20.07.2012, 16:35 СДСМ: „Скопје 2014“ досега чини 360 милиони евра
„Вие ли најдовте да зборувате за сиромаштија и за крадење?“, ги праша Амди Бајрам пратениците од СДСМ
Горан Адамовски
Место предвидените 80 милиони, проектот „Скопје 2014“ досега изеде 360 милиони евра државни пари. За таа сума можеа да се изградат патишта, гасовод, железнички пруги, енергетски објекти, да се инвестира во економијата и да се подобри стандардот на граѓаните, обвини и денеска СДСМ на третиот ден од собраниската расправа за „Скопје 2014“.
Власта, пак, повторуваше дека преку проектот живнаа дваесетина економска гранки, објаснуваа оти станува збор за надградба на македонската историја и свест и не пропуштаа да ги прашаат опозициските колеги каде завршувале парите кога СДСМ бил на власт и зошто, на пример, не е изграден ниту еден километар пат.
Пратениците од опозицијата што доаѓаа од градовите од внатрешноста, предупредуваа дека во нивните места не е изградено ништо или многу малку.
„На патот Струмица - Радовиш има десет километри коцка. Не можете да ја асфалтирате, а ќе ве чини колку ограда од ‘Скопје 2014‘“, коментираше Орце Панчев.
„Тој пат не е пипнат од 1955 година. Вие од СДСМ имавте неколку лади, но не направивте ништо. Сега ќе речете дека ВМРО-ДПМНЕ е седма година на власт. Да, и ќе го направиме патот. Работите се одложени, бидејќи фирмата што работеше - пропадна, активирана е банкарска гаранција. Но, коцката ќе ја тргнеме, тоа е сигурно“, реплицираше Влатко Ѓорчев.
Пратениците правеа споредби меѓу „Скопје 2014“ и спомениците, плоштадите и езерата што во Струмица ги гради градоначалникот Зоран Заев или за сличните проекти што ги најави првиот човек на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, кои чинат помалку пари од оние во центарот на македонската метропола.
„Еден ден не ви се допаѓаат ликовите на спомениците, друг ден цената, трет ден бројноста. Договорете се веќе што ве мачи“, се јави Васил Пишев и раскажа приказна што се случила кога првпат дошол во просториите на СДСМ на „Бихаќка“. Тогаш, како што рече, висок функционер на СДСМ го прашал „што е тоа што ќе го градите“ и му рекол оти кај нив за ваков проект треба да се фрли во торба. Тоа предизвика револт и негодување кај опозиционерите.
Марјанчо Николов праша дали на стечајците и на невработените ќе им се извиши чувството на патриотизам кога на телевизија ќе ги видат огромните скулптури во центарот на Скопје, а од друга страна немаат леб да јадат, а не пак, пари да стигнат до главниот град. Николов кажа пример од Велес, каде споменик со габаритет како тој на Гоце Делчев во Скопје, бил изграден за 50.000 евра, додека во метрополата биле платени 800.000 евра. Посочи и дека во Оризари има место со 3.000 жители кои се' уште немаат канализација. И тука реплицираше Ѓорчев, кој како демант на тврдењето дека актуелната власт го заборавила Велес, го спомна реконструирањето на патниот правец Скопје - Велес.
„Вие ли најдовте да зборувате за сиромаштија и за крадење? Па, во 1995 година, јас ви го растурив е��ноумието што го имавте во Собранието. Крадевте, лапавте, цицавте, немаше кој ни збор да ви каже“, остар беше Амдри Бајрам, на што од СДСМ му возвратија дека тој и кривично одговарал за крадење.
Начинот на кој што се води расправата не му се допадна на Зијадин Села од ДПА, чие излагање беше испратено до аплауз од СДСМ. Новата коалиција, очигледно, почна да функционира и во Собранието.
|
|
Статијата е прочитана 1782 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Igor, 20.07.2012 17:13:31 | Super!
Samo neka ni kazat gospodata od SDSM, kolku milioni evra ne cinese nivnoto vladeenje, i sto dobivme od tie pari? |
| do Igor, 21.07.2012 00:22:11 | Od tie pari Igore, DOBIVME DRZAVA drzava koja SDSM zaedn so narodot, ja gradese. Od tie pari, koga zaminaa od Valasta, ja ostavija polna drzavnata blagajna, so koja vie sto prashuvate: *sto napravile*,gi gradite spomenici( nepotrebni) plus se zadolzuvate, za da na site nam, ( osven onie koi so polni dzebovi ke*duvanat nekade*),ke ni ostane da gi vrakjaat dolgovite. Ete toa SDSM napravija!
Samo tolku da se potsetis deka ni gi izbegnaa i Vukivar i Srebrenica, ako si slucajno so ograniceno sekjavanje... |
| Bernie, 21.07.2012 07:51:49 | So ovie pari ke napraev tri makedonii a ne voskari kako sto VMRO ja napravi makedonija do veka voskari. |
| lilika, 21.07.2012 09:58:30 | Koga dojde Makedonija da ima pratenik vo Sobranie kako Amdi Bajram, se znae na kade sme trgnale. Koj najde da zboruva za kradenje!!!!!!!!!! Toj sto ukrade se sto mozese i trese gluposti kako nedoveten. |
| Јас ке му ја дувнам, ти ке му ја дувнеш, тој ке му ја дувне,..., 21.07.2012 10:07:09 | Еве една идеја до новинарот/новинарите. Направете истражување поткрепено со аргументи колку од првите три ешалони сегашни и поранешни политичари од сите партии се со странски пасоши. И тоа ке даде преглед кој за која странска држава работи и каде ке му ја здувне ако загусти и ке ги троши парите “заработени“ во Македонија. |
| Иван, 21.07.2012 13:21:43 | СДСМ може колку сака да се противи на тој проект од страна на ДПМНЕ . Сега скопје заличи на метропола која одамна требаше да изгледа вака . Парите се потрошени на реализиран проект . А парити во времето на СДСМ никогаш нема да дознаеме каде иделе кога слушаме за вакви цифри . Колку семејства останаа без леб , а колку дзебови беа преполни и за неколку поколениа однапред . СДСМ може само да демантира , резултатите и фактите се на дело . |
| karokan, 21.07.2012 14:02:52 | Интересно,но вистинито,она за што власта досега ја обвинуваше опозицијата,на истото тоа сега ќе собира политички поени.Се пенавеа нејзини “борци“ ,правејки паралела со кич-фигурите во “Скопје 2014“ со донеизградената пруга кон соседна Р.Бугарија,кога одеднаш им текна дека градењето треба да се продолжи.Камо среќа за ова да им текнеше уште при запоседнувањето на на властодржечките фотељи (веќе ќе имавме изградена или скоро изградена пруга).
п.с. Коментаторот “Извинување без задршка“,
(е нема извинување на слепо),иако е поретко присутен (не и сосема, зошто тешко се снаоѓа со противници),доколку ја заборавил граматиката,прилогот за време “досега“ употребен во заглавието на текстот подразбира минато време.(Можеби новата “патриотска“ граматига сеуште не му е
доразработена или пак препишана!!!!!!!!!!!!!!! |
| BitolaHamiltonCanada, 22.07.2012 07:04:33 | Gospoda od vlasta odgovarajte toa shto ve prasuvaat,nemojte da vrtite kao kisha oko Kragujevca i na prasanjata da odgovarate so kontra prasanja,narodot saka da znae kako toa, mesto 80 potroseni se 360 mil.za spomenici,barokni fasadi,galii,vrbi,triumfalni kapii.A da, stanuva zbar za nadgradba zatoa e 360 mil.ako beshe samo gradba ke koshtashe 80 mil.Nashata istorija zavrshi vo 2006 god.Zatoa moravte da kradite tuga istorija za da ja nadgraduvate nashata.Da e samo istirijata,80 mil. mozda ke bea dosta, ama stanuva zbor i za nadgradba na svesta,zatoa koshta 360 mil.I na Idrizovo ke mu treba nadgradba......Za da ve soberi site. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Грмотевици
|
Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|