Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.07.2012, 20:05

Поглед

Склекови за пред камери

Даниела Трпчевска

Уште колку склекови ќе треба да направат идните полицајци пред камерите пред да станат дел од елитните единици во МВР. Конкурсот за прием на 300 нови полицајци во МВР од интерна, деновиве, стана јавна и најбитна работа за која известуваат медиумите. Склековите на новите кандидати, покажувањето на мускулите, трчањето низ препреки и подигнувањето на вратило не само што се главна занимација секој викенд, туку елиминацијата на кандидатите редовно се одвива под будното око на министерката Гордана Јанкулоска.

Така, конкурсот за прием на нови кадри, кој е интерна работа на министерството, освен кога има прекршување на процедурите и прием на кадри по партиска линија, сега се чини е издигнат до ниво на врвен приоритет. Јавноста имаше прилика досега да дознае дека за 300 места се пријавиле 7.500 кандидати. Откако во неколку круга беа тестирани пред полицискиот врв, од нив 700 го имаат поминато тестирањето. До 19 овој месец, уште стотина ќе треба да ги покажат своите физички способности, пред да се покажат пред комисијата, како им оди пишувањето на есеи и решавањето на психолошките тестови и проверката на интелигенцијата.

Во обидот за транспарентност и елиминирање на можностите да бидат критикувани дека вработуваат несосодветни и партиски кадри, МВР овој пат се сопна на првата препрека - направи парада и политички маркетинг од конкурс што требаше да заврши тивко, мирно и без многу помпа. Очигледно е дека полицијата, меѓу другото, со новите кадри планира да ги поднови специјалните единици, што е уште една причина повеќе предвреме да не се експонираат во јавноста.

Со тоа го прекршуваат правото на приватност на секој кандидат да конкурира за определено работно место, а за кое се' уште не се знае ниту дали ќе го добие. На крај се наметнува и прашањето што ако конкурсот не успее, што ако склековите на кандидатите останат само за пред камери?


Статијата е прочитана 1641 пати.

Испрати коментар



Уште еден обид на Нимиц да ги доближи Скопје и Атина
Нов бран во дипломатијата
Стартува најголемата гринфилд-инвестиција во Кавадарци
Тачи во сојуз со Црвенковски
Апетитите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ засега се кријат



cirkuzant, 17.07.2012 06:14:32
pusti grujo, ja napravi celata drzava eden cirkus. samo eden golem sator mu fali. da ja pokrie. treba s;ednata nedela da ima ispit vo jadenje grav na policajcite. i da vidime koj posle i kolku hrci navecer. p.s. horhe ne go vikajte na grav
ФЕЛИКС, 17.07.2012 06:20:17
Нема потреба од малициозни склекови,оти се добива впечаток да токму медиумите од познати причини прават парада од она што е дел од изборот на кандидатите за полицајци.Па така изостана во обем на опишување идните психолошки тестови и пишувањето есеи.Сега имаме ,,паради,,според авторот а да беше исклучена јавноста од ,,парадирањето,, ќе имавме поинаков критицизам.И тоа од типот ,,ете кријат оти ќе вработуваат партиски војници,,
Vodno, 17.07.2012 09:35:14
Abe Felix ti si sampion, sto li kje pises za cirkuzot sto go pravi momceto za se Nikola Todorov koj momentalno e ekspert za zdravstvo i koj sekoj den, bez iskljucok izleguva na TV so jaki prerodbenicki dostiguvanja od tipot, deneska imase 3 soobracajni nesreci, telefonot vo Itna pomos zvonese, pidzami za sekoj bolen, 3 bubasvabi vo soba, doktot koj odmara vo 4 sabajle i drugi rezultati na prerodbata. Cirkuzot so sklekovite e posebna prikazna.
Pendrak, 17.07.2012 11:33:58
Na ovie navistina i Gebels da im pozavidi. Pa biva li bash od se da pravat cirkus i EPP. Zarem nemaat druga rabota? Izgleda ne se zapoznaeni.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 34°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 5 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |