Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат

Околу 30.000 стари возила се продадени за неколку месеци, но над 6,5 илјади стојат на отворените плацеви и чекаат купувачи

Соња Маџовска

Старите возила што се узвезоа до август се продадоа како алва, но од крајот на август веќе се чувствува презаситеноста на пазарот, велат увозниците на половни автомобили. Тие што ги чекаа овие возила, купија уште во првите месеци, но над 6,5 илјади возила сега стојат на отворените плацеви и чекаат купувачи. Ова значи дека ќе паѓаат цените и на старите и на новите возила.

Незначителен е и бројот на бугарските возила што извршиле пререгистрација. Сопствениците на бугарските автомобили се надеваат, а велат дека имале и некои сигнали, дека Владата ќе им попушти со тоа што ќе ја намали каталошката вредност на овие возила, чија старост е над 15 години.

Рокот за пререгистрација на возилата со стандард Еуро1 истекува на крајот од септември.

И додека увозниците на стари возила се офајдија, автоимпортерите на нови автомобили се во депресија. Тие велат дека оваа им е најлоша година досега откако го почнале овој бизнис. И тие, но и увозниците на стари автомобили признаваат дека земјава се наполни со кршот од Европа и дека уште оваа зима сите ќе ги почувствуваме последиците од тоа.

Според официјалните податоци на Царинската управа, заклучно со август во Македонија влегле 44.114 возила, од кои само 4.900 се нови, а дури 36.432 се половни автомобили. Останатите отпаѓаат на увезени товарни возила и на автобуси, исто така, најголем број употребувани.

Од автомобилите, околу 30 илјади веќе ги поминале хомологациските бариери, што значи дека над 6,5 илјади половни возила фаќаат прашина. Шпицот, очигледно, беше достигнат во јули кога во земјава беа увезени над 9 илјади возила, како и во април, мај и јун, кога месечно влегуваа по над 7 илјади стари возила. Ако се земе предвид дека просечните вкупни давачка по возило изнесуваат од 600 до 700 евра, тоа значи дека државата инкасирала околу 25 милиони евра само од старите возила.

Половните возила, главно, се со просечната старост од 10 до 15 години и најчесто се со поминати неколку стотици илјади километри, велат познавачите. За техничката состојба на увезените возила побаравме мислење од м-р Зоран Василевски, директор на Сервисниот центар на „Аутомакедонија“. Тој смета дека техничката состојба на увезените возила е многу лоша и дека на сопствениците на овие автомобили ќе им требаат уште неколку илјади евра за да направат сериозен ремонт. „Застрашувачки е и фактот дека овие возила значително ќе ја нарушат еколошката состојба во земјава, пред се', во Скопје, кој не е во состојба да апсорбира толкава емисија на издувни гасови. Ефектот ќе го почувствуваме сите граѓани веќе оваа зима. Од друга страна, пак, со новиот Правилник за технички преглед донесен неодамна од Министерството за внатрешни работи, се бара при технички преглед возилата да исполнуваат високи еколошки норми, кои тие не можат да ги задоволат. Граѓаните што се решиле да купат такви возила нема да можат да го поминат задолжителниот годишен технички преглед, па ќе биде неопходно на таквите возила да им се направи генерален ремонт, кој во просек би чинел дополнителни неколку илјади евра“, предупредува Василевски.

Што се однесува до хомологациските барања за увезените возила, според Василевски, во Македонија можат да се увезуваат сите возила што поседуваат доказ дека се исполнети еколошките параметри за ЕУРО 1 од страна на производителот на возилото. Тоа, пак, значи дека и возилата што се наменети за други пазари, како американскиот, доколу имаат доказ за исполнетост на ЕУРО 1 нормите може да се увезат во земјава. „Кампањата трае до 30 септември, така што се очекува бројката на увезени возила да биде зголемена за над 20.000, но овој пат и со половни увезени возила со бугарски регистарски таблички. Кога станува збор за овие возила, треба да се има предвид и фактот дека дел од нив се стари повеќе од 15 години и не ги исполнуваат и најниските еколошки норми. Тоа ќе претставува дополнителен проблем за властите во државата, што ќе бара решение, бидејќи овие возила, освен еколошките проблеми, ќе ја нарушуваат и безбедноста на сообраќајот на патиштата“, истакнува Василевски.

Увозниците на нови автомобили се тотално разочарани. Тие велат дека продаваат само по 400 возила месечно. „Пазарот на нови автомобили е во целосна депресија. Никогаш не било полошо. Мал е бројот на увезени, но и на продадени нови автомобили, а односот со старите е 10 спрема 1. Целиот крш од Европа дојде во земјава и од еколошки и од безбедносен аспект. Идејата на Владата дека со увозот на стари возила ќе се обновел возниот парк во земјава, падна во вода“, вели еден од увозниците на нови возила. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 5421 пати.

Испрати коментар

Од: od mene
Датум: 03.09.2010 00:08:01
a jugono moe od 89 e podobro da go vozam a ford 2000 polos? daj ne tuku kazuvajte gluposti.Ovaj zakon e samo za siromastijata, toj sto ima pari ke si kupi novo vozilo ne ke ceka od bugarija da nabavi ili od italija.
Од: demokrat
Датум: 03.09.2010 01:43:21
Navistina ne mi e jasna celta na tekstov. Od edna strana ja kritikuvame vladata za deka ja izolirala zemjata, od druga, strana, pak, vo odredeni slucai direktno se sprotivstavuvame koga taa go otvara pazarot. Makedonija ne proizveduva avtomobili, zatoa avtomobilskata industrija treba celosni da se liberalizira. Jas ne znam sto gospodava podrazbiraat pod krs-avtomobil, no mozam edno da kazam. 10-godisni avtomobili se sekojdnevnost vo Evropa, duri i vo Germanija kade avtomobilskata industrija e najrazviena a da ne ja zaboravime i golemata kupovna mok na germancite. Pa sto ke se sluci koga MK ke stane clenka na EU? Probajte da najdete soodveten odgovot.
Од: nekoj
Датум: 03.09.2010 02:24:05
Po prologot ispaga deka ova e uste eden "katastrofalen"poteg na makedonskata ni vlada. Ne ne zamarajt so vakvi prilozi. Istrazuvajte nezrelost, greski, kriminal itn na drugi mesta. Ova ke da e tra la la tema.
Од: Stranec
Датум: 03.09.2010 03:48:53
E sega stignavme onamu kade sto bese Albanija pred 10 godini. "Bravo" Makedonijo!! Se priblizuvame kon "zapadot"!
Од: Komandant Zoran
Датум: 03.09.2010 09:24:19
Овој потег што го направи оваа влада е апсолутно оправдан иако тоа требаше да го направат и сите досегашни влади. Тоа треба да остане трајна определба, со тоа што вкупните давачки при увозот би требало да се намалат 3-5 пати во однос на сегашниве. Давачките би требало да се во распон од 100-200 Евра. Само во РМ нема слободен увоз на стари возила, што е економска глупост, која предизвикува граѓаните да возат на странски таблици. А, импортерите на нови возила, нека лаат.......
Од: neopredelen
Датум: 03.09.2010 09:33:01
Е па ако не ви е јасна социјалната политика на владата, “крш за секое семејство“, поентата им е следна. Пари владата нема, па дај да ги доисцицаме и најсиромашните( нека си купат стари коли нека си напраат ќеиф) преку данокот и акцизата и да си го поднаполниме буџетот. А да не мислите дека многу им е жал за импортерите, па ќе ги намалуваат каталошките вредности на старите возила??!!! ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕЗИ!!!
Од: Keti
Датум: 03.09.2010 09:34:39
E, da, krsot od Evropa. A varburzite i jugata od 70 godina ne se krs! Krs bil golf od 2000. Barajte nova tema, ovaa vi e glupost. Treba sega da placeme sto na uvoznicite im odelo salbo. Pa 20 godini im idese super. Neka vidi dobra kola i siromastijata!
Од: mihajlo
Датум: 03.09.2010 09:40:33
Do demokrat.Prasuvas za odgovor.Najednostaven odgovor e koga vo dalecnata 1968 godina na saemot na avtomobili vo Pariz go prasale novinarite sopstvenikot na Mercedes: koa marka na vozilo zasluzuva najdobra ocena.Odgovorot bil ednostaven:NOV. Spasuvas sto e razlikata pomedju Germanija i Makedonija,tvrdejci deka i tamu se vozat avtomobili so starost od deset godini.Tocno e toa.No posle toa tie vozila dovadjaat kaj nas i sakame da gi vozime uste narednite 20 godini. Ako Makedonija ima odpovece ziteli za frlanje kako rezultat na stetnoto vlijanie na gasovite,vo toj slucaj nema potreba za sporedbi.No i Makedonecot bi sakal da zivee vo zdrava sredina kako sto toa go saka Germanecot.Vo bivsiot sistem mozese na sekoi cetiri godini da se menuva vozilo.Velat deka toa bil "stojadin" Da Stojadin ama NOV.
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 03.09.2010 09:43:34
Сакав да купам нов автомобил Форд.Во весниците читам без трошоци,рата 89 евра и т.н...се јавив,и што ќе слушнам.20 % учество, 130 евра рата со рок на отплата од 7 години.Има ли закон за измама во оваа држава?До кога ќе не манипулираат поединци - главни спонзори на СДСМ.Браво Грујо намали ги уште трошоците.
Од: LIDNAM
Датум: 03.09.2010 09:46:22
законот сам по себе не е толку лош. Значи време беше некој да се спротистави на монополот кој беше внесен во авто пазарот. Не се согласувам дека е донесен кршот (иако има и кршови ама се ретки). А такви стручњаци кои се инволвирани во целиот бизнис не се рална слика за тоа што се случува. Е сега владата што го донесе законов само за да си ги покрие партиските трошоци на споменици со приход од 25 милиони евра преку колите, ама тоа е друг муабет
Од: Мене
Датум: 03.09.2010 10:05:34
Југовците, заставите, ладите од пред 20 години се подобри од голфовите, пежоата, опелите од пред 10 години, ви се молам. А ако истите тие автомобили биле купени од македонските импортери пред 10 години дали тоа ќе значеше дека ќе се поеколошки. Мислам апсолутно потценување на интелигенцијата. Дополнително секој кој бил и во Германија и во Холандија знае дека има коли со таа старост кои најнормално се употребуваат во секојдневниот живот таму. Та белки не мислите дека германците купуваат кола секој месец или секоја година. Македонските импортери нека си ги намалат маржите, нека понудат услови за купување како тие на запад, нека си ги подобрат сервисните услуги и тоа е тоа. За овие 20 години транзиција увозниците на автомобили направија толку многу ленси пари на сметка на граѓаните што секој здраворазумски човек ќе го разбере оваа плашење на граѓаните со наводниот крш од стари коли.
Од: do od mene
Датум: 03.09.2010 10:47:35
Yugoto ke si go vozis, a i kvarovite eftino ke gi ostranuvas, a so fordot ke bankrotiras totalno ako treba po popravki da go nosis. Zatoa tie gubrinja gi nosat ovde.
Од: Vikica
Датум: 03.09.2010 11:02:05
Дали Ауди 6, старо 10 години е крш??? Дали голф 4 е крш??? Свесни сте што зборате или само ги тешите никогаш незаситните газди на салони???
Од: realen
Датум: 03.09.2010 11:11:11
İ nas ni falese grobnici od avtomobili kakao vo Kosovo i Albanija. A zatoa se pogrizi vladata i nie da gi imame tie ''muzeji'' na stari avtobobili.
Од: Vasko
Датум: 03.09.2010 11:11:36
Zakonot si e ok, samo trebase taa vremenska granica da se simne i podolu, taka da se iscisteja i site bugarski koli i site da bea na makedonski tablicki.Edinstven problem e sto seuste tie trosoci za do registracija na site tie uvezeni vozila se seuste ogromni i enormno visoki.Ako tie troshoci bea minimalni,ke se uvezea i prodadea uste eden kup i ogromen broj na vozila.Megjutoa vozilo kupeno 1500 evra i plus troshoci uste 1500 evra tuka,toa nekako nema logika.Ama tekstot deka go donesle krshot od Evropa tuka,navistina ne drzi voda.Znaci podobri se jugovcite i stojadinite od 70 godina,Ladite i Varburzite od avtomobili 10 godini stari i vozeni po EU,Germanija i slicno?Slaba ocenka.Problem kaj nas se patistata i sostojbata na istite,ako napravite takva sporedba na nashite so tie vo EU ili primer Germanija,ke vidite kade i za kolku vreme eden nov avtomobil vo kakva sostojba ke bide po 10 godini. Znaci zakonskite ramki treba da se snizat uste povekje,a i tie troshoci za uvoz.
Од: Majstor
Датум: 03.09.2010 12:25:39
Da, site koli stari 10 godini se krs. Ja imam edna takva i znam. Site koi mislat deka kola stara 10 godini e super prasajte gi kolku pari treba da se odrzava edna takva kola. Osobeno koga se vozi po nasi patista koi se dupka do dupka. Ako sakas orignal rezrven del, izgor, mora da kupis turski, a toj trae nekolku meseci. A drugo e koga ti si ja kupil kolata i ja vozis 10 godini i znaes si ja odrzaval, a ovoj vo germanija sto ja prodal na nekoe nase makedonce, toj ja prodal zatoa sto znae deka treba da dade uste 2000-3000 evra za da moze projde tehnicki pregled vo germanija
Од: stojce
Датум: 03.09.2010 14:00:47
Za site koi mislat kako Vikica, Ako saka Vladata na Repulika Makedonija da ne usreci so novi a evtini koli neka go primeni receptot od nasiot prv premier Kljusev kako sto sto stori so tojotite za pratenicete i za prijateli sega samo,taja formula da se primeni za narodot em novo em popola cena samo taka ce se podigne kvaltetot na vozniot park a i ekoloski ce bideme vo trend, a sve uvezeno ako nee krs e plateno so arac na narodot a posebno arac se pravi kaj importerite zasto do sega bea zastiteni ko vid pred istrebuvanje
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 03.09.2010 15:55:13
sekoja cest na vladata za dozvoleniot uvoz na stari vozila!pa zar trebase da vozime uste ladi i jugovci??ili da kupuvame sevrolet spark??konzerva???podobro ke vozam golf 4 od 99 godina otkolku nov spark!i na krajot na kraevite ,demokratija e,so sakam ke pravam so moi pari,koi i gi nemame dovolno...tie sto imaat kupuvaat novi vozila,tie so nemaat baraat polovna kola...a cenite do lani za polovna kola bea ludnica!zosto ne se priznae ednas deka ova e korisna rabota za obicniot graganin??
Од: makedon
Датум: 03.09.2010 19:21:22
Потегот на владата е исправен и требаше да биде донесен многу по рано. За каков крш зборувате? Сигурно увезениве коли се по добри од заставите од 1980! Тие што имаат пари можат да си купат нов автомобил и си купуваат и можат да ги издржат цените што ги дуваат импортерите.
Од: Патриот
Датум: 03.09.2010 23:17:27
Никако не можам да ја сварам оваа теорија за кршот што наводно влегол во Македонија.Тие што го пишуваат тоа или се нечии платеници или навистина ништо не разбираат. Па нели тие коли се носат од развиениот свет каде функционираат стандарди со сите нишани!Демек во Европа чинат,во Македонија не,ноторна глупост! И уште една работа.Во нормалните земји бизнисот со половни автомобили е доходовна гранка која врти добри пари,од која профитираат сите.Земете ја Бугарија.Направија луѓето одличен бизнис,Бугарија сега е транзитен центар за половни автомобили за Турција,Грција и дури и за Блискиот исток,бизнис од кој профитираат сите:граѓаните,продавачите и државата. Ама очигледно нашиве „преродбеници„ само себе си се преродуваат!

Најди! во Утрински
Економија
Газдите продаваат дел од имотот, „Оне“ демантира
Печалбарите не' спасуваат, а никој не ги есапи
Ќе има доволно пиперки за ајвар
Екстра-квота дозволи за нашите превозници
Русија малку ја подотвори вратата за извоз на жито
Словенечки „Триглав“ со поголем профит од лани
ММФ
Банките како судбина
Европската економија порасна за 1,9 отсто во вториот квартал
Граѓаните побрзаа да ја платат струјата на рати
Растат профитите на српските банки