19.07.2012, 12:12 Битолчанец ја прегазил сосетката
Битола - Жител на битолско Кукуречани со автомобилот ја прегазил својата сосетка. Во сообраќајната несреќа животот го загубила Даринка Л. (83) жител на селото Кукуречани. Несреќата се случила во вчера вечерта околу 23 часот на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, кај селото Кукуречани.
Според полицијата, трисет и шест годишниот М.Д со возило „форд ескорд“ движејќи се од Битола кон Демир Хисар удрил во старицата, која во тој момент го преминувала патот.
Автомобилот удрил во пешакот фрлајќи го телото на десната страна од патот. Од силниот удар старицата се здобила со тешки телесни повреди, по што починала на самото место на насреќата. Истражен судија нареди обдукција врз телото на почината. (А.Б.)
|