Хороскоп
Овен
Професионалните нервози се знак дека треба да направите краток одмор и да му посветите повеќе внимание на партнерот. Бидете посмирени и потрудете се да внесете повеќе нежност и топлина во љубовниот живот. Денеска не преземајте радикални чекори.
Бик
И покрај тоа што не се плашите од опасност, не значи дека таа ќе ве заобиколи. Само со разумни постапки ќе успеете да избегнете насилство. Имате способност за донесување одлуки во најтешките моменти. Потрудете се да ги пребродите здравствената и емотивната криза.
Близнаци
Во прегратките на партнерот доживувате незаборавни моменти. Смислата за уметност е зголемена, па потрудете се да ја искористите. Свесни сте што ве исполнува, и покрај тоа што околината мисли спротивно. Уживате во неповторливите моменти на среќа, но чувајте ги парите.
Рак
Пред вас е исклучително успешен професионален ден. Доколку не ја искористите шансата, не очајувајте, туку размислете зошто ви се случува тоа. Незадоволни сте со развојот на емотивната ситуација. Мислите дека не добивате доволно внимание од партнерот, но грешите.
Лав
Ќе блескате од среќа. Вашата љубовна приказна ќе напредува од ден на ден. Со личната харизма и со шармот ќе ги освојувате сите околу вас. Потрудете се да се релаксирате. Избегнувајте понуди кои не ви се допаѓаат, иако некои нема да можете да ги одбиете.
Девица
Дајте го максимумот од себе. Знаете дека тоа води до решавање на проблемите, па не ви е тешко. Бидете внимателни, може да имате сериозни љубовни проблеми. По обичај, се' ве нервира, размислувањата на партнерот, постапките на околината. Очекувате патување.
Терезија
Пред вас се ненадејни обврски кои бараат повеќе ангажирање од вообичаеното, но тоа воопшто не ви пречи. Потрудете се да ги задоволите барањата на околината. Очекувате помош од пријател, но не надевајте се премногу. Се нервирате бидејќи партнерот ги игнорира вашите потреби.
Скорпија
Борбата за успех е напорна и бавна, а немате на кого да се потпрете. Последица на тоа е осаменоста која станува неминовна. Свесни сте за тешката положба, но и за вредноста на партнерот. Потрудете се да му дадете вистинско место во вашиот живот.
Стрелец
Среќни сте и задоволни бидејќи се' она што досега ви изгледаше невозможно почна да се остварува. Сите блиски се подготвени да ви помогнат кога ќе биде потребно. Добро сте расположени, а тоа всушност е вашиот карактер.
Јарец
Може да се покаете поради наглите изливи на нежност и отвореност во давањето искази. Што да правите кога тоа е посилно од вас. Оптимизмот владее на сите полиња. Размислувате за работата која ви носи голема заработувачка, затоа сте задоволни.
Водолија
Ќе бидете забавни, духовити и дружељубиви. Ќе заведувате едно лице, а тоа подоцна ќе премине во нешто посериозно. Можна е добивка од хонорарна работа. Подобро слушајте што зборуваат другите, никогаш не е излишно туѓото мислење.
Риби
Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки. Станете имуни на тоа и не нервирајте се непотребно. Околностите ви се наклонети, ви претстои успех на работното место. Можни се добивки и награди. Внимавајте на здравјето, претеравте со нездрава храна.
|