовски.
Според анализите на експертите, приватните трансфери на дијаспората се многу поголеми од странските директни инвестиции, и тие учествуваат со над 10 отсто во БДП и покриваат најмалку 50 отсто од трговскиот дефицит. „Не знам дали ќе банкротира државата без овие пари, но ќе биде многу полошо не само за семејствата на иселениците туку воопшто за државата. Ќе се наруши платнобилансната рамнотежа, макроекономијата и девизните резерви. Приливот од дијаспората е сериозно голем и буквално подарок за државата, а Владата не прави ништо. Колку милиони евра потроши Владата за привлекување СДИ, а тие не доаѓаат. Замислете, ако овие пари се искористеа за да се анимираат печалбарите да инвестираат во земјава“, вели професорот Ванчо Узунов.
Според него, иселениците сакаат, но многу ретко одлучуваат да вложат во почнување нови бизниси тука, зашто се соочуваат со сериозни административни пречки, без притоа да добијат поддршка од државата за нивно надминување.
И професорот Абдулеманф Беџети смета дека државата не покажува сериозен интерес и анализа, за тоа колку пари стигнуваат од печалбарите и за што се трошат тие. „Време е, конечно, креаторите на политиката да се осврнат на овој потенцијал, кој значително може да ја подобри економијата во земјава“, порача Беџети.
На вчерашната трибина во организација на Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, беше посочено дека 160.000 семејства во Македонија егзистираат со пари од емигрантите. Во последниве години Македонците најчесто одат на печалба во Италија и во блискоисточните земји, а поретко во прекуокеанските. Експертите сметаат дека нема конечна официјална бројка за тоа колку Македонци живеат и работат во странство, но се смета дека станува збор за масовна популација, а оттука и за голема сума пари што доаѓа во Македонија. Лани во земјава на име приватни трансфери влегле над една милијарди евра, а заклучно со мај годинава, 639 милиони евра, или 235 милиони повеќе во споредба со истиот период лани.
Mnogu pati e posoceno za ovoj problem no zastanuva kade sto i pocnuva,vo sto e problemot eve ke vi kazam,Petko od Avstralia ima 2 milioni Avstraliski dolari,doaga vo Makedonija da kupi biznis i gleda i naoga e duri togas nastanuva problemot ;oti nekoj od vlasta udril merak i toj da go zema,Petkovite 2 miliona ne se vredni ni 5 iljadi evra koi ke gi plati onoj od vlasta ili niven ilii od opozicijata oti tie se karat javno ama jadat i pijat zaedno.Nemalo imoten list aman bre pa kako go napravija na divo li ako e na divo togash neka se platat davackite i neka dobie imoten list.Nie vo dijasporata imame i pari i znaenje ama ne ne razbirate vie vo Makedonija.Od Strumica do granica ima 10 skrdovi site ke gi napravam Industriski zoni i ke gi platam kolku sto cinat a ne kolku sto ke mu tekne na nekoj politicar,i kakov odgovor ke dobijam e toa se urbanizirani zemjista,ke ostanat skrdovi i moite pra, pravnuci koga ke doagaat na odmor,a tolku sakam da si dojdam za sekogash.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 03.09.2010 07:46:51
Значи многу повеќе бенефиции општо и за државата и за населението е инвестирање од печалбарите и иселениците, одколку од јаловата политика досега од сите поранешни влади на Македонија. Маки мачат да привлечат некои грчки инвеститори, дури ни данок не мора да плаќаат, земјиште без пари....и на крајот таквите малку инвеститори кој ќе продаваат немакедонски продукти, кои ќарот ке го носат надвор се пречекани со отворени раце, а своите државјани не ги есапат воопшто, или доживуваат мајтапење низ државните лабиринти Нешто не е во ред, длабоко не е во ред. Само продолжете да се гледате на телевизија вие одговорните....
Од: забеган.
Датум: 03.09.2010 08:28:06
Печалбари е едно а Иселеници е сосем друго.Печалбарите доаѓат барем еднаш до два пати годишно во татковината,Каде имат фамили.Несе ко оние иселеници кои ни ги слика медиумите и ни кажува како ни дарувале облека и тоа стара.Ни дошле овде по неколку децени да ни солат памет,А не го знат ни јазикот од кај потекнуват СРАМОТА.Но срамот треба да биде поголем на тие што ги влечкат овде,Па дури и треба овије да гласале на избори МИЗЕРИЈА Вмелоска и Иселеничка.Да сиги држеме нашите печалбари кои секој месец испраќат евричина на своите блиски.А ние се однесуваме недолично кон нив.Посебно М.В.Р Им го вади душата со Пасошите по брза постапка и соголи.Им го упропасти г.Одмори чекаеќе по шалтерите.А иселенициве ги гоштева ги шета Држававако Господ да дошол.
Од: jovan
Датум: 03.09.2010 08:39:16
Iselenicite Albanci se onie koj najmnogu prakaat pari ovde a ne onie od Avstralija. Iselenicite Albanci se onie koj investiraat ovde, otvaraat biznisi na rodnini i gi pomagaat od stranstvo, tie od Avstralija nemaat skoro nisto investirano, a i nikogo ne pomagaat vo biznis od rodninite barem. Baraat samo da bidat vo Vlasta. Zalno ama vistinito.
Од: don kihot
Датум: 03.09.2010 10:03:20
Kako mozeme ova da go protolkuvame.Obicen MK minister(kopuk) nesakal da se sretne so iselenik investitor.Arogancija bez osnova(goltar) koj vleguva vo vlada da se najade...imeno takvi se i od ovoj i onoj tabor.So zakrzlaveni ili hendikepirani intelekti, so "magarceto za raka" za posle da mozat da go tovarat, i napred vo instituciite.A nie zboruvame za idei i progres na Drzavata, so pomos na iselenicite.Kogo go interesira toa od nasive ministri, gi interesira kade da se vrze magareto i da se tovari, "sopstveniot interes e pred drzavniot" toa e mototo koe gi prati site ministri ovie 20 godini.
Од: trenko
Датум: 03.09.2010 10:53:45
Da se razgranicat poimite PECALBAR (toj sto rizikuval i se vratil) od NASINCI (Makedonci, Albanci, Turci i tn) koi si ziveat vo drugi drzavi so generacii i nemma namera da se vratat. Na prvite koi ne se glasni kako vtorite treba da im se olesnat uslovite za investiranje. Drugite dosega ne se dokzaa, a mnogu se glasni!
Од: citatelka
Датум: 03.09.2010 11:17:25
Toa e makedonskata tragedija koja makedonskiot narod so svojata mrzlivost, detska razmazenost (koja ja vlecheme od socijalizmot) deka se treba nekoj drug da ni raboti ili da ni kape odozgora (zhvakano, po mozhnost!) i zgora na seto toa - prazna i bolna arogancija ("e, kje mi dava sega nekoj pari, a jas fala da mu kazham" ili "uf, demek uchel vo stranstvo pa sega pamet kje mi soli" - teshki kompleksashi).
Koga seto toa kje se izmesha i na krajot dodade - zavista kako kraen rezultat (bidejki poradi seto toa nishto ne mrdnuva nikade), jasno e deka nie samite sme onie koi si ja sechat grankata na koja sedat. I nikoj drug ne ni e kriv. Zatoa site vo Evropa odamna ne nadminaa.
Од: Od Makedonec vo Holandija
Датум: 03.09.2010 22:05:39
Makedoncite nadvor od Makedonija nese nitu pecalbari a nitu Iselenici, tie se i ke ostanat Makedonci so vasa ili bez vasa ljubov. Problemot e sto nekoj vo Makedona gradi namerno ili zlonamerno losa slika za Makedoncite sto ziveaat nadvor od nea. Uste na granicata se pokazuva deka ne sme dobrodojdeni a zavrsuva vo svoite rodni mesta kade sekoj eden e prijatel samo koga mu trebaat pari. Vo Holandija ima tolku mnogu visoko obrazovani Makedonci sto vo sekoe vreme mozat da investiraat ama nemaat volja zatoa sto ne se zemeni seriozno nitu nekoj gi povikal na nekoja sredba. Koga najposle ke se promeni takvata klima vo nasata zemja. Namesto da vrakame nasi luge nazad nie doseluvame tuginci. Ako vaka prodolzime naskoro ke nema Makedonci vo Makedonija tuku samo nadvor od nea.
Pozdrav
Од: snajper
Датум: 03.09.2010 22:55:27
ne se raboti za nikakvo nerabotenje na administracijata.. eto e toa stalinisticko scenario koe 20 godini se slucuva vo drzavata. seta korumpirana denacionalizacija (koja voopsto ne se sluci) kako i privatizacija koja bese lazno prikazuvanje na ex komunjarskite direktori kako novi sopstvenici (na takov nacin se izvrsi povtorno komunjarska nacionalizacija koja sega ja stiti dpmne) se so cel drzata da e pod kontrola na komunistickite strukturi. nema nikakvi stranski investicii, a nema i nikakva revizija na kriminalnite slucuvanja vo drzavata.. a cacko i drugite sopstvenici na hratija se samo stalinisti na zadaca od koalicijata dpmne-sdsm.. ne se zalete vo drzavata, tuzete gi na megunardoni sudovi i barajte megunarodnata zaednica da reagira na ova ne sproveduvanje na zakonit vo Makedonija.