17.07.2012, 18:38 Мислења
Новата номенклатура на Груевски
Нано Ружин
Историјата покажа дека промените во политиката се задолжителни, дури и кога зад нив стои целиот воен и безбедносен апарат
Карел Косик, еден од најзначајните чешки филозофи на Прашката пролет, во 1993 година запиш: „Анонимната диктатура на полицијата и бирократијата од времето на комунизмот, сега е променета со анонимната диктатура на пазарното стопанство и неговиот дух“. Новата посткомунистичка елита од деведесетите веруваше во долгорочниот успех на приватизацијата и демократизацијата.
Слично на останатите еднопартиски режими и Македонија по независноста амбициозно зачекори на патот кон реформите. Дали тогашната политичка елита на Македонија можеше да направи нешто повеќе, како што денес критикуваат баритоните на ДПМНЕ? Веројатно да, но не толку многу за да се изврши некој револуционерен скок. Остатоците на комунизмот, корумпирана бирократска елита во деведесеттите, недоволниот реформски капацитет, но и настаните од опкружувањето, го оневозможија брзиот економски и политички развој на државата. На политички план владејачката елита на чело со Киро Глигоров избегнуваше да се пресмета со минатото, да ја активира лустрацијата и политичкото бележење на поранешните соработници на полицијата. Раководството се соочуваше со многу посериозни предизвици, а и самото беше дел од старата номенклатура.
Во Чешка, Вацлав Хавел се изјасни против лустрацијата сметајќи дека последиците можат да бидат погубни за државата, и покрај тоа што и самиот беше жртва на кодошење и политички затвореник. Патем, кога би ја споредиле тортурата на чехословачкиот полициски апарат кон неистомислениците, како и бројот на соработниците со полицијата и жртвите на Прашката пролет од 1968 година, нема простор за споредување со онаа во Македонија.
Меѓутоа, актуелната власт повеќе од карлшмитовски и реваншистички отколку од мотивот на правдата настојува да добие во политичкиот рејтинг. Затоа со задоцнување од две децении настојува да спроведе закон за лустрација кој нема никаква деонтолошка вредност. Наедно, со овој проект му се држи и лекција на новиот сојузник на СДСМ, Љупчо Георгиевски, чие владеење се настојува да се прикаже како континуитет на претходната власт на СДСМ, а не како дисконтинуитет со комунизмот. Како да се протолкува овој болшевички антиболшевизам на ДПМНЕ?
Македонскиот комунистички политичкиот систем беше скроен според централистичкиот комунистички федерален систем на СФРЈ со раководната улога на Централниот комитет на СКМ. Тоа беше еден вид мека диктатура со непостоечка медиумска, политичка и економска демократија и диригирано договорно стопанство. Ако за крајот на четириесеттите и педесеттите може да се зборува за жртвите на комунизмот, меѓу кои најзначаен е комунистот Ченто, но и неколку квислиншки елементи и колаборационисти на окупаторот, таа констатација не важи за седумдесеттите и осумдесеттите години. Во Македонија не може да се зборува за црвен терор. Политичките и верските слободи беа ограничени, но сепак постоеа разлики меѓу Титова Југославија и Источна Германија Хонекер, Полска на Гомулка или Бугарија на Живков. Сепак, СКМ го имаше главниот збор, а Македонија беше во длабока изолација. Во Скопје слетуваа и полетуваа по два-три авиони дневно и тоа на домашните линии кон Белград и Љубљана. Со Македонија управуваше еден значаен слој на раководната номенклатура составена од политички, државни и синдикални функционери, борци од НОВ, партиски уметници кои уживаа во благодатите на системот.
Каков беше профилот, нескромноста или скромноста, вообразеноста на овие луѓе во споредба со профилот на актуелната владејачка номенклатура. Таканаречената „црвена буржоазија“ беше пообразована и далеку поскромна и поумерена. Доколку немаа факултетска диплома, постоеше политичката школа на Кумровец, како и локалните политички школи на самоуправувачите и младинците. Највисоките функционери и првоборците во најнескромната варијанта добиваа куќи на Водно и имаа одредени привилегии. Меѓутоа не постоеше нескромно богатење, наместени зделки преку контролираните тендери и толку многу државен криминал и корупција. Комунистичките функционери излегуваа ретко, немаа свои резервирани места во локалите, како што е денес, а редот и хиерархијата, беа цврсто респектирани. Настојуваа пред јавноста да бидат поскромни и не носеа костуми „Хуго Бос“, чанти „витон“,здолништа „шанел“, брајтлинзи и ролекси, импланти, морска храна, шампањско, коњаци, пури, набилдувани бодигарди, колгерли...
Денешната владејачка гарнитура, кои некои ја нарекуваат и клика, е метафора на нескромност, вообразеност, раскош, самобендисаност и богатство. Сласта од власт им е толку голема што според еден висок функционер на ДПМНЕ по никоја цена немало да ја предадат власта дури и да загубеле на избори. „Ако треба и крв ќе падне брат, бидејќи се работи за нашата кожа“. Од нивните коалициски партнери еден друг висок функционер вели дека основната концепција на ДУИ била вечно да партиципираат во власта. Но историјата покажа дека промените во политиката се задолжителни, дури и кога зад нив стои целиот воен и безбедносен апарат, како што тоа беше случај со: Чаушеску, Милошевиќ, Бен Али или Мубарак.
Нескромноста на владејачката номенклатура денес се мери во милиони, а не во стотици илјади евра. Валканите работи им ги прават нивните соработници кои исто така се богатат, но за разлика од шефовите кои никаде не се потпишуваат, овие ги стават своите потписи. Заради таквите услуги, кратко потшишаните и набилдани батковци богато се наградувани. Јавното мислење во градовите е веќе освестено, додека луѓето на рурална и посиромашна Македонија се' уште живеат под импресијата на утописките идеали, воинот на коњот и личноста на моќните ДПМНЕ-овци. Денешните владетели поседуваат станови во странство од безбедносни причини во случај на политички промени. Летуваат во најпознатите светски летувалишта, но од хипокризија два-три дена ќе се поврткаат на риба во Охрид. Сопствените јахти ги чуваат во Грција, Хрватска или Црна Гора и водат незгрожен живот на европски плејбои. Нивни идоли се Абрамович, Доналд Трамп, Берлускони..
На домашен план основната економска логика нема врска со владејачката современа економија. Се измислуваат стотици закони, со кои што повеќе ќе ги глобат граѓаните преку разните казни, порези и дестимулирања на непартискиот приватен бизнис. Управуваат со градежништвото, уметноста, го монополизираа образованието и ја уништуваат приватната иницијатива со отворање факултети во секоја паланка. Присутни се и во дискотеките и рестораните, во такси службите, во пошумувањето со 26 милиони садници за деновите на дрвото, измислија данок на шетање низ Водно, данок на кучиња, мачиња, музика, воведоа станбени сервиси со кои ги истераа чистачките и двојно ја зголемија давачката на станарите, ги приграбија медиумите и ставија рака на секој домен каде што постои тендер.
Медиумскиот систем на Панде Колемишевски беше лекција од демократија во новинарството во однос на актуелната слобода на мислење. Во такви услови немаат кредибилитет да се навраќаат кон минатото и да ја критикуваат црвената буржуазија од Водно. Таа беше поскромна и поумерена отколку денешната црвена антиболшевичка елита и тоа по многу основи. Кога би го парафразирал Косик, би заклучиле дека во Македонија анонимната диктатура на полицијата и бирократијата од времето на комунизмот е сменета со нова д��ктатура на номенклатура на ДПМНЕ.
(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 2724 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Коста Стоименовски, 18.07.2012 01:32:34 | Чешка беше првата посткомунистичка земја која донесе закон за лустрација.В. Хавел не беше против овој закон, туку одби да го прочита своето досие за да не дознае кој од неговите „пријатели“ и како го кодошел. Променета на власта е не само нормална, туку и неопходна посебно во земјите без демократски традиции! Пред петнаесетина години во едно интервју за ТВ Телма реков дека би било пожелно и корисно власта во Македонија да се менува на секои две години! Со секоја победа на изборите во последните 6 години актуелната власт постанува се* поарогантна и се помалку води сметка за интересите на граѓаните, така што крајно време е по 7 години на власт да замине во опозиција за да се отрезни! Лесното владеење на СДСМ во периодот 1994-98 година му се врати како бумеранг. Верувам дека истото ќе и се случи и на актуелната власт! |
| Jordan, 18.07.2012 02:41:44 | Ружин свесно го прескокнува главното ограничување на слободата. Ограничувањето на СЛОБОДАТА ЗА НАЦИНАЛНОТО ослободување и обединување на Македонците
Ченто не бил суден и осуден како КОМУНИСТ инфонбировец, ако бил осуден по линија на ИБ ке бил на Голи Оток. Ченто бил осуден за својот изразен МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ, како борец за Самостојна, Суверена, Демократска и ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА.
Еве дел од обвинението:
Обвинетиот Методија Андонов Ченто:што неслагајки се со политиката на Ф.Н.Р. Југославија,како внатрешна, која, по негово мнение била протина на интерсетите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, бидејки покрај другото, неговото обединение неможе да стане во рамките на Ф.Н.Р.Ј ...
http://tinyurl.com/czl9oa3
http://tinyurl.com/7v4hg3j
|
| Istocna Makedonija, 18.07.2012 08:16:08 | Pominati vreminja ne se vrakaat,no vo eks Jug.neka
bide i Titova ,podostoinstveno se ziveese.Profesore
i najobicen covek znae deka,bioloskiot roditel i men
torot na pocetokot na bilo kakva/i politicka/kariera
ne mozatmretroaktivno da se promenat so drug bio
loski roditel,ili mentor.Narodnata mudrost e neogra
nicena.Ne e na odmet da se repetiraat:,,Na leb ne
mavaj so kamenja,,,Ne pravi mu go ona sto ne sa
kas tebe da ti go pravat,,,,Bidi dobar se do smrtta,,,
Ili,sekvencite,Panta rei,Homen,ho,imi lupus est. |
| ФЕЛИКС, 18.07.2012 08:27:09 | Нормално гледање на работите од темен долговечен опозициски аспект.Но со мала но битна фалинка.Не прочитавме што се нуди како алтернатива и на политички план и на економски план.Сем гола критика нема една идеа како неговиот кампус ќе ги решава работите ако дојдат некогаш на власт.Ме чуди искусен политичар и дипломат да вака еднонасочно резонира.Но па од друга страна можеби и нема што да се понуди оти се нема никаква идеа за решавање на актуелните проблеми.Ако мисли да власта се руши со безидејност, коалицирање со благонадежен преселувач на народот, докажан заговорник за двоетничка конфедерација и оној кој веќе ,,попи,, 5 пораза и тера по старо,тогаш слободно може да се збогува со политиката. |
| кирил, 18.07.2012 08:47:29 | ова е еден од најдобрите твои текстови кои сум ги прочитал, со разлика што мораш самосвесно, да се вклучиш во равенката од последните деценија и пол. |
| Eli, 18.07.2012 09:04:52 | Sekoja cest za napravenata analiza.
Blagodaram |
| Drzte lopova!, 18.07.2012 10:36:45 | Crvenite bea neverovatni poshtenachini i chesni ludje vo odnos na ovie. Ako dobile kuca na Vodno, verovatno e bila *na koristenje* no ne i vo privatno vlasnishtvo, kako vprochem i stanovite. Ovie dobivaat fabriki i ne broeni milioni, a kuci i stanovi si sami kupuvaat, shirom svetot. Onie shto gi glasaat i od petni zili branat, zoshto ne se prashat, od kade im tolku pari? Eden den ke im se zasigurno razjasni, kako i za vojvodata denes, ama ke bide kasno, mnogu kasno. |
| Pece, 18.07.2012 12:17:07 | Objasnetemi dali treba da se otkazam od toa sto sum a sum makedonec ili ke treba da glasam za koalicija i partija cij bugarski lider me peokolnuva i negira toa sto jas i povejketo grajgani na ovaa zemja se custvuvaat.Ili ke sirime demagogija ili branime ednoumie i diktatura kako ovaa sega vo poranesnata ni nasa SDSM kade imavne zavidni funkcii.Znaete i vie deka licnata osveta koja saka Crvenkovski da e postigne preku sdsm so ovie sateliti e samo trosenje na vreme a ovie od DPMNE im e jasno se ke potrosat samo nego da go isplukaat kako nivniot im bugarski ideolog a i prosetajte malku i ke vidite kako e raspolosenieto mejgu nasiot narod .Ne glasaat za partija glasaat za ime moj kolega |
| mile, 18.07.2012 12:34:48 | Profesore, Ti cestitam na verodostojnosta iskazana vo ovoj napis! Ovie golobradi deca, koi izigruvaat(PRAKTIKUVAAT) VLAST, bukvalno gi unistija elementarnite vrednosti na zivot, ponasanje, vladeenja, pristojnost i strasna neskromnost. E, zatoa ovozmozija decata da plukaat po sopstvenite roditeli i da se sramat od Niv, da se mocaat na grobot na TITO(ZASLUZEN ZA SAMOS. MAKEDONIJA), da go narekuvaat ingeniozniot BLAZE KONESKI kepecot od NEBREGOVO, rusejki go bezbednosniot sistem na drzavata, lustracija( inkvizicija) i mn. dr. raboti. E, toa e moment. realnost vo Makedonija!!!!! |
| Jovan, 18.07.2012 13:17:44 | Strasno e koga pod izgovor za demokratija, vo neraznienite drzavicki ke se pojavat bandi na kvazi pliticari profiteri. Za zal na makedonceto dojde vremetp na uste pocrni strani od istorijata , Ke platat idnite generacii sekako. |
| canberra, 18.07.2012 14:44:58 | Mnogu realen opis na faktite. Me iznasmea FELIX so negoviot komentar. Panicis Felix a? . Ima kraj na sekoj pocetok, taka i na GRUJO I 40-te razbojnici. |
| Македон, 18.07.2012 15:37:49 | Моронството нема ограничувања... Кога на секој текст во кој се посочуваат бессрамните методи на диктаторското владеење на сегашниве, редовно се коментира со „...се е тоа во ред, но нема нови предлози и идеи...„, човек се прашува каква ли траума кај пепелоникнувачот има предизвикано опозицискиот лидер, штом мора во секој текст да ја излие својата срџба кон него. Секундарно е што една банда неписмени примитивци ја пљачкаат државата и уништуваат се што досега е изградено, битно е опозиционерот да не дојде на власт, па дури и по цена да ја изгубиме државата. Случај за психопатологија... |
| zoran stip, 18.07.2012 15:38:12 | jas mislev deka postkomunizam imase vo sdsm,no ocigledno sum se prelagal.toa e vo segasnoto vmro-dpmne koe se nadevam postkomunisticko vladeenje najskoro ke prestane. |
| do Nano, 18.07.2012 15:41:55 | Znaci koga ti ne si na vlast ima diktatura,a koga bese na vlast vo periodot 1994 1998 so recisi ednopartiski parlament,koga nemase opozicionen medium togas,partizirano sudstvo...E togas spored tebe nemase diktatura.Nemas pravilno sogleduvanje na rabotite,no gragjanite ne mislat kako tebe i zatoa tebe i opozicijata ve kaznuvaaat i ke bidete kaznuvani od narodot i vo idnina.Narodot odamna e vekje osvesten i zatoa ve kaznuva na izbori. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 30°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|