18.07.2012, 15:24 Првата средба: многу емоции
Американскиот актер Том Круз завчера во Њујорк, првпат по разводот од Кејти Холмс, ја гушна својата најмлада ќерка. Емотивната средба на Сури и нејзиниот татко ја забележаа стотици фоторепортери, а за првпат по проблемите со разводот Том беше насмеан - причина секако беше неговата миленичка, која цврсто го гушкаше околу вратот.
Актерот штотуку го заврши снимањето на филмот „Oblivion“ во Калифорнија и веднаш летна за Њујорк да ја види Сури, која ден пред пристигнувањето на нејзиниот татко имаше мала сообраќајна незгода. Имено, „мерцедесот“ во кој се возеа Кејти Холмс и Сури, кои седеа на задното седиште удрил во камион за собирање ѓубре, но за среќа никој не бил повреден. |