17.07.2012, 13:01 Нацртот на ГУП-от на интернет
Заинтересираните граѓани од утре на интернет можат да ги видат новите урбанистички граници на Скопје. Станува збор, всушност, за нацрт- верзијата на ГУП-от, кој се очекува конечната рамка да ја добие до крајот на годинава. До ГУП-от може да се стаса преку интернет-страницата на Град Скопје.
Инаку, нацрт-верзијата на урбанистичкиот план доби зелено светло од градскиот Совет минатата недела. Генерално, таа предвидува Скопје да остане во сегашните урбанистички граници, односно тие да не се шират во наредниве 10 години. Единствена разлика од досега е тоа што Скопје ќе биде поделено на 11 зони и 143 градски четврти.
|