Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
19.07.2012, 17:09

Мислења

Кој се плаши од волкот лош?

Гордан Георгиев

Со сеопозициска соработка ќе биде разбиен митот за другарството помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

И бидна тој момент. Етничката македонска опозиција си подаде рака за соработка со албанската етничка опозиција. Си дадовме поддршка за предизборна соработка на локалните избори. Тоа може да се ефектуира во конкретна предизборна, мултиетничка коалиција, а може да остане на желба за соработка. Во секој случај, моментот е историски. Табуизираната тема во македонската политика, дека Македонците и Албанците мора да коалицираат од нужност, од немајкаде, од притисок, полека се разбива под притисокот на новото време.

Мене лично ми е криво што ваквиот момент настапува во тешки историски околности, кога Македонците и Албанците мораат да се бранат од своите, од власта. Криво ми е што она што не' обединува е злата крв којашто ја пушти Никола Груевски помеѓу народот. Дека сиромаштијата и неслободата на народот бараат обединувачка визија за спас од овој безизлез. Дека свесната политика на оддалечување од ЕУ и НАТО, диригирана пак од тој истиот Никола Груевски, бара сериозни напори македонските граѓани да се сплотат против домашните петтоколонаши.

Но, тоа е судбината на Македонија и Македонецот. Тоа е пирејот за кој пишуваше Петре М. Андреевски. Кога ни е најтешко, знаеме да бидеме најсилни. Така беше 1903, потоа 1941, па 1991. Конфликтот во 2001 и Рамковниот договор не' натера повторно да соработуваме за да си ја спасиме државата. Денес, во 2012 година, трите клучни предизвици за македонските граѓани се: сиромаштијата, недостатокот на демократија и несигурната иднина надвор од економско-безбедносниот чадор на ЕУ и НАТО. Ете тоа се точките кои не' обединуваат. Тие, и ништо друго. А зарем тоа не се трите клучни потреби кои огромното мнозинство македонски граѓани постојано ги бараат последниве шест години?

Притоа, не бегаме од темите кои не' разијдуваат. Ги има м��огу. Некои се непремостливи, за некои можеби ќе успееме да се договориме. Едно е сигурно, за сите теми отворено и јавно ќе разговараме. Па граѓаните нека проценат. Уште една работа е сигурна: на најшироката македонска јавност добро и' се познати ставовите и позициите на СДСМ околу сите клучни прашања во однос на минатото, сегашноста и иднината на Република Македонија. И познато е дека СДСМ е најголемата опозициска партија во државата. И тврдам дека СДСМ е во позиција да биде на браникот за сите теми кои може да и' наштетат на Република Македонија и македонскиот народ.

Немаме амбиција да ги усогласуваме идеолошките разлики со партиите од македонската десница, имаме амбиција да ја смениме власта и тоа не само за да дојдеме ние на власт, туку за да воспоставиме нормално живеење. Во услови на недемократија, идеологиите немаат простор да виреат, тие се потиснати од „идеологијата“ на насилство, страв, уцени и притисоци.

Соработката меѓу СДСМ и сите партии од опозициониот фронт ќе биде насочена кон решавање на проблемите овде и сега. Народот има потреба од социјален и економски напредок, повторно воспоставување на демократијата и граѓанските слободи, а не од бронзени тотеми кои создаваат поделби и омраза. Ќе работиме на обновување на Македонија како земја на живите луѓе, држава која се грижи за потребите и добросостојбата на народот, држава во која на сила ќе бидат вредности како хуманост, социјална правда и солидарност.

И сега, кој се плаши од волкот лош? Владејачката партија истури еден куп навреди и омаловажувања, подготвува десетици спотови против опозицијата, креира мрачни сценарија за Македонија. Сегашноста е толку мрачна, а утрешнината изгледа уште помрачна. Па ние сме живи луѓе, кои живеат и дејствуваат во Македонија, кои ја сакаат државата и сакаат нормална живеачка за сите граѓани. Зошто ДПМНЕ има толку потреба да ја анатемисува обединетата опозиција? Ако сме толку страшни и опасни за Македонија, нека не' остават на мира, секако граѓаните ќе го препознаат тоа. И Милошевиќ водеше иста таква негативна кампања против Ѓинѓиќ и ДОС, па видовме што се случи. Се' си мислам да не биде на крајот - народот не е во право, и кога греши и кога е во право! Така се однесуваше Милошевиќ, така се однесува Груевски.

Вториот долгорочен позитивен ефект од оваа сеопозициска соработка ќе биде разбивање на митот за другарството помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски. Уверен сум дека дури сега ќе се покаже дека има длабока нетрпеливост, длабоко и автентично антиалбанство во врвот на ова ДПМНЕ и длабок презир од страна на ДУИ кон примитивниот национализам и етноцентризам на сегашното ДПМНЕ. Ќе биде многу интересно да се види дали Али Ахмети ќе го следи историскиот чекор на неговиот соперник Тачи. Никола Груевски, родениот популист, нема да има проблем со ништо. Па тој се согласи да ги испазари Хашките случаи и уште многу други нешта само за да остане на власт. Ќе биде интересно да се види како Никола ќе му паѓа на колена на Али молејќи го да направат предизборна коалиција. На вистински тест ќе биде подложена ДУИ да им објасни на Албанците како тоа повеќе од четири години сложно владеат со ДПМНЕ, а Албанците не видоа ништо од тоа. Уште повеќе, ќе биде многу интересно да им се објасни на Албанците како тоа најголемата македонска опозициска партија повторно, како и во 2001 година, смогна сила и верба да им подаде рака на Албанците.

Да резимирам, оваа транснационална и метаидеолошка опозиција нема да мрази никого, нема да се конфронтира бадијала со никого, нема да истура гнев и да долева на тензиите кои веќе ги создаде сегашната Влада. Приказната е едноставна: сакаме да живееме во подобра, понормална, побогата, интегрирана и почитувана Македонија. Во таа битка, вратите за секој добронамерен и/или неодамна „освестен“ субјект остануваат отворени.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1902 пати.

Испрати коментар



Писма - Што треба да правиме
Судството задушено во политика
Политичка перверзија, втор дел



Hari, 20.07.2012 00:41:46
Se soglasuvam Gordane deka rabotite se menuvaat na podobro i deka naskoro ovoj poguben eksperiment za Makedonija , narecen, vladeenje na Gruevski ke go snema zasekogas i Makedonija ke prodolzi da zivee slobodno. Dokaz za toa, pokraj histerijata na Vlasta so spotovite se i pojacanite dezurstva na nasiot HEROJ od vesnicite Gospodinot FELIX:))))
Shto sakat patriotite?, 20.07.2012 01:21:18
Ne sum voopshto odusheven od nitu edna koalicija, pa ni od ovaa na SDSM so VMRO-NP i DPA, no neshto mi e mnogu chudno. Naime, ovie denovi tolku se udira po SDSM za nekakvi neprincipielni i demek neprijatelski koalicii, duri i na sobraniska sednica, kako da se tie partii fashistichki i so zakon zabraneti, ama ete Branko gi protura. Ne znam kakov e statusot na Ljubcho i NP (imashe nekoi sudski igri), medjutoa site se legalni t.e. spored zakonot odobreni, pa moze sekoj so sekogo da koalicira, kolku mu volja. I nikoj nikomu nema pravo da mu go toa sprechuva ili nametnuva so kogo da koalicira. Popat, neka im ja na narodot objasnat sopstvenata, toboze prirodna koalicija. Plus, Branko go krivat za predavstvo i podelba na Makedonija. A toj istiot Branko ja sprechi podelbata 2001 god. i onoj grkot vo ON go napravi lom. Epa, dragi patrioti, dodeka Grujo se samo fali i reklamira so vas i za vas, Branko - ostvaruva!
observer, 20.07.2012 04:13:46
Se ova ubavo zvuci megjutoa fali edna sitnica - Sto sustinski nudi SDSM (i istoriskata koalicija) kako alternativa na segasnava vlast? Osven deka sakate da gi smenite VMRO i frazi od tipot deka sakate podobra i pobogata Makedonija (koj ne saka?!) ne slusnavme nisto KAKO bi go napravite toa??? Imate li nekoj plan, strategija, pametna idea za razvoj i perspektiva na Makedonija...?? Na sto ce se bazira vasata kampanja....deka nema da pravite gluposti od tipot Skopje 2014?! I zatoa li mislite deka narodov ce glasa za vas?? Ili pak se nadevate deka so 100% servilnost kon sekoj treto-klasen diplomat od Zapad ce bideme ceneti povece i ce ne ranat dozivotno? Na zalost (ili sreca, kako za kogo) tie vreminja se vece pominati vo denesniov svet i mora da se ponudi jasna i hrabra vizija za toa kako ponatamu....Ova se razbira samo ako se pretendira da se bide vistinska elita i da se vodi edna nacija vo progres, a ne vo beskrajna stagnacija i mizerija sto na zalost nas ni se slucuva so decenii
jon, 20.07.2012 05:25:57
Kako Ali Ahmeti ke mu objasnuva na albancite deka za poslednite 4 godini ne dobile nisto Sto e to sto trebase da go dobijat Gordane ???
ФЕЛИКС, 20.07.2012 08:38:52
Интересанте алиби напис ама делимичен.Се објаснува надолго и нашироко коалицијата со ДПА а коалицијата со благонадежниот се споменува под ,,разни опозициски партии,,.Еден збор нема зошто е таа коалиција и потребата од неа.Дали авторот со тоа го покажува сопствениот отпор кон ова.По се изгледа се сака да се ескивира ,,лошиот волк,,оти електоратот не е Црвенкапа туку ловецот.И на крајот од написот ,,тие ве омаловажуваат а вие пак со нив,дојдете со нас,,Но токму со ова се подценува ДУИ.Во ДУИ ептен добро знаат да зад ова се крие да со ново мнозинство неизборно се освои толку посакуваната власт.А грижата за Албанците знаат да е политикантска флоскула.
devicanecot, 20.07.2012 08:52:27
Гордане, сепак очите и понатаму ти остануваат ширум затворени. Време е да се преиспиташ самиот себе си, поготово после оние дискусии, реплики и што ти не за Скопје 2014. Твојот Папа и во тебе си најде жртвен јарец, а ти упорно настојуваш да си ја оправдаш таа улога.
Коста Стоименовски, 20.07.2012 09:54:15
Власта е очигледно испаничена поради обединувањето на опозицијата, посебно поради договорот за „техмичка“ соработка меѓу СДСМ и ДПА. Меѓутоа, не треба да се потценува можноста за уште потесна соработка меѓу ДПМНЕ и ДУИ која е базирана на принципот „беса-бес“ и која останува како сламка за спас на нивните лидери. Власта ја обвинува опозицијата за подготвеноста за поделба на државата, иако самат�� упорно работи на језината практична примена со поделбата на плоштадите (плоштад „Македонија“ и плоштад „Скендербег“) со црквите и со џамиите, со знамињата, кои, условно кажано на македонскиот дел се виорат на скапо платени високи столбови, но не знам дали вакви столбови има и во албанскиот дел, со стопанските комори (Комора на Северо-западна Македонија од една и СКМ и ССКМ од друга страна) со поделбата на буџетот итн. итн.
ДУО ТРИО „БЉТ“ - Бранко, Љубчо и Тачи, 20.07.2012 09:56:09
Остави го Гордане митот за другарстовото мешу Груевски и Ахмети. треба да напишеш нешто за најновото другарството на ДУО-ТРИО - Бранко, Љубчо и Тачи.
Трпе, 20.07.2012 10:22:03
Актуелната власт се однесува како ранета зверка или како змија во опасност.Се плаши да ја изгуби власта не дека е лесно веќе да се води државата во овј карамбол во која е доведоа.Таа неможе да објасни каде се ненаменски ги арчеше народните пари истовремено преку криминал правење профит.А за секој криминал се одговара така велат тие.Другата опасност е што државата ја испокара со сите пријатели а со соседи незнат како да се однесуват.Затоа се трудат по секоја цена да ја задржат власта.Кој да дојде на власт по нив нема да му е лесно,државата ни има течка болест.ПРЕЗАДОЛЖЕНА Е.
Mudrec, 20.07.2012 10:36:11
На вистински тест ќе биде подложена ДУИ да им објасни на Албанците како тоа повеќе од четири години сложно владеат со ДПМНЕ, а Албанците не видоа ништо од тоа. Уште повеќе, ќе биде многу интересно да им се објасни на Албанците како тоа најголемата македонска опозициска партија повторно, како и во 2001 година, смогна сила и верба да им подаде рака на Албанците. Navistina ocekuvate Makedonski glasovi posle ova? Smacheno ni e od vasite podavanja na race na site, osven na Makedoncite.
milan, 20.07.2012 10:56:09
Godane ja pozdravuvam sekoja odluka za sorabotka,i krajno vreme e lugeto so razlicni politicki mislenja i stavovi,da im go pokazat patot na gavolite kon pekolot.Po zavrsenata rabota sekoj si ostanuva na svojot stav. POZDRAV.
Битолчанец, 20.07.2012 11:05:15
Гордане, одличен текст. Точно е кажано заради што стапија во коалиција СДСМ, ВМРО-НП и ДПА. Злото наречено Н.Г. ги обединува сите во Македонија. Нашата држава се движи во погрешен правец и е на работ на амбисот. Доста е терор и собирање арач, доста му е поделби на народот, едноставо...ДОСТА Е!
Крт, 20.07.2012 12:35:46
Гордане, да имаше коментар од Феликс можеби и јас ќе добиев некоја идеја да ја искоментирам вашата колумна. Овака, нема што да додадам на вашето јасно, концизно и прецизно пишување. Сега очекувајте од центарот на ДПМНЕ (нормално за лаги манипулации) , плукање, приземни удари и навреди. Феликс....СТАРТ!
pretpriemach, 20.07.2012 14:50:39
Zosto e napravena koaliciata Crvenkovski-Georgievski-Taci? - za da go simnat Gruevski od valst?? Zosto da go simnat od vlast??? -ZA PARI!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!. Lugeto se dolgo vo opozicija i im snemuvaat pari... ne deka ne prisvoile golemi kolicini drzavni pari, ami tie se naviknati da ziveat na visoka noga i brzo im se namaluva kupceto... Ako mislat deka bez solidna programa pred se ekonomska, bez otcet za dosega srabotenoto, a samo so beskrajna zelba da ja smenat vlasta za da dojdat tie, glasacite ke glasaat za niv navistina se vo zabluda... Pari na site ni trebaat.. Site sakame da ziveeme vo izobilstvo... no kolkavi ni se moznostite spored objektivnite pricini, a kolku subjektivno sme pridonele za nas pokvaliteten zivot??? Sekoj neka si napravi matematika... i nega si glasa po svoe ubeduvanje, jas ne mislam da glasam za nekogo samo zatoa sto toj misli deka mu e od boga dadeno da zivee vo izobilie i toa bez gram vlozen trud!!!!!
Ljupco, 20.07.2012 15:08:29
Mozebi edna vakva koalicija ke doprinese vo skoro vreme da se razbie tabu temata -formiranje NEETNICKI - GRADJANSKI partii sto za Makedonija e edinstven pat za dolgovecnost. Ja podrzuvam i se nadevam na uspesnost ,a ovaa korumpirana vlast na DPMNE i DUI da si zamine vo istorija.
do Gordan, 20.07.2012 16:40:11
Ima takvi stolbovi so golemi makedonski znaminja i vo Tetovo.Gostivat.Debar.Cela drava e makedonska,nema drugi delovi Kosta.Ti Gordan kade gledas primitiven makedonski nacionalizam?A ne gi gledas ili ne sakas da gi vidis primitivnite nacionalizmi od sosednite drzavi.Ne ti smeta primitivniot nacionalizam i od DPA sto bara federacija i demontiranje na Makedonija.Ne ti smeta toa i od DUI.SDS podal raka na UCK vo vreme koga vrsea ubistva na makedonski vojnici,civili,policajci vo 2001 g.Vlasta so toa sto ne dava se ona sto bara DUI ne e antinesto.So vakvi tekstovi kako tvojot Gordan,samite sebe si nastetuvate kako partija,no toa e vas problem.Posle narednite izbori povtorno ke se cudite zosto SDS izgubil.Poradi nemanje patriotizam.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |