Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Словенечки „Триглав“ со поголем профит од лани

Групацијата „Триглав“ во првите шест месеци од годинава остварила профит од речиси 18 милиони евра или солидни 6 милиони евра поголем профит од истиот период минатата година.

Нето-добивката од работењето на осигурителната куќа „Триглав“, во шестмесечниот период во 2010 изнесуваше солидни 25 милиони евра и беше за речиси 4 милиони евра поголема во споредба со минатата година. Капиталот на компанијата на 30 јуни годинава достигна помалку од 502 милиона евра, што значи дека во првото полугодие се зголемил за повеќе од 24 милиони евра.

Фокусирање на основната дејност и воспоставување ефикасен систем на управување со групацијата „Триглав“ се двете клучни стратегиски определби, запишани во новата стратегија што ја усвои и надзорниот одбор на „Триглав осигурување“. „Стратегијата на групацијата ’Триглав‘ за периодот од 2010 до 2013 година е одговор на промените кои во иднина ќе ги одбележат сферите во кои работиме. За 2013 година предвидуваме 10-процентна профитабилност на капиталот. Во 2013 во групацијата ’Триглав‘ ќе има 5.000 висококвалификувани и лојални вработени, а осигурителната премија ќе достигне до 1,1 милијарди евра“, изјави претседателот на управата, Матјаж Раковец. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
Газдите продаваат дел од имотот, „Оне“ демантира
Печалбарите не' спасуваат, а никој не ги есапи
Ќе има доволно пиперки за ајвар
Екстра-квота дозволи за нашите превозници
Русија малку ја подотвори вратата за извоз на жито
ММФ
Банките како судбина
Европската економија порасна за 1,9 отсто во вториот квартал
Граѓаните побрзаа да ја платат струјата на рати
Растат профитите на српските банки