19.07.2012, 18:43 Георгиевски ја обвини МПЦ за паганство
Антиквизацијата е дехристијанизација на Македонија, и' порачува поранешниот премиер на Црквата
„Можат ли да разберат владиците од МПЦ дека антиквизацијата е всушност и дехристијанизација на Македонија?“ Вака поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски вчера со отворено писмо до јавноста реагираше на соопштението на Синодот на МПЦ за неменување на уставното име. Црквата, меѓу другото, соопшти дека ќе дава поддршка за Владата до крај да истрае во борбата со јужниот сосед во спорот со името, бидејќи Македонија и Македонците, како што оценија црковните власти, се смисла на нашето минато и иднина.
Но, Георгиевски во ставот на Светиот архиерејски синод препознава „напад врз неговите заложби и активности“. „Затоа и се чувствувам повикан да им објаснам уште еднаш на македонските владици за што всушност се борам“, вели поранешниот премиер во своето опширно писмо до јавноста.
„Во последните 3-4 години, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, преку државен инженеринг врши активна промена на македонската историја и комплетно ревидирање на словенските корени во античко-македонски. Дали владиците на МПЦ, воопшто можат да видат дека со додавање на античка Македонија се брише комплетната смисла на мисијата на св. Кирил и св.Методиј и на св. Климент и св.Наум. Ако имаме континуитет, чуму беа потребни мисиите на овие наши светци? Кого учеа? Кого воспитуваа? Кого христијанизираа и покрстуваа? Дека во Македонците има крв на Александар Македонски е основата на грчката пропаганда од крајот на 19 век предводена од страна на владиката Каравангелис. А токму црквата предначеше во таа битка“, вели тој.
Според Георгиевски, словенството е основа на секоја црковна книга во нашата историја. Ако го извадат словенството од историјата на МПЦ, таа ќе остане само кимбал што ѕвечи.
„Антиквизацијата е оддалечување од словото Христово и враќање на многубоштвото и паганството. Паганизам од најмизерен вид е што МПЦ, која заради своето полтронско однесување кон власта, го премолча ставањето на споменикот на Александар Македонски на местото каде што можеше да стои само патронот на Македонија св. Климент. Паганизам е што во секоја нова изградена Македонска црква се црта сонцето – симболот на Амон Ра. Паганизам е статуата на Олимпија која го држи во раце малиот Александар, како пародија за Пресвета Мајка Богородица со нашиот спасител Исус во раце“, вели Георгиевски и додава: „Жал ми е што во мојата реченица, дека македонскиот народ ќе си го проколне мајчиното млеко што се откажа од св.Климент и св.Наум, први се препознаа токму владиците, кои први се повикани и чијашто должност е да го бранат нивното д��ло“.
„Мојата мисија ја гледам само во таа функција, да се остане на заветите на Св. Кирил и Св.Методиј, Климент и Наум. И на крај, јас сакам да ги повикам Владиците од Светиот архиерејски синод јавно да излезат и јавно да побараат прошка од св. Климент за нивното тригодишно живеење како апостати (отстапници) од неговите завети“, вели лидерот на ВМРО-Народна.
Црквата завчера, без да наведе конкретно име, го повика јавно „најгласниот говорител на нечуените фалсификати и лаги за македонската вистина да и' се извини на македонската јавност“. „МПЦ не може, а да не ја искаже својата вчудовиденост и запрепастеност од зачестените изјави на поединци и партии, со кои не само што се удира по јазичниот и национален идентитет на македонскиот народ, туку преку говорењето на невистини до крајни, нечовечки граници, се омаловажува секој труд и секоја жртва на нашите предци, но и на нашите современици, за самостојна и просперитетна Македонија. Го повикуваме нашиот народ не само да остане глув на ваквите користољубиво-должнички емисари на пропагандите од 19 век, туку на легитимен, правдољубив и демократски начин да ги ‘награди‘ со конечен заборав и да им го покаже нивното место во свршеното минато“, соопшти Синодот по седницата што се одржа во чест на јубилејот 45-години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија. (Д.Т.) |
|
Статијата е прочитана 4636 пати.
|
Испрати коментар
|
|
bitolcanec od kanada, 19.07.2012 23:43:39 | Ljupco Gorgieff zboruva za nasiot narod dali e slavjanski ili anticki.Dali slavjanite gi potopile antickite Makedonci ili obratnoto nikoj istoricar dosekga ne uspeal da dokaze. Izzgleda Ljupco e prviot sto ke go stori toa. Dodeka e na taa tema ke dokaze dali jajceto e postaro od kokoskata. Ljupco ti ne si kriv. Krivi se novinarite sto ti ukazuvaat pazna. veruvam posle ovie izbori deka ke se vratis vo Bugarija za stalno i ke imas prilika naucno da im dokazis na tvoite sonarodnici dali se slavjani ili tatari. |
| Alban Jakupi, 19.07.2012 23:46:08 | Ljubco Georgievski navistina so poslednite izjavi ima pravo koga gledame deka Antikvizacija e proekt vo sklop na Skopje 2014 Vlladin proekt,e sega kaj Makedoncite se javat dve razlicni kontradiktorni Makedonii,edna Jugosllovenska Makedonija predvoden od SDSM,i Anticka Makedonija predvoden od VMRO-DPMNE,ovie se seriozni i mnogu bollni temi za makedonskoto opstestvo, i navistina treba da se razgleduvat i preispituvaat zosto takvite golemi podelbi pomengju makedonskoto opstestvo vo idnina mozat da bidat tolku golemi, sto ke se stava vo kocka idninata na ova zemja, ,Historijata ke go osudi vakvite seriozni greski pa zato treba da se zemat kako seriozni stavovite na Georgievski.Pozdrav do Utrinski |
| Kultiviran Balkanec, 20.07.2012 00:23:41 | Teoriiite na zapadnite intelektualci tvrdaat deka pravoslavnite nacii se skloni kon diktaturi se potvrduvaat i vo makedonskiot sluchaj. Kaj pravoslavnite nacii carevite ili kralevite bile i poglavari na crkvata so shto i crkovnata i svetovnata vlast bile vo nivni race. |
| Nekoj, 20.07.2012 00:39:31 | Dobro i tocno kazano od Ljupco.
Me iznenaduva |
| Објективно гледање, 20.07.2012 00:50:57 | Немам намера да го бранам оној што МПЦ жестоко го критикува и и го нуди на историјата, но мислам дека е целосно во право! Зарем треба да се потсетуваме дека пред 2-3 години поглаварот на МПЦ со сите почести го прими античкиот „брат“ Ганзафер (дали така се викаше?)! Дали поповите на МПЦ читаат антички или старословенски молитви и проповеди? Познато е дека православните цркви секогаш им служеле на режимите, односно на световните власти, но овие ги поминаа сите црвени линии! Мошне добро е познато дека актуелниот поглавар на МПЦ, исто како и световниот „пастир“, беше „инсталиран“ од човекот што сега безимено, но жестоко го критикува(ат)! Срамота! Господе, прости им не знаат што прават! |
| другар му на Амди, 20.07.2012 01:03:36 | А море Љубчо, другар на Бранкота! Македонија е антички поим, а не словенски! |
| Весна.С. од Прилеп, 20.07.2012 01:38:05 | Италијаните не се помали католици т.е. христијани кога си ја почитуваат историјата од времето на старите Римјани или п��к Грците кога одат на Акропол или кога на ист начин на Олимп го палат олимпискиот оган со ритуалите кога таму луѓето верувале во Зевс,а и самиот Гергиевски протестираше кога сдсм го замени знамето со сонцето од Куклеш со денесшното знаме .Ова е неговата најголема глупост ,а тоа значи дека повеќе не знае што да кажи. |
| Kliment, 20.07.2012 02:19:22 | Gospodo vladici, avtoritetot se gradi i brani so znaenje, ispravni potezi i chist lichen primer. Vo mnogu neshta ovde iskazani, *bugarinot* e vo pravo. A ako ve vas taka sprashi, shto tek ke mu napravi na Gruevski. Zatao se tie preventivni napadi od strana na patriotite i vlasta, zdruzeni so klerot. Ochigledno, Grujo se plashi i toa mnogu! |
| Trajanka I lijevska, 20.07.2012 02:57:08 | draga redakcijo posto sum makedonka koja momentalno zivee vo afstralija se naogam uvredena od izjavite na lubco gorgief ako toj si ja prodade makedonskata verba na bugarite neznaci deka ima pravo site nas makedonci da ne prodava na nekoi si bugari ili grci zarem zaborava deka bese lider na makedoncite a sega saka da bide lider na kogo dLI SE PRASALE SO BRANKOZAEDNO NA KOGO SAKAAT DA BIDAT LIDERI AKO NIE NE SME MAKEDONCI I NASATA TATKOVINA NE SE VIKA MAKE DONIJA KAKO BI SE NAREKUVALE LIDERI NA KOGO TOGAS BI BILE ONI NA DRZAVA SO NAROD BEZ IME ILI??????????????? SRAMORA E OVA STO SE SLUCUV SAMO ZA DA SE SEDNE VO FOTELJA PA AKO E POTREBNO I NA BEZIMENOST LI? |
| M a r k o, 20.07.2012 06:49:48 | Lupco, povdlabise malku poveke vo istorijata. Istorijata ne ja pisuvaat samo Makedoncite. Pisuvaat i drugi. Citaj, ti treba poveke nauka za da ja prozboris vistinata.
Mozam da te soopstam deka poimite Anticki Makedonci i Sloveni, Slovenski Makedonci se sinonim od eden ist narod. Toa e Makedonskiot narod. Nemesaj babi i zabi i nepravi smutnji i branovi vo makedonskoto opstestvo. Tvoeto bese i pomina. Smirise. Sedisi na gazot madro. |
| ФЕЛИКС, 20.07.2012 07:24:25 | Во црковното,,анатемисување,, упатено индиректно до благонадежниот е револтот што еден анационален тип сака да го менува името по терк на соседот.Не се само тие револтирани туку и огромен дел од народот е револтиран од однесувањето на дотичниот.Причината е општо позната,земањето на државјанство на национален негатор,залагањето за менување име и се друго на државата и нацијата по терк на соседот, а при тоа ни ,,соли памет,, за повредени чувства со антиката е ептен перверзно.Потполно исто како да борделската популација заговара морал. |
| Ентитет, 20.07.2012 08:36:55 | Овој Љ.Г. неможе да се помири со “антиквизацијата“ која ја нема во Македонија, не заради друго туку неможе да најде поврзаност со Бугарското племе и Македонците. Затоа и од амблемот на ВМРО-ДПМНЕ во негово бвреме ја извади ѕвездада од Кутлеш. Ајде тој испукан балон нека си оди од јавниот живот. Арно ама, слатка е власта и безбедно се чувствува секој политичар освен САНАДЕР. |
| Bojan, 20.07.2012 09:08:09 | Дали некој може да му рационално аргументира на Љупчо:
„со додавање на античка Македонија се брише комплетната смисла на мисијата на св. Кирил и св.Методиј и на св. Климент и св.Наум. Ако имаме континуитет, чуму беа потребни мисиите на овие наши светци? Кого учеа? Кого воспитуваа? Кого христијанизираа и покрстуваа?“
Шах...
|
| Bogomil(ec), 20.07.2012 09:29:49 | На Црквата, односно на нашите мантијаши може да им се направат многу забалешки, пред се за нејзината тотална дехуманизација. Нејзината комуикација со верниците е главно во вербализмот. Пропаганда со догми, што значителна го ослабна нејзиниот авторитет. Меѓутоа, георгиевски е последниот кој би требало да биде меродавен критериум за нешто што носи МАКЕДОНСКИ ПРЕДЗНАК. СДСМ направи фатален превид што го стави во тимот за соборување на власта. Со него од својот шпил изби еден значаен адут. Како ќе и забележи дека во оваа властодржна братија има персони кои работат за туѓинска национална кауза дека, а во опозициониот блок го прибраа човекот што компонира влада од крајно штетни анационални суштества. |
| aleksandar, 20.07.2012 09:31:53 | мислам дека Љупчо е комплетно во право иако мислам дека тоа кој е во право во овој случај е крајно небитно. Пред се срамота е за синодот да се меша во политиката односно да одработува нечии агенди за политичка дискредитеција на политички противници. Синодот треба најпрво да размисли дека ги претставува верниците кои ги има од сите партии, дека не се верниците само од ДПМНЕ. На овој начин синодот прави раскол помеѓу верниците. Бедно и проѕирно звучеше пресот на синодот, како најдолни потрчковци од локален карактер без никаква смисла за одговорност и достоинство, фрлија отров меѓу верниците, рушат таму кај што треба да градат.... Се занимаваат со работи кои не му се во работа а не го работат тоа што се должни да го работат... |
| Македонец во САД, 20.07.2012 09:58:01 | Да точно, МПЦ е паганска црква затоа што и покрај сите усилби на вистинските цркви на соседите, успеа да ја одржи самосвеста на Македонскиот народ. За Лјубчо сигурно најголеми херои на христијанството се Грчките владици кои со вжарено железо ги прекрстуваа Македонците во Егејот и ги благословеа Грчките четнички банди пред да одат во походи, грабежи и палења на Македонските села. Да, така е Лјубчо, Грчката црква е вистинското слово Госпдово. |
| marjan makedonski, 20.07.2012 09:58:02 | LJubco e totalno istrosen politicar koj navistina ne znae sto zboruva...i ne samo kako politicar,tuku i kako covek.Za zalenje e,navistina |
| Milan Kumanovo, 20.07.2012 10:36:40 | Vo pravo e..Georgievski ama ne etoj koj treba da komentira.Najmalku e ljubco povikan da iznesuva takvi stavovi pa makar bilo seto toa tocno.. |
| Nikola, 20.07.2012 10:45:20 | Vo denesna Makedonija nikogas ne se zivele anticki makedonci - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html |
| Biljana, 20.07.2012 11:24:42 | Najgolemiot predavnik na R.Makedonija e ovoj politicar, zaedno so vraniskovski. |
| MakeDonalds, 20.07.2012 11:29:41 | Ljubco - CARE - upravo si... Ovije su kopuci nevideni... So tebe sme Vojvodo - vodi ni. |
| makedonoid, 20.07.2012 11:47:13 | na teritorijata na denesna makedonija hristijanstvoto kako veruvanje i religija megju narodot e prifateno vo 9 vek za vreme na vladeenjeto na bugarskiot knez boris-mihail koga denesna makedonija pripagala na bugarskata drzava, a antickite grkofoni makedonci koi postoele na prostorite na anticka makedonia 9 ne na denesna makedonija0 bile i ostanale paganski bezboznici kako sto se obiduvaat da bidat i ovie denesni takanareceni vladici na mpc-oa |
| eli, 20.07.2012 12:38:18 | MOZEBI LJUBCO E VO PRAVO ALI MPC DA SI JA GLEDA SVOJATA RABOTA A NE VO POLITIKA DA SE MESA IMA ZA TOA KOJ DA ZBORUVA POLITIKA NA POLITICARI GI IMAME DOSTA A TIE DA SI JA GLEDAAT RABOTATA VO MPC IMAAT SVOJA RABOTA NAJLOSO NESTO E CRKVATA DA SE MESA VO POLITIKA NO SAKAM DA GI ZAMOLAM DA NI ODGOVORAT USTE CEKAME STO E SO FRESKITE VO SV.DIMITRIJA NEKA NI GO OBJASNAT TOA CUDO OD VELGDEN CEKAME ODGOVOR POZ |
| пецо, 20.07.2012 12:50:57 | уште со појавата на вмро -дпмне деведесетите години на минатиот век тврдев дека ќе дојде до појава на национални преиспитувања бидеќи основачите на таа партија десперадоси од дијаспората и нивниот недоквакан пулен Љубцо такви глупости политички неодржливи тресеа па сега ова е се последица на таквиот нереален поглед лично верувам барем се надевам Груевски дека пробува да ги амортизира глупостите .ПС. БАРЕМ ЕДНАШ ВМРО НЕКА ГО ИМЕНУВА БЛАГОЕВГРАД СО МАКЕДОНСКОТО ГОРНАЏУМАЈА |
| Goce USA, 20.07.2012 13:10:08 | Kolku i d ane go sakam ovo LjuBco i kolku da e istrosen politicar i bugarofil, mora da priznaam deka e potpolno vo pravo! Ja kazuva vistinata i toa e toa. Samo ne znam kako uspea ovoj narodov nepismen da vleze odma vo filmot za antikata. Pa Vladata toa go pravi za biznis bre narode! Gledate deka plakjaat tipovi kako ovoj Feliks ovde sekoj den so godini da go perat mozokot? |
| bitolchanec za Makedonia, 20.07.2012 14:45:18 | Problemot na Ljubcho e vo toa shto vo najgolem del kazuva vistina koja denes vo Makedonia ne e zvanichno prifatena poradi toa shto drzavata kako i Crkvata denes imaat drugi vistini, vprochem kakvi imaat i site okolu nas, Grci, Srbi, Bugari, Albanci. Kolkumina megju nas chitale tekstovi i mislenja od najprvite, Krchovski, Pejchinovich, Zografski, Shapkarev, Djinot, ili pak na Tatarchev ili Sarafov od ponovite, ili pak na Konevski i drugi od najnovite. Kolkumina megju nas znaat do koga Bugarskata Egzarhija (pochetoci od 1870-1872) imala dominantno vlijanie vrz Makedonecot vo Vardarska, Pirinska i Egejska Makedonia, i zoshto. Kolkumina megju nas znaat koga, i so kogo e roden Makedonskiot literaturen jazik (so shto denes imame makedonski literaturen jazik, makedonska gramatika, rechnik, makedonski pravopis), stolbot na Makedonskiot identitet denes. Malkumina ! Nas vo najgolem broj ne biduva da istresime najpogrdni zborovi za onie shto ne go mislat istoto. Vprochem ne se toa samo lichni mis |
| Mudrec-do Bojan, 20.07.2012 16:59:19 | Tvrdenjeto na Ljubco e glupavo i nelogichno. Eve ti objasnuvanje - Kiril i Metodij gi pokrstuvaa paganskite Makedonci. Ne znam kaj ti e zabunata. |
| do Nikola i bitolcanec, 20.07.2012 17:59:32 | Golem del i od denesna Republika Makedonija zafakjala anticka Makedonija i antickite Makedonci vo golem broj ziveele i na teritorijata na denesna Republika Makedonija.Pogledni gi kartite za antickiot period i ke go vidis toa.Vo egejska Makedonija bil centarot na anticka Makedonija,no i egejskiot del na Makedonija e del od etnicka Makedonija.Tamu ziveat nasite sonarodnici Makedonci koi uspeale da opstanat i si gi baraat pravata od juzniot sosed.Makedonskiot jazik postoi so vekovi,a makedonskata literatura proizleze od makedonskiot jazik pri krajot na 19 vek.Literaturnite jazici od site evropski narodi pocnale vo 19 vek.pa taka i makedonskiot literaturen jazik. |
| Лукав, 20.07.2012 23:28:51 | Мудрецу , смени ја исхраната,Во девети век биле покрстувани паганските антички Македонци!!!!! Што чекале толку , кога христијанството е официјална религија во Римското царство од 313 година?!!!1Не знам дали си понеписмен ти или беломорците од Астраља!На Љупчо во познавањето на историјата не можете да му се фатите за малиот прст , а нашите владици се трагикомични полтрони и феликси! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 18°C
|
Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|