17.07.2012, 18:39 Реплики
Црвенковски и Георгиевски
Соња Крамарска
Пактот со Георгиевски може да биде меч со две острици за СДСМ на чие гласачко тело нема да им се допадне цврстото држење на Љупчо за Тодор Александров
Секој оној што ја следи политичката сцена во Македонија од осамостојувањето до денес, не може а да не се согласи дека Љупчо Георгиевски е еден од најхаризматичните политичари во Македонија кому никогаш не му недостасувала храброст (некои тоа го викаат лудост) да го каже или стори тоа што го мисли, па макар подоцна да плати и највисока цена за својата изјава.
Така беше и кога во 1999 го повика Хашим Тачи во премиерска посета, од што социјалдемократите се соблазнуваа и со недели ги брифираа новинарите колку е тоа штетен политички потег за Македонија, и кога направи трампа со македонски граничари кои беа киднапирани од косовски бунтовници па мораше да пушти од затвор нивен пајташ, и кога експлозивно го објави својот позитивен став (во „Дневник“) за размена на територии меѓу Македонија, Косово и Албанија (што е инаку современ израз за етничко чистење).
Затоа денеска, кога тој се труди повторно (политички) да оживее, многумина се прашуваат дали Црвенковски му помага нему во име на старото (и екстремно бурно) ривалство или пак Георгиевски му помага на Црвенковски да го сруши Груевски. И тоа од чист инает што му даде политичка партија на тацна а подоцна Груевски го исфрли и успешно го маргинализираше на политичката сцена.
Прашањето за коалицијата меѓу Црвенковски и Георгиевски повторно стана актуелно минатиот викенд, откако стана јасно дека Георгиевски нема намера во име на сензационалното пактирање со својот некогашен смртен непријател, да се повлече од некои свои проблематични ставови. Кои несомнено стануваат проблематични и за Црвенковски кој сега мора да ги проголта изјавите на Георгиевски за величање на Тодор Александров и за размената на територии која Георгиевски пред неколку дена со занес им ја објасни и на хрватските граѓани.
Во една анализа на оваа коалиција, не може а да не се направи брза политичка математика за тоа колкава е вредноста на „акциите“ ако може така да ги наречеме, што овие двајца политички асови ги поседуваат на разбрануваната македонска политичка берза.
А тие стојат отприлика вака. Георгиевски, иако е несомнено харизматичен и талентиран политички лидер, во моментов нема што многу да му понуди на Црвенковски. Неговата политичка сила на теренот е мошне скромна, да не кажеме дека е речиси невидлив ако се мери според тежината на неговата партија ВМРО-Народна. Од друга страна, не е тајна дека шестгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави незадоволни многу членови и приврзаници на оваа партија, независно од тоа што партискиот врв секојдневно се труди да излезе во пресрет на барањата на своите лојални членови и симпатизери. Моќта што ја имаат македонското општество и бизнис сфера, едноставно тоа не го дозволуваат.Но, погрешно е ако Црвенковски а и Георгиевски играат на таа карта. Ниту еден разочаран вмровски член или симпатизер, нема да гласа за Георгиевски ако знае дека со тој чин индиректно го зајакнува блокот на Црвенковски. Такви излети се случија, но обратно кај социјалдемократскиот камп чија периферија, а богами и не само периферијата тивко се прешалта во ВМРО-ДПМНЕ кога виде дека таму ќе добијат вработувања и позиции.
Црвенковски, пак, управува со силно гласачко тело од 370 илјади гласови (според последните избори во 2011), што му дава на Георгиевски широк простор за дејствување, но проблем можат да бидат неговите политички ставови кои СДСМ ги отфрли уште при нивното појавување а тоа го прави и денеска. Оттука, останува фактот дека дружбата со Георгиевски може да се покаже како меч со две острици бидејќи на конзервативното (не во политичка смисла) гласачко тело на социјалдемократите нема да им се допадне цврстото држење на Љупчо за Тодор Александров.
Значи недвојбено е дека акциите на Црвенковски се многу поголеми или кажано со берзански речник котираат повисоко, а единствената корист што лидерот на СДСМ
може да ја извлече од сојузништвото со Георгиевски е таа што во очите на домашната а што ним им е поважно и на меѓународната јавност, ќе покажат дека Груевски е толку лош државен лидер и премиер, што и неговиот ментор се откажал од него и тргнал да го руши заедно со Црвенковски. Или кажано со други зборови, психолошката карта на лоши спомени од транзицијата на која игра ВМРО-ДПМНЕ во нападите кон Црвенковски, е сега сличен адут на СДСМ психолошки да ги убеди гласачите дека Груевски е ѓавол и дека тоа дури го признал и Георгиевски и затоа се здружил со Црвенковски.
Јас не можам да видам ниту една заедничка политика што објективно ги поврзува Црвенковски и Груевски освен ставот дека треба да се постигне договор со Грција за името, што во нормални околности може да биде крупна и легитимна подлога за политичка соработка да не беше ситуацијата во Македонија таква каква што е. Оттука, ќе прогнозирам дека заедничката кауза на Црвенковски и Георгиевски за коалиција со цел рушење на Груевски е можеби политички коректна но е прегруба и дефектна дефиниција за било какво коалицирање, а уште помалку за освојување доверба од гласачи. Затоа уште на стартот на нивната соработка, веќе се лицитира со времетраењето на таа соработка и се предвидува нејзин брз крах. Политички либералниот Георгиевски е преголем ризик за конзервативниот Црвенковски. Георгиевски, не гарантира толку голема добивка за да биде туку така вкалкулиран во предизборните математики на левицата. Црвенковски знае дека ова му е последна шанса и дека нема право на грешка, и оттука ќе биде интересно да се набљудува како ќе се развива овој уникатен однос, особено затоа што до одржувањето на изборите има уште многу време.
Патем, политичката ситуација во Македонија е пред експлозија. Без ниту малку одговорност кон граѓаните двете главни политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, почнаа изборна кампања, иако до изборите има уште многу време. Нивното одржување според законскиот рок треба да биде во март 2013 година. Законодавецот предвидел рок во кој се одржува предизборна кампања, а штом има рок за такво нешто, треба да има и казни. Баш ме интересира како правната држава ќе ја проголта оваа преуранета кампања. Од законски и од морален аспект. |
|
Статијата е прочитана 2792 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Ljubotan Trade Name, 18.07.2012 04:47:19 | Pa ova,Jas go velam uste pred dvaesetina godini;Podelba na Makedonija e neminovna! Ne veruvam Albancite ce ziveat vo drzava sto se odslikuva so Makedonski nacionalen identitet! Sosema normalno,vremeto raboti za Albanskata drzava. Ona sto e i najpovolno za Albancite ,85% od albanskata populacija ne zivee vo Geografska Makedonija;Kicevo,Gostivar,Tetovo,Skopje i Kumanovo geografski ne se vo Geografska Makedonija, Ovie se, samo vo Politicka -drzava Makedonija! Eve sega Skopje kako glaven grad na Makedonija e vece ; Geto -Ostrovce vo Albansko More. Georgievski uste togas bil osporuven kako i Jas. Deneska Georgievski i Crvenkovski ,Spasuvaat se sto se moze, da se spasi; Pro Slavjansko-Bugarsko il Srpsko!Kartite se otvoreni. |
| Nenad, 18.07.2012 06:50:03 | Koja pravna drzava Sonja? I kako toa pregruba i defektna? Pa imalo li po destruktivna pojava od segasnata vlast? |
| ФЕЛИКС, 18.07.2012 08:15:35 | Сосема солиден напис во кој се објаснуваат нештата што доведе до оваа коалиција од типот,,дрвено железо,,Инаку не е само Т.Александров во прашање,да е само тој би поминал.Се работи за далеку посериозни истапи кој завлегуваат во националното ткиво и дрзок опис на сопствена корупција опишана во автобиографијата.Кој Македонец ќе го проголта(сем поедини изроди)она со реафирмирање на преселбите во Пустец,или како што пишува авторот,,фин начин на етничко чистење,,Или она ,,литературно,, опишување за подмитување пратеници за да се задржи власта.Како и да е ова предизборно ќе се експлоатира и ќе доведе до познатиот изборен крај по 6-ти пат.П.С не знам дали написов ќе предизвика гнев кај опозициските коментатори,оти досега испошашардисани од оваа коалиција не пуштија глас ни за ни против.Дали од срам,шокираност,гнев,јад,чемер и др.им ја закочи коментаторската рака. |
| Istocna Makedonija, 18.07.2012 08:23:13 | Ne e preuraneta predizibornata kampanja.Naredni
ve Lokalni izbori mozat da znacar uvertita vo novi,predvremeni Parlamentarni izbori.Oti,situacijava
e alarmantna.I vakov i onakov,Ljubco,sepak,e
atraktiven i za prestizni mediumi,kako HRT.A,koj ke pobedi na izbori.Neka bide onj,koj ke ja pobedi
siromastijata,bedata,nevrabotenosta,neperspektivno
sta,osobeno za mladive,vnese MKD vo NATO,EU..
Ima li takov. |
| Mirko, 18.07.2012 09:31:12 | Jaka tie objavava samo zaboravi da kazes kao toa patriotive koj se kolnea vo kamata i pistolot deka nikogas nema da koaliciraat so UCK sega se vo najdobri odnosi duri zaboravas i gi AMNESTIRAA zaboravas da ja kazes koalicijata so Tito Andov Amdi Zingo gospogjo ne se sekiraj ti za glasacite na Crvenkovski tie se ugneteni izbrisani od spisokot na ramnopravnite toa se sluci i so tie na Ljube i Ljubco pa najverovatno ke se razberat megju sebe. Sto go ocekuva eden glasac bez kniska na DPMNE da se vraboti aj te molam ostavija rekata neka si tece taa sama ke si go napravi koritoto,a za prirodno i neprirodno prestani vise da zboruvas se nadevam deka ova nema da go cezuriras ke go objavis. |
| Hari, 18.07.2012 10:50:24 | Druzenjeto na Ljubco i Branko ima samo edna cel a toa e rusenje na fasisticka vlast. Razlikite si ostanuvaat i natamu no koga e vo prasanje opstanok na drzavata ova e mnogu pozitivno. Sto se odnesuva do toa kako ke vlijae vrz glasackoto telo na dvete strani mozam da kazam aledno, ako im e ubavo da ziveat vo rekordna siromastija, da gledat kako deca im ja radat drzavata, arogancija i cinizam ne im smeta neka si glasaat za prerodbata. |
| Za vistinata, 18.07.2012 11:04:56 | Crvenkovski ja sprechi podelbata na Makedonija i e strogo protiv taa rabota. Inicijativata i namerata beshe na DPMNE, kade ministruvashe i aktuelniot premier i patriot. A Latas vchera cel den trubi kako Crvenkovski ke ja deli Makedonija, ama *patriotite* toa nema da mu go dozvolat. Epa koj e ovde lud? Inache, lichno smatram deka Crvenkovski so odbranata na celovitosta na RM, napravi pogolema greshka odoshto so privatizacijata. Ironichno ama vistinito, bidejci so bratuchedite navistina ne ni odi. |
| Јован АН, 18.07.2012 11:49:58 | Прашање за вистинска анализа е КОЈ и ЗОШТО го ВРАЌА Љ.Г. во македонската политика и КОЈ и ЗОШТО го здружува со Б.Ц.?Нешто наслутуваат нивните заеднички ставови во однос на прифаќањето на барањата за името од јужниве! |
| milan, 18.07.2012 12:48:58 | Odamna ne bev napisal nesto no me potikna komentarot na Hari koj go podrzuvam od zbor do zbor.Taka e razlikite megu Branko i Ljupco ostanuvaat,a nivnoto koaliciranje go pozdravuvam. Na kraj kraeva Cercil i Stalin koaliciraa za da go srusat Hitler,(razlikite megu niv ostanaa i cak se prodlabocija,ama sepak go srusija Hitler) Kaj nas ne e slicno ama e neophodno da se trgne ovaa vlast koja tezi kon raznebituvanje na drzavata.Odtuka ja razbiram koalicijata pomegu Branko i Ljupco. |
| S.P., 18.07.2012 13:25:46 | Koja pravna drzava??????? Vlasta e sedum godini vo kampanja pa nekoj prevzema nesto??
Zosto nekoj bi gi smenil svoite politicki gledista, koalicijate ne znaci i pretopuvanje i spojuvanje na partiite.
|
| pretpriemach, 18.07.2012 14:10:31 | Ocigledno e deka zapocnala predizbornata kampanja... Gi citam komentarive na partiskite jurisnici, i znam tie ke bidat samo prvite koi ke zaginat za idejata, plodovite od pobedata segos im pripagaat na generalite.. za zal...oko ne mi tepnuva koj so kogo ke koalicira... nebitni se... mene me interesira da vidam izdrzana, primenliva i zakonita ekonomska programa, se drugo e 101-vo mesto... covek treba da e svesen za realnosta - od politika ubavo mozat da ziveat samo politickite vrhuski, a site drugi od svojot trud/biznis.... |
| BitolaHamiltonCanada, 18.07.2012 16:05:08 | Georgievski mu dade partija na tacna na Megalo Nikos-Anticki, Georgievski ke mu ja zemi.Vo koalicija so SDSM.Dvete partii imaat tocki na raziduvanje,mali i zanemarlivi,no se slagaat vo odnos na,vo ovoj mement najvaznoto prasanje-NACIONALNOTO PRASANJE.Sprotivno od VMRO-DPMNE,koi shto ni nametnuvaat nekakov si lazen anticki identitet,SDSM i VMRO NARODNA,gi afirmiraat nasite vistinski Slavjanski koreni priznati od svetskite istoricari.Neka gi ostavat sitnite razliki kako ovaa za T.Aleksandrov na istoricarite da ja odreduvaat nivnata uloga vo nasata istorija.Dvete patrtii neka izlezat pred narodot so zaednicka NACIONALNA PLATFORMA kako resenie za imeto i ke pobedat na slednite izbori.Vistinskiot nash Slavjanski identitet go priznava i Grcija,i koga ke vidat deka go menuvame priodot kon identitetot,ke se slozat so naseto ustavno ime REPUBLIKA MAKEDONIJA. |
| do Ljubotan, 18.07.2012 16:10:33 | Kako sto i nekoi drugi drzavi se odslikuvaat i se baziraat na etnickiot identitet,taka i na Makedonija prirodno e da i bide osnovata i fizionomijata makedonskiot etnicki identitet.Na kogo ova ne mu se dopagja,neka si zamine od Makedonija,a ne da bara delba zatoa sto i taka nema da ima delba.Probaa nekoi vo 2001 g.no vidoa deka i so sila ne mozat da ja delat Makedonija.Sega se pomireni deka ke ziveat vo Makedonija.Kicevo e so mnozinstvo Makedonci,a porano i vo Tetovo i Gostivar mnozinstvo bea Makedoncite.Toa e dokaz deka tie dva grada sekogas bile del od etnicka Makedonija.Makedonskite dejci koi ziveele vo 19 vek(Karev,Sandanski,Pulevski,Misirkov...)tvrdele deka imeto Makedonija sekogas pripagjalo na etnickite Makedonci i jasno sakale nezavisna Makedonija(so Tetovo i Gostivar se razbira) i sloboda za makedonskiot narod.A ti Ljubotan gledaj si ja Srbija koja osven Kosovo,ja gubi i Vojvodina,a nekogas mozebi i Sangak.Do kade bila etnicka Srbija?Kakva e etnicka Srbija? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Ведро
|
Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 15°C
|
Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|