Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.07.2012, 20:01

Нов бран во дипломатијата

Петар Поп Арсов, инженер-технолог, ќе биде наш претставник во мисијата во Советот на Европа

Слободанка Јовановска

Уште еден партиски член на ВМРО-ДПМНЕ ја помина процедурата и заминува на функцијата амбасадор на Македонија во Советот на Европа во Стразбур. Изборот е Петар Поп Арсов, пратеник во претходниот состав на Парламентот, дипломиран инженер-технолог, според официјалната биографија специјализиран за „базно органско и полимерно инженерство“.

Арсов во Стразбур ќе зборува англиски, бидејќи не го владее францускиот јазик, а најголемо искуство што има допирна точка со дипломатијата и Советот на Европа му е водењето на Комисијата за европски прашања, членството во Националниот совет за евроинтеграции и шефувањето со делегацијата на Македонија во ЦЕИ.

„Не можам да бидам ни целосно негативен, ни позитивен за ова именување. Со неговата работа ќе покаже дали го заслужува“, изјави Игор Ивановски од СДСМ при презентацијата на тезите од страна на Арсов пред Комисијата за надворешна политика, нарекувајќи го овој тренд „портокалов бран во дипломатијата“. „МНР е на добар пат да стане маргинално и е на пат до распад“, искоментира тој генерално, посочувајќи ги како причини за тоа партизацијата, превработеноста, префрлањето на вишокот кадри во другите министерства, па и во тоа за земјоделство, така што дипломатите сега работат на граница на издржливоста.

Додека Арсов се фокусираше на делот за човековите права на нашите малцинства во соседството и добриот пример што го дава Македонија во оваа сфера, опозицијата го прашуваше што ќе прави околу критиките против нашата земја, за слободата на медиумите, за игнорирањето од страна на нашите судови на одлуките на Советот на Европа кои поставуваат стандарди за клеветата, за скандалот околу одбивањето на нашите кандидати за членови во тамошната комисија за тортура бидејќи биле партиски и неквалификувани, како и најгласното - зошто не отиде за генерален конзул во Мелбурн, одлука што пројде и низ владина процедура, туку заврши во мисијата во Стразбур? Ниту на едно од овие прашања Поп Арсов не одговори директно, но се заблагодари и за пофалбите и за критиките кон него, бидејќи тоа било демократија.

Притоа тој наведе дека во Судот за човекови права моментално има 9 судски апликации против Бугарија од македонските организации, при што за осум од нив е утврдена повреда на правата, а три случаи на таква повреда се утврдени и за Грција. Мариела Тушева од СДСМ го праша како ќе ја врши функцијата со еден дипломат во мисијата и кога веќе сега стигаат критики од Комитетот на министрите дека наши претставници многу често нема на состаноците на ова тело. Таа праша исто така зошто МНР не презело мерки против претходниот амбасадор кој според неа „за лични цели ја продал Македонија“, па ние го изгубивме името и придавката во Стразбур а тој доби функција од Советот на Европа во Украина. Таа го потсети Арсов дека има 374 нови апликации од македонски граѓани во Судот за човекови права кои се против државата, покрај веќе постоечките над илјада, за кои тој ќе треба да има одговори. „Најважен е судот на совеста, немам никакви материјални побарувања“, и' реплицираше екс министерот Антонио Милошоски на Тушева, бидејќи се најде повикан да одговори за случајот со новинарката Јадранка Костова, која беше осудена за клевета иако доставила пет пресуди за исти дела од Судот за човекови права со спротивни одлуки.

Арсов беше потсетен дека Македонија се уште е држава под мониторинг на Стразбур и дека повторно турка изборен закон без консензус и без мислење на Венецијанската комисија на Советот на Европа, нешта за кои тој треба да има став во интерес на граѓаните а не на владејачката гарнитура. За Милошоски Арсов е добар избор, бидејќи имал битни функции во Собр��нието, каде што покажал голема посветеност, професионалност и упорност, а Силвана Бонева му порача да ја брани придавката македонски, што некои претходно дозволиле да биде ставена под прашалник во Стразбур.


Статијата е прочитана 2356 пати.

Испрати коментар



Склекови за пред камери
Уште еден обид на Нимиц да ги доближи Скопје и Атина
Стартува најголемата гринфилд-инвестиција во Кавадарци
Тачи во сојуз со Црвенковски
Апетитите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ засега се кријат



Itar Pejo, 17.07.2012 00:06:16
Vazno e deka covekot si e iskusen diplomat, so opsto priznaeni kompetencii za rabotata za koja e naznacen. Kako i site vmrovski kadri.
Hari, 17.07.2012 00:40:32
Kafandzija za ambasador vo Strazbur???? nazdravje Makedonijo...
Nasto Palioski, 17.07.2012 07:15:32
Жално и срамно е што наши политичари се напаѓаат едни на други,а се работи за Национални интереси.Зарем не постојат Закони во РМ,за такви лица кои се избрани од народот.
diplomat, 17.07.2012 09:58:33
За разлика од претходната гарнитура на Милошоски, оваа направи растур во МНР, сите политиколози, правници и економисти се заменети со машински и електро инжењери, теолози, оџи и се што не е компатибилно на струката. Интересно е што ВМРО покрај останатите масовно ги мачи и своите кадри во МНР.
nadri diplomat, 17.07.2012 10:24:03
Tehnolog bez poznavanje na francuski bez diplomatsko iskustvo vo stralzbur ambasador e aj nazdravje i taka ni cvete diplomatijata so nesoodvetni ambasadori Sega ke ni procveta Epten so tehnologot also da vi e.
metodija samardzioski, 17.07.2012 11:33:51
Najposle nekoj kolega od mojata generacija da uspee da izleze na videlina pokraj tolku mnogu doktori i elektro-inzeneri. cestitam i mu posakuvam mnogu uspeh vo rabotata
Пензионер, 17.07.2012 14:13:59
Изборот на човекот си е ок сите процедури се запазени само да не биде еден од тројцата тркачи на 100 м.кој на целта не стигнал затоа што залутал.
zoran, 17.07.2012 22:41:29
normalno Antonio komentira deka odlichen e kadar za ambasador, kako shto toj beshe ,,odlichen kadar za minister,.)..negov predlog i kandidat za ambasador e i sega go brani svojot izbor po sekoja cena prifatliva za nego.) covekot ne e za diplomatija, od ucitel do diplomat ne se stanuva ali Antonio primi mnogu uchiteli i ucitelki brachedi vo MNR i gi napravi t.n.diplomati pa se moze da pomine,,,bruka za site nas

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Штрајк на таксистите во Лондон
Вен��ок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |