Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
16.07.2012, 20:03

Уште еден обид на Нимиц да ги доближи Скопје и Атина

Посредникот на ОН, според најавите, следната седмица ќе дојде во Скопје заедно со генералниот секретар Бан Ки-мун

Слободанка Јовановска

Посредникот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц ќе дојде со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун идната среда во Скопје. Иако од неговата канцеларија во Њујорк известија дека тој се пензионирал и заминал од тамошната позиција, Нимиц и натаму не се откажува од медијаторството околу спорот за името меѓу Грција и Македонија, што го врши над една деценија.

Дека Нимиц ќе го придружува генералниот секретар во Скопје потврди самиот Бан Ки-мун пред новинарите во Њујорк, одговарајќи на прашањето дали се плаши што проблемот меѓу Македонија и Грција се уште не е решен.

„Мојот специјален пратеник за ова прашање ќе биде со мене во Скопје, па ќе имаме можност за тоа да дискутираме со претседателот Иванов и со премиерот Груевски. За жал, тој проблем за името трае многу долго. Јас веќе одамна од лидерите на Грција и на БЈРМ барам ова прашање да го решат што е можно поскоро за нивно заедничко добро, поради што е важно да покажат флексибилност и чувство за компромис“, изјавил Бан Ки-мун.

Асистентката на Нимиц, вчера на нашето телефонско барање да добиеме потврда за неговото доаѓање, кусо ни' рече дека тој се пензионирал и повеќе не доаѓа во неговата доскорешна канцеларија во Њујорк. Нимиц има 73 години.

Оваа најголема балканска турнеја генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја започна вчера, но со стартна посета на Кина, каде што ќе учествува на министерска конференција на Форумот за соработка Кина и Африка. Во текот на наредните десет дена тој ќе допатува во регионот со цел да промовира силно партнерство меѓу Обединетите нации и земјите тука. Негова прва станица ќе биде Словенија, а потоа ќе престојува во Хрватска, во Црна Гора, во Србија, Косово па во Македонија. Според најавите од ОН, Ки Мун ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски и ќе се обрати пред Парламентот , по средбата со спикерот Трајко Вељаноски. Последна станица на генералниот секретар ќе биде Босна и Херцеговина, а на агендата очигледно се само земји од бивша Југославија, без Албанија и Грција.


Статијата е прочитана 1274 пати.

Испрати коментар



Склекови за пред камери
Нов бран во дипломатијата
Стартува најголемата гринфилд-инвестиција во Кавадарци
Тачи во сојуз со Црвенковски
Апетитите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ засега се кријат



dedo dimo, 17.07.2012 09:36:42
Zalosno e da se bara da se pregovara so nekoj da si go smeni imeto zatoa shto na komshijata ne mu se sviga.Sekretarot na OON i Metiu nimec si gubat vreme zoshto za vakvo neshto se fatile .I na Vrvot ushte grcite sakaat da ni kazat kako da se vikame . Ako ova ne e najgolemata Glupost vo svetot jas ne znam shto e .Grcija poshto e chlenka na EU i NATO misli ke pravi shto saka a pak tie organizacii se ponashaat kako Fashistichki ne vodeki rachun deka sekoj ima pravo na samoopredeluvanje.Zoshto nikoj ne gi prasha MAKEDONCITE shto sakaat .Istata pesna se pee kako vo 1913godina koga Makedonija beshe rasparchena bez prashanje na MAKEDONSKIOT NAROD.
pile, 17.07.2012 10:11:16
Za pozdravuvanje e profesionalizmot na medijatorot G-din Metju Nimic pri nastapot za iznaogjanje na resenie za imeto vo razgovorite koi se vodat vo ON,vo koja nasoka ja gledam zaednickata poseta so Generalniot sekretar na GS na OON G-din Ban Ki-Mun.Za da bide avtenticno sfaten i da se razgranicat ako ne i razoblicat dolgogodisnite evtini politiki za vnatresna upotreba na aktuelnoto vladeacko mnozinstvo predvodeno od Vladata na DPMNE,prosledeni so protivrecnosti vo pogled na nadminuvanje na sporot so sosedna Grcija, od tipot VS e zjiva katastrofa, kako i prosledeni so provokacii kon rakovodstvoto na R.Grcija, i neprifakanje na kompromisot od 2005 godina Republika Makedonija, a davanje soglasnost za ime Republika Makedonija (Skopje) za vlez vo NATO Alijansata pred Samitot vo Bukurest 2008 godina,zboruva za neophodnata ocenka za poseta na rakovodstvoto na Drzjavata od Visokiot Svetski diplomat so negoviot specijalen pratenik za nadminuvanje na sporot.Istoriskata sansa Republika Makedonija
Миле - Охрид, 17.07.2012 10:33:18
Доколку Ки Мун оди во БЈР М скреќен му пат. Ние сме Република Македонија. Добредојден е во Република Македонија каде живеат Македонци и каде се зборува македонски јазик. Македонските власти можат да го дочекаат и него и Нимиц, доколку имаат малку почит спрема индивидуалните и колективни човекови права и слободи, санкционирани со повелбата на ОН. Во спротивно не сакам да примаат било кого кој ќе ја нарекува мојата држава и мене со погрдни и недостојни имиња.
Vodno, 17.07.2012 13:07:57
Malku bese eden pa potrebno e dvajca da go osmaraat nasiotposveten pregovarac 7 godini. Imeto Makedonija koe go dobivme 1954 blagodarenioe na Tito go izgubivme poradi kadrite na MNR kako Milososki, postari, kelneri vo Strazbur i ostala nepismena dpmne inteligencija. Mile, zosto vece nikoj vo svet ne ne priznava pod Ustavnoto ime od 2006 navamu???
Do nesposobni politichari, 17.07.2012 15:37:02
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategijata na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
Иван, 17.07.2012 17:09:14
Премиерот Никола Г. е сремен да се сретне со овие големи лишности кој се трудат да го решат спорот со Грција . Но едно мора да им биде јасно пред да го почнат разговорот дека Македонија НЕМА да го ПРОМЕНИ ИМЕТО . Ние сме МАКЕДОНЦИ и имаме едно име МАКЕДОНИЈА .
VP, 17.07.2012 17:37:35
Сигурно не е многу среќен со пензионирањето... Е сега ќе треба да се бара нов медијатор. Убава работа е таа со преговорите меѓу Грција и Македонија - преговарачот одмара и ниша нозе, па и нешто му плаќаат... Сите очекуваат разумен компромис, нели?
Biljana, 17.07.2012 17:48:50
E dedo Dimo, mnogu ubavo napisa.
jimmy1, 17.07.2012 20:02:19
Sikter corba za ovaj bandit. Dosta ni e od vakvi pameto solaci. Nie nemame ime za menuvanje, koj ima neka si menuva. Imeto Makedonija e nase a ne grcko zosto vo Grcija vo 80-tite godini ne smeese da se izgovori zborot makedonec, makedonka, i red drugo. Ako na niv ne im odgovara tie neka go promenat imeto na nasiot del vo Grcija. Neznam zosto voopsto treba da se razgovara za nekakvi Grcki gluposti. Nie nemame problem, Grcija e taa sto ima problemi ne samo so nas tuku i so drugite sosedi, so Turcija i Albanija. Da zivee nasata isakana i vecna Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Штрајк на таксистите во Лондон
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |