Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
19.07.2012, 17:10

Мислења

Политичка перверзија, втор дел

Тодор Пендаров

Која е целта на Фондацијата „Отворено општество“, која ни се наметнува како единствен носител на демократските процеси

Врвот на општествената перверзија за неделава е акцијата на Фондацијата „Отворено општество“(читај Сорос). Оваа невладина организација на чело со својот вечен директор, повикувајќи се на Законот за слободен пристап на информации, испрати околу 80 (осумдесет) барања со кои се бараат најразлични информации. Во новинарските кругови се шушка дека Фондацијата „Отворено општество“ вакви барања испратила до сите државни институции.

Што се однесува до Собранието речиси сите барања се однесуваат за периодот од донесувањето на новиот Деловник или Законот за Собрание (2008), па до денес. На пример, бараат извештаи од работата на сите работни тела (Собранието има 21 комисија и работни тела) за период од четири години, и тоа фотокопии. Понатаму, повикувајќи се на Законот за Собрание член 8 (се однесува на средби со граѓани, невладини организации синдикати) бараат листа на сите остварени средби за секој пратеник поединечно!? Во споменатиот член пишува дека пратеникот остварува вакви средби, ама никаде не пишува дека за тоа мора до го извести Собранието или претседателот, а уште помалку дека парламентот е должен да води некаква евиденција. На вакво прашање не може да добиете одговор во ниту еден парламент, бидејќи тие контакти се пред се' во функција на партиските активности и програми, кои потоа пратениците и партиите можат да ги артикулираат во парламентите.

Или, дали е донесен некој Закон и ако е донесен, во кој број на „Службен весник“ е објавен. Вака поставени прашања, а ги има околу 80, најблаго речено е вистинска злоупотреба на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Не мислам дека кога станува збор за отвореноста и транспарентноста на Собранието работите се идеални, но факт е дека со воведувањето на таканаречениот И-��арламент (електронски парламент) Собранието според оценките на меѓународни субјекти се вбројува во групата на најтранспарентни парламенти во Европа. Понатаму, со публикацијата „Мојот пратеник“, како и редовните годишни извештаи можат да се видат сите активности, како на пратениците така и на Собранието.

Ако господата од Фондацијата Сорос ја отвореле веб-страницата на Собранието ќе можат да најдат буквално се' од она што го бараат во овие осумдесетина прашања. Собранискиот канал, а има и стриминг, можат во живо да се следат, а на веб-страницата можат да се најдат аудиозаписи од воведувањето на И-парламент додека стенограмите ги има за сите седници од 1991 година. Понатаму сите материјали кои влегуваат во Собранието се објавуваат на веб-страницата и така натаму.

И на сето ова сега собраниската администрација да го задоволи ова перверзно барање на Фондацијата „Отворено општество“, покриено со демократска флоскула за транспарентност, ќе мора барем еден месец да не работи ништо друго, туку да копа по материјалите, да направи десетици илјади фотокопии (така бараат од Фондацијата), да се потрошат на десетици тонери... а се' друго што е во рамките на редовното работење да застане. Парите за сето ова се надевам дека Фондацијата „Отворено општество“ ги има, бидејќи во член 29 од Законот за слободен пристап на информации јасно пишува дека ако станува збор за поголеми трошоци, имателот на информациите може авансно да побара средствава од барателот на информациите.

Се прашувам која е целта на Фондацијата „Отворено општество“ за која досега повеќе пати имам јавно напишано дека во изминативе дваесет години ни се наметнува како единствен носител на демократските процеси во државата, а во суштина е само приврзок и добар војник на една политичка (читај СДСМ) партија. Невладината организација ГЕМ, во која главен е директорот на „Отворено општество“, сега поднесува кривични приј��ви против сите пратеници кои гласаа за Законот за лустрација иако пратеникот според Уставот не може да биде повикан на одговорност за гласање или за изречени ставови во парламентот?! А сега Фондацијата „Отворено општество“ со вистинско цунами од прашања испратени до сите државни институции ќе го решава проблемот со транспарентноста!? Во колумната објавена во „Утрински“ на крајот на јуни напишав дека транспарентноста во работењето на државните институции и достапноста до информациите од јавен карактер ќе треба пред се' да го актуализира Здружението на новинари во функција на јакнењето на слободата и независноста на медиумите и новинарската професија. Дали тоа подразбира измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, дали се потребни некои други мерки не знам, тоа е прашање за експерти и стручната јавност. Ама знам дека со стотици прашања испратени само до парламентот, и тоа среде лето кога половина од луѓето се на одмор, освен ако се сака да се создаде перцепција како оваа владејачка структура е недемократска, диктаторска, корумпирана, друга цел нема. Факт е дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт Фондацијата Сорос и нејзиниот незаменлив директор секогаш ја верглаат оваа песна. Во суштина во овие 20 години Фондацијата „Отворено општество“, заедно со многу други невладини организации кои на овој или на оној начин се под неговата капа, се' повеќе наликуваат на некакви паралелни парадржавни институции отколку на отворено општество. И сето ова ме потсети на посетата во британскиот парламент пред две години, кога присуствував и на една надзорна расправа. Тогаш го прашав еден од тројцата највисоки службеници, каква им е соработката со невладиниот сектор. Човекот се насмеа и одговори: „Знаете, како парламент ние сме ориентирани до стручната и експертската јавност, а не кон невладиниот сектор“.

(Авторот е државен службеник

и изразува свои лични ставови)


Статијата е прочитана 1196 пати.

Испрати коментар



Писма - Што треба да правиме
Судството задушено во политика
Кој се плаши од волкот лош?



petre, 20.07.2012 00:19:18
Со која експертска и стручна јавност соработуваат нашите паратеници, или Вие собраниските службеници г- дине Пендаров. Дај укините ги невладините организации исто како Путин и мирно дебатирајте и владејте без „непријателите„
Kafeandzija, 20.07.2012 01:30:20
Uporno se falat deka rabotele 24/7, epa neka rabotat! A kolku rabotat Todore i samiot znaesh. Edinstveno gi ima vo restoranot na sobranieto, bidejki tamu e bagatela. Ako jadenjeto i pienjeto se smatra za rabota, togaj - ok! PS: A mozeme li nie obichnite smrtnici na pojadok ili kafe vo toj restorant i pod koi uslovi?
respekt, 20.07.2012 02:22:11
Врв на општесрвената перверзија последнава година е некогашното новинарче а сега државен службеник Тошо Пендаров. Прв дел- Тошо е дел од власта која се наметнува како единствен носител на демократските процеси во Македонија. Втор дел- Тошо тврди дека Собранието е ептен транспарентно и секој што ке побара информации од истото е соросоид(читај, СДСМ). Трет дел-Тошо демократската фоскула, не може да ги задоволи перверзните барања на Соросоидите.Четврт дел-Тошо во суштина е само привезок и добар војник на една политичка партија(читај ДПМНЕ).Петти дел од политичката перверзија-Тошо ја споредува транспарентноста на Британскиот парламент и Македонскиот (сосе послушниците на Груевски). П.С.Разликата измегу ,,Отворено општество,, и Тошо е во тоа што овој вториов вечно мокри со ветер!
ФЕЛИКС, 20.07.2012 08:08:23
Ова е уште еден синхронизиран напад на институциите на власта од страна на Шатевци преку својата испостава.Демек еве независната(кога би се зезале)невладина фондација покажува активност.Па председателот на фондацијата не бил џабе во врвот на Шатевци.И на крај примерот со Британскиот парламент е доказ колку една невладина фондација е опозициски расположена (а треба по сите мерила да е политички неутрална )а се става над експертската јавност.Имаат пари нека направат трибини (ама со неутрални експерти а не со сопартијци)нека ова го опсервираат.Нормално ако се најде време помеѓу две пропаганди како да се смени името по терк на соседот.
Miki, 20.07.2012 08:35:17
Ne znae covek dali da se smee ili da place..Novinar(barem taka se pretstavuva) ni drobi ovde kako malo Putince!? Do kade li odi politickata pa i covecka travestija vo drzavicevo ni koga nekoj koj po definicija treba DA JA BRANI sekoja institucija, zdruzenie, grupa neka e, koja se bori protiv totalitarizmot - ovde ja napagja??? Cela srekja sto ovde se znae deka nekoj drug a ne Putin gi mesa kartite! A na tie sto placat za *Ein Staat, Ein Volk. Ein Fuhrer* pa ene im ja Moskva, 2 saati so avion...
OTCET, 20.07.2012 16:05:13
E pa Todore neli ZAKONITE VAZAT ZA SITE EDNAKVO? E pa ne e transparentnost toa sto ke go rezirate na spotovite, tuku sto imate na hartija! Vo koja jas da ti kazam se somnevam deka ne e falsifikat, za razlika od tie od fondacijata koi ete probuvaat i platat za da dojdat do informaciite. NO dzabe se voznemiruvas novinarce zatoa sto prstot za izmenite na zakonot treba da si go nasocis kon Sobranieto. Da, da toa istoto Sobranie koe ODRZA NADZORNA rasprava za Zakonov koj ti otvoril rabota vo leto, AMA NE NAJDE VREME ZA ZAKLUCOCI. Poveli nakdi gi ti na webot na koj se povikuvas i stavi link vo slednata kolumna da gi procitame!
mene, 20.07.2012 22:42:20
Pa nemaj gajle be Tosho! Nema potreba od kopiranje, simni gi od web i prati im gi togas, sto se sekiras za obemot na rabotata?!?!!?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Недела
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |