15.05.2012, 17:06 СДСМ се разбуди - ќе окупира улици
Се однесувавме крајно конструктивно, но власта целосно не' игнорираше, рече вчера Бранко Црвенковски. Опозицијата ја менува стратегијата и ќе почне да практикува улична демократија, како увертира во кампањата за локалните избори
Александра М. Митевска
СДСМ ја менува стратегијата во битката против Владата на ВМРО-ДПМНЕ. По низа критики дека е пасивна, опозицијата реши отсега да практикува улична демократија, како увертира во кампањата за локалните избори.
Лидерот на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, објави вчера дека водењето на политичката битка преку институциите не ги дало очекуваните резултати. Поради тоа опозицијата ќе го засили притисокот врз владејачката гарнитура, излегувајќи на протести и митинзи на плоштадите низ целата држава. Социјалдемократите планираат да протестираат речиси секој викенд, во текот на целото лето.
„Во изминатиот период, СДСМ се однесуваше крајно конструктивно, водејќи пред се' сметка за националните и државни интереси. Благовремено и јавно предупредувавме на сите погрешни владини политики. Власта целосно не' игнорираше, а последиците од тој арогантен однос ги чувствуваме денес“, рече Црвенковски.
Тој изјави дека овие протести немаат никаква врска со петочните протести против акцијата „Монструм“. „Нашите протести ќе бидат демократски, граѓански и мирни“, вети Црвенковски.
Од СДСМ демантираат и дека митинзите и протести што ги најавија вчера имаат врска со медиумските шпекулации за голем опозициски протест веднаш по самитот на НАТО во Чикаго. Функционер на СДСМ вели дека престојните митинзи низ повеќе градови се „сосема различна офанзива“ и дека тие ќе бидат искористени и за промоција на кандидатите за градоначалници на СДСМ за изборите во 2013 година.
Опозицијата планира порано од вообичаеното да ги објави имињата на своите кандидати за локалните избори. Централниот одбор на СДСМ заседаваше синоќа, за, како што дознаваме, да ги утврди правилата за утврдување на партиските кандидатури за градоначалници за изборите што ќе се одржат по 10 месеци.
Црвенковски наведе повеќе причини за протестите, што ќе почнат на 3 јуни во Струмица, а ќе финишираат на 2 септември со „голем општонароден“ митинг во Скопје, што опозицијата ќе го искористи да направи биланс на севкупното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на 26 август ќе се заокружат шест години од доаѓањето на Никола Груевски на власт. Невработеност и сиромаштијата, рече Црвенковски, постојано се зголемуваат, а стандардот на граѓаните се' повеќе се намалува. Стопанството, според Црвенковски, се гуши во неликвидност, а вкупната задолженост на земјата радикално се зголемува. За меѓуетничките односи рече дека се нарушени, а за евроатлантските интеграции дека се целосно блокирани...
„СДСМ е најголема опозициска партија и наша должност е да се спротивставиме на ваквото неодговорно однесување, да ги удвоиме напорите, да го артикулираме растечкото незадоволство на граѓаните“, рече Црвенковски. Тој изјави дека останува отворена можноста за ширење на коалицијата на СДСМ со сите опозициски настроени субјекти, без разлика на идеолошка и етничка определба. Не ја исклучи ниту можноста повторно да бара предвремени парламентарни избори, но и во оваа пригода кажа дека тоа би се случило по локалните избори доколку исходот од нив навести дека постои расположение за смена на власта на централно ниво. |
|
Статијата е прочитана 3964 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 16.05.2012 00:19:37 | Hahahaa... Branko zboruva za siromastija, nevrabotenost, naruseni meguetnicki odnosi itn. Ova skriena kamera da ne e slucajno...?! Drugari, so Branko, Zaev, Petrov i co. tesko deka ke gi zaposednete odaite na Ilindenska bb. Vam vi treba temelna rekonstrukcija i novi neizvalkani lica. |
| jovan, 16.05.2012 00:24:46 | Opozicijava, bez da si gi nadmine vnatresnite konstruktivni greski, povtorno nespremna najavuva spektakli. Ovaa opozicija kakva e, nemoze da ja zameni ovaa Vlast kakva e, i toa e ogromen problem za ova opstestvo. Na narodov ne mu e ubavo so ovaa Vlast, toa e poveke od jasno, mozebi ne mu e zdosadeno i od mitinzi, no neveruvam deka masovno ke izlezat, od pricina sto ne sakaat da bidad del od eden spektakal, bez da vidat proekt/program koj go nadminuva postoeckovo.Opozicijata mora da ponudi alternativa/program. Inaku narodov nema namera tuku taka da kine konduri po ulicni hepeninzi. Toa go iziveea veke. Baraat nesto konkretno. Baraat ponuda. Za kritikuvanje, i tie samite iskritikuvaa se sto mozese da se iskritikuva. |
| apostol, 16.05.2012 00:27:15 | Ako sdsm navistina saka (tesko za veruvanje)da ja otstrani dpmne od vlast vo r.makedonija prvo branko da si dade ostavka od pretsedatelsko mesto, vtoro pratenicite od sdsm vo republickoto sobranie da si podnesat ostavki na funkcijata pratenik, treto partijata sdsm da se samoraspusti na kongres I so samoto toa ke se predizvikaat predvremeni izbori koi nivniot opnent sigurno ke gi izgubi pa kako niven dosegasen partner vo raznebituvanjeto na makedonija I makedoncite ke mozat da zavrsaat kako sto zavrsile I tie samite prethodno |
| Deki, 16.05.2012 01:32:08 | Redno bese da mu se ovozmozi na napateniot i izgladnet narod moznost javno da go manifestira svoeto nezadovolstvo. Vreme e SDSM povtorno da go povede narodot kon podobra idnina. Da im kazeme NE za DPMNE, oti ni zedoa 6 godini od nasite zivoti i Gospod znae kolku stotici i stotici milioni evra, sto ke treba da gi otplakame vo bliska idnina. |
| blackwater-afgh., 16.05.2012 06:54:27 | e brane ,brane stara komunjara vreme e veke ednas da iceznes od makedonskata politicka scena,pa neli gledas i samiot deka si procitan vesnik,e brane ,brane ....... |
| ФЕЛИКС, 16.05.2012 07:08:14 | Како прво се прави лоша услуга на Бихаќевците кога текстописецот споменува -улична демократија,таков израз е секогаш негативен кон уличните демократи.Како второ народот според анкетата на Рејтинг а нарачана од Дневник говори многу. Почнувајќи за влошената безбедност после петкратниот злочин,преку економијата па се до власта.Но загрижувачки е тоа што народот не гледа воопшто излез во политичката алтернатива т.е Бихаќевците.И нив ги вметнува во негативен контекст, едноставно се има потреба од трета опција која уште многу време ќе ја нема на повидок.Ако митингувањето не се сведе на променада и ревија на пролетна гардероба,и ако Бихаќевците не настапат со евтини трик решенија тогаш можеби ќе извлечат корист од сето тоа.Но сепак е непремостива препрека лидерскиот товар кој како букагии ја стега партијата.Што би рекле неговите ,,ноќна мора,, ама во сопствениот двор. |
| bitolaman, 16.05.2012 07:21:29 | Gi citam komentarite i si se cudam kolku e uspesno kolektivnoto perenje na mozokot prakticirano od vlasta za toa deka ako sakalo SDSM da uspee treba da si zamine Branko od kormiloto.Se cudam kako e mozno da covek poveruva na takva medijska kampanja koga naocigled na site SDSM po site anketi vklucuvajki gi i onie dirigirani od mediumite bliski da vlasta,go ima rejtingot sto go nemal koga branko bese von kormiloto na SDSM.
Za primer samo videte gi opshtinite kade sto SDSM e na vlast i ke vidite deka tie grabaat vo ekonomski progres.
Kolku pobrzo ke se svesti narodot za ovaa sostojba kade dnevno ovaa vlast se zadolzuva so nekolku milioni evra,tolku pobrzo ke ja spasime Makedonija od Grckoto scenario. |
| opoziciski luderu..., 16.05.2012 07:54:11 | ....koga ke te vidam tebe i tvojata nemenliva tajfa abe od doma ne mi se izlaga a ne pa na vas miting da idam. Daj be trgni se za dobroto na MKD, gledas deka ne mozes da gi pobedis ovie radi tvoeto burno minato. Im pravis usluga na DPMNE a nie drememe kako zaloznici pred TV i cekame nekoj nov opoziciski lider, so idei, preporaki, resenija. Te molam napravi edna dobra rabota vo svojot zivot za MKD - TRGNI SE! |
| Mudrec, 16.05.2012 10:06:27 | Ulicite se za ulichari. Kako ne vi se zdosadi od mitinzi? |
| bez trag, 16.05.2012 10:31:42 | Bravos za SDSM vreme e ovaj Fasizam da zavrsi na ovaa kodoska i nenarodna vlast vreme e Grkot NIKOLAS GRUCOS da go snema od scena oti dovolno i nasteti na MAKEDONIJA. |
| jovan, vlada @, 16.05.2012 10:52:01 | Бранко се буди??? СДСМ се мобилизира?? Ќе има масовни протестни собири и митинзи низ целата држава?? WOW!! Абе ајде бидете сериозни зар ова истово не ве потсеќа на крајот на 2010 година и почетокот на 2011 година кога се закануваа во стилот ТРЕСЕ БРАНКО, ЕПА ТРЕСЕ! АЈДЕ НА ИЗБОРИ! АЈДЕ АКО СМЕЕТЕ!! И што после тоа?? Зар нешто се смени кај СДСМ за овие година дена од последните избори?? Зар некој верува дека Бранко на чело на СДСМ ќе донесе победа?? Зар пораначните анкети посебно последните две на Рејтинг (Син и татко Спасови (Никола и Ѓорги) и ЦИА -Центар за истражување и анлиза (WOW) за кој и искрен да бидам прват слушам за нив, се веродостојни анкети со разлика од само 3% предност на ВРМО спроти СДСМ? Абе бидете сериозни овие јас ги сметам исто како што би извадиле анкета и спровеле Павел Шатев и Димитрија Чуповски. И за крај не се возбудувајте, некогаш ако Бог даде за некоја година СДСМ со или без Бранко ќе го победи, трпение спасение рекол овој мудар народ :D! |
| Македонец, 16.05.2012 11:01:17 | Овие ни земаа 6 години од животот, плус 4 претходно, а СДС-комунисти со дечково на чело ни земаа 10 години од животот. Стандардот и тогаш и сега не беше нешто поразличен, сиромашно и тогаш и сега, дури овие плавиве и тоа што го имавме не знаеа како да го сочуваат па ја уништија економијата... и сеа што да правиме?!?! демек СДС со Б.Ц. неинвентивниот (на октоподот се сеќавате) се помало зло од овие?!?!?! кого ќе лажат?!?!? ...само слепите и неуките изгледа... тешко нас со нашите политиканти од политичари. |
| buli, 16.05.2012 11:40:07 | cirkuzant |
| Do bitolaman, 16.05.2012 11:44:39 | Tebe i na drugite vo SDSM so kakov detergent vi gi perat mozicite? So Branko - super belina? Tocno e deka Branko vi gi vrati tradicionalnite glasaci koisto gi imavte izgubeno na prethodnite izbori, ama so nego nikogas nema da gi pridobiete neopredelenite, a bez niv i natamu ke si bidete opozicija! |
| Marina, 16.05.2012 11:58:01 | Му се плашат од сенката. Сите глуперди се против БЦ.... |
| Tingal, 16.05.2012 12:34:00 | Dosta ja okupirate Makedonija! SDSM e ocajna za vlast, ama neka pobedi na izbori ako moze, a ne so ulicna demokratija, kako i teroristite sto gi podrzuva! |
| Трпе, 16.05.2012 13:02:34 | Насловот не содејствува со текстот.Каде раководството на СДСМ спомнува дека ке окупира.Во целиот текст пишува дека ке го буди народот да свати до каде е дојдена окупацијата на актуелната власт.Ако и ова народот неможе да свати нека си го трпи и ќути.Тоа што си го одбрал нека му виси како тежок камен на врат и да не се правди ама не знаевме и страв ни е.Но реалноста кажува нешто друго дека народот полека добива храброст и го губи стравот за се ова што му го направи ова ненародна власт која знае само да се фали лаже и краде. |
| Goran, 16.05.2012 13:10:03 | Slicen na Asad i Gadafi samo od polosa pozicija, mislam opozicija. Ne se otkazuva i Ako Nikoj go nejci. Mesto prolet kaj Ovaj uste e esen. |
| Hari, 16.05.2012 14:14:40 | Prpa dpmneovsiki komentatori, ne treba Brane da go vika narodot, samiot trebe na kloci da gi istera ovie destruktivci i lopovi. Vi se blizi krajot pobrzo od toa sto ocekuvate no sto potoa i vie ke treba da gi placate posledicite od ova CUNAMI. Napred Brane..... |
| od stefan, 16.05.2012 14:34:01 | lele lele luge sto ke napravite ako iskocite na ulica,lele lele brane se vraka na vlast!samo neka sonuva :) |
| Dance, 16.05.2012 14:55:06 | E VMRO-ovcinja,VMRO-ovcinja, ako navistina mislite deka Branko e istrosen i nesposoben lider zosto togas tolku mu se plasite i od usta ne go vadite, a se plaste bogame i od izleguvanjeto na narodot na ulica. Da po Branko ke izlezat iljadnici gragjani na uluca zosto mu veruvaat, a vas grujo so cela svita po nego ne mozese ni domovite na kulturata i vo Karpos Dramskiot teatar da go napolnat. Kako li pobeduvate, ili dodeka Branko razmisluva kako da ja spasi drzavata i gragjanite od siromastija vie izmisluvate se novi i novi izborni izmami i skladirate vreki so pari sobrani od gragjanite za kupuvanje na nivnite glasovi.Vi se blizi krajot samo neznam koj kako ke go fatite. |
| Зевзекмен, 16.05.2012 17:43:41 | под итно да се забрани блокирање на улиците од страна на било кого !! едно од слободите на човекот е и слобода на движењето !! ... па во УСА го уапсија поради улични протести и самиот градоначелник !! .. има градски парк, нека одат таму протестантите со пароли и нека дебатираат, ако треба бина нека се направи со микрофон и ТВ нека ги снима, оставите ни ги улиците да се движиме !! |
| bezanec, 16.05.2012 17:52:11 | До фелијс и како тебе што мислат! Уличната демократија е олицетворение на вмро-дпмне,кога ги поставија шаторите во паркот Жена Борец. Б,Ц, како што милувате да речете ви е ноќна мора. Ослобедете се од тој комплекс,размислете со сопствен ум и разум ако имате,во спротивно не чека ситуација грција.Но разликата е што грција е во ЕУ и НАТО. |
| do Hari, 16.05.2012 17:59:32 | Kutriot ti.Ne si svesen deka SDS e gotov.I posle sest godini SDS ne moze da ima podolem rejting od VMRO sto znaci deka narodot ne saka vekje pak vlast na opozicijata. |
| Feliks pak treba da crvenee od sram., 16.05.2012 18:28:37 | Pokraj toa sto si crven od sram, sega pocna i da places, procitaj se samiot i ke go vides tvojot prerodbenicki plac vo sto cekori. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|