Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
19.07.2012, 18:59

Илија Димовски: Претеравме со еден-два споменика

Втор ден остра собраниска расправа за „Скопје 2014“

Горан Адамовски

„Можеби претеравме со еден-два споменика“, призна на собраниската говорница Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорајќи на нападите на опозицијата, Димовски уште еднаш повтори дека спомениците се најмал дел од проектот „Скопје 2014“, оти се градат домови за државните институции, се делат земјоделски субвенции, а власта паралелно ги зголемува платите и пензиите на граѓаните.

Димовски, всушност, му реплицираше на Ивон Величковски од ЛДП, кој зборуваше против „Скопје 2014’“ од сите аспекти: од тоа дека антиквизицијата значи менување на историјата, преку расипничкото трошење во услови на сиромаштија, а стигна и до цената на бензините.

„Цената на бензините не зависи од нас, а плус тоа се најниски во Европа. Колега Величковски, кога ќе одите во Грција на одмор, уште тука ќе го наполните резервоарот“, врати Миле Пачемски.

Пратениците од власта, всушност, постојано водеа реплики со Величковски. Малиша Станковиќ праша зошто опозициските градоначалници го копираат проектот, градејќи плоштади и споменици во своите општини, а Светлана Јакимовска потсети дека нови згради ќе добијат: Уставниот суд, Јавното обвинителство, Државниот архив, Филхармонијата, Народниот театар...

„Колешке Јакимовска, Вие сте од Кисела Вода. Зошто не го поправивте покривот на ОУ ‘Невена Георгиева - Дуња‘? Да не градевте куполи за Собранието, ќе имаше пари и за други работи. Ама сакате простор, канцеларии, луксуз, па скративте од граѓаните“’, возврати Величковски, на што „спикерот“ Трајко Вељаноски констатираше оти првпат слуша некој во Собранието да се пожали за градежните зафати во законодавниот дом.

Расправата доби историски тек. Избраниците на ВМРО-ДПМНЕ повторуваа оти на овие простори живееле луѓе и пред Словените, оти името Македонија е античко и оти во проектот „Скопје 2014’ се опфатени исти историски нишки на Македонија, со цел надградба на македонската историја и свест.

„Ако викате дека античките Македонци биле Грци, зошто тогаш Судот во Хаг донесе пресуда дека Македонија не го краде туѓиот, односно грчкиот идентитет“, праша Силвана Бонева на што Величковски и' се обрати со зборовите: „Античка струмичка војвотка“.

„Го напаѓате проектот затоа што ќе го одбележи владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а не затоа што не ви се допаѓа“, поентираше Јордан Пачков, на што опозиционерите контрираа дека конечно дознале зошто се прави проектот: за да се одбележело владеењето на Груевски.

Кој е патриот, а кој е предавник беше неизбежен фолклор и на вчерашната расправа. Пратени��ите од двете партии си дофрлаа од место, навредувајќи се на национална основа. Си префрлаа кој повеќе крадел и во чие време, кој се борел за името, а кој за идентитетот.

„Зошто не ставивте знамиња во училиштата? Така се гради идентитет, а не со турбофолк во Прилеп“, беше дел од излагањето на Митре Велјановски. Тој бараше да не се силува историјата.

„Кое знаме го барате? Тоа што беше изгласано од цел Парламент или тоа што го сменивте преку ноќ под притисок на Грција“, реплицираше Илија Димовски и додаде дека Владата поставила 30 јарболи со огромни знамиња.

„Колеги, има ли шанси да се разбереме“, беше прашањето на Велјаноски, кое најдобро ја илустрираше и вчерашната втоа расправа за „Скопје 2014’.


Статијата е прочитана 8304 пати.

Испрати коментар



Увезен терор во Бургас
Грција ги чека македонските пораки до Нимиц
Пироман од инает го запалил Патетино
Нова слика во македонскиот пејзаж
„Монструм“
Не смее да не' скара спорот за името
На ѕидот на срамот 13 лекари
Порака на поглаварот на ИВЗ за Рамазан
Странските инвеститори полесно ќе ангажираат свои работници
Георгиевски ја обвини МПЦ за паганство



pile, 19.07.2012 23:53:58
Nedostasuva (osnovano, mnogu imase) edna izjava koja misli deka ke pomine nezabelezjano na G-din Ilija Dimovski od DPMNE ispratena od govornicata,,,znaeme nie zosto se formira opoziciskata koalicija za promena na imeto no nema da go dozvolime toa.Memoriskata karticka neka ja vrati malku i da odgovori zosto vaka ne reagirase koga negoviot lider se soglasi za ime Republika Makedonija (Skopje) pred Samitot vo Bukurest, tuku glavite vo pesok site DPMNE-vci(vo idnite tekstovi Skopjani) gi stavaa.Nemate pravo gospodo od DPMNE,za se mozje da go mavtosuvate vaseto glasacko telo no za promena na imeto e isto kako da pocnete so Vasiot poznat vokabular pred izborite 2006 godina za ucesnicite od ONA vo konfliktot 2001 godina da gi narekuvate teroristi,nepominuva toa veke, kako i namesto sudski postapki za tranzicionite oligarsi Vie ne go izglasavte Zakonot za nezastaruvanje na takvite dela i sega vo postapka pri lustracija ke gi javno objavuvate.Aman veke od Vasiot patriotizam.
petre, 20.07.2012 00:14:01
Во Македонија се претера со многу нешта. Тоа како народ ќе го осознаеме после неколку години. Но тогаш ќе биде касно за каење.
od prilepcanec, 20.07.2012 00:30:47
zosto ovie od vlasta seuste mislat deka narodot uste mu veruva kajse najduva toa podobro ziveejne vomakedonija nie vo prilepnemame nisto podobro oseteno osven parkovi a sega se pocna iso spomenici dase gradi vo prilep ama dagi vidite resenijata za posledniot spomenik go namestija na srede ulica do koga ovaj napaten narod cego trpi ova samovolie na dmne
Vo prashanje se 222 spomenika, a ne 2., 20.07.2012 01:48:17
Ako se samo dva spomenika vo prashanje, neka se, ke vi gi prostime! No se mi se chini deka preteravte so vladeenjeto i praktikuvanjeto na vlasta, a i so mizernite nastapi i opravduvanja. Posebno od strana na Dimovski, Bichikliski i naravno, nenadmashnata antichko-strumichka vojvotka. Koga ke se otrezni od iluzijata za svoite nastapi/govori, verovatno ke se krie od sopstveniot sram.
dedo dimo, 20.07.2012 05:48:37
Luge zoshto se napagate .Vo vremeto na Tito sekade niz Makedonija i na sekoj chekor izniknaa spomenici od Partizani a sosema malku od poraneshnite makedonski PATRIOTI koj gi dale zivotite za Slobodna i samostalna MAKEDONIJA togash site kutea oti za toa vreme ako progovoreshe Makedonskite Udbashi ke te oteraa na GOLI OTOK a ne vo Indrizovo.Vladata na Gruevski sepak pravi neshto i toa ke ostani za idnite generacii .Prashanje e shto napravija Vladite na SDSM i VMRO pred Gruevski ?.Odgovor Apsolutno nishto !Edno shto napravija e zaglavija zemjarta so prifakanje da se zboruva za imeto i do denes umesto kako shto beshe javeno deka e PRIVREMENO za 2-3 meseci eve pominaa skoro 20 godini iushte tapkame na edno mesto.Prashajtese koj ispadnaa po GlupaviOvie na Gruevski ili tie od SDSM na chelo so Branko ?.
ФЕЛИКС, 20.07.2012 07:12:53
Како прво и основно кој држи до менталната хигиена одамна би престанал да ги гледа собраниските седници,на кој одделни пратеници покрај вербалните гимнастики презентираат примитивности.Како второ г-дин Димовски иако срамежливо признава за 1-2 претерувања,јас би му додал да сем 1-2 споменика се друго ептен претерано.И како трето потомокот на пернатата популација намерно заборава да и неговиот лидер го подржа предлогот пред Букурешт за промена името.За козистентноста на однесувањето токму неговиот лидер е апсолутен шампион кога прави коалиции со дотогашни ,,смртни непријатели ,,во секој поглед.И на крај колку на кои им верува народот доказ е ,,пиењето,, дузина изборни порази од една страна или победи од друга страна,кој како ги гледа и чувствува работите.
НЕВЕН ГНЕВЕН, 20.07.2012 07:55:42
Што мисли тој Димовски, сите земаат плата или пензија по 150.000 и плус привилегии како нив? Ајде израчунај (белки имаш учено сметање), колку литри бензин може да се купи со просечна пензија од 10.000 денари и направи споредба со другите држави. Само изгледа наместо да мислиш со своја глава, друг за тебе мисли (како и за другите). Но ништо посалам не се и тие од опозицијата, кој дојди на власт, само стрижи и бричи на суво, никако да се наситат. Така е кога нашле овци.
petko, 20.07.2012 09:26:31
ne lici naparlament, samo na banda so banditi, koj kradat pod mototo na zastitnici na imeto i nacijata. Banditi nikogas nemozat sa napravat i odrzat drzava, tuku samo Banda. Spomenicite ke obelezuvaat edno vreme koga bile na vlast bansitite.
makedonec, 20.07.2012 09:32:37
ako mislat ovie od dpmne deka sme maloumni se lazat.nivnite lagi ne dopiraat do nas .ne veruvame vo nivnata prerodba vo sto cekori.tie ne vratija sto cekori nazad.dali preterale so eden ili dva spomenika neznam dali e taka.ja preteraa so se sto napravija bez potreba i se ukradoa pari narodni od nasite dzebovi.narodot nr vi veruva poveke trgnete se od vlasta ostavete da rabotat drugi koj se posposobni.vie se dokazavte samo vo trosenje na nepotrebni spomenici i kradenje.
умен, 20.07.2012 10:17:04
првиот коментар од прочитаното ми светна мислата дали овие дискусии се од припадници на две нации народи !? Па како може толку врева да се рева за еден проект кој е во една држава -претпочита една нација а вревата да е двонационална?!
Стојко, 20.07.2012 10:24:47
Можеби претеравме со еден-два споменика - ова да го кажал на 1-ви април , ќе беше смешно.
milan, 20.07.2012 10:30:46
Kakov narod sme? dali sme uplasen narod?Nekoj da vi redi spomenici za polovina miljarda evra,si mislev deka narodot na kloci ke go izbrka od MK. a ne vlasta da ja vodi.Gradonacelnik da vi posadi vrbi srede Vardar za 200 do 300 iljadi evra e toa e poveke od sramota.Krenite do prviot selski potok i ke videte cudo takvi vrbi.Ne znam kako ne gi sram pratenicite od vladejackata partija taka lesno da minuvat preku tie budalavstini i pri toa da ne ubeduvat kako ubavo ziveeme.
b, 20.07.2012 11:09:36
Ja izgubivme drzavata so vakvi nepismeni luge koj se na vlast kako Ilija Dimovski so sredno vecerno i Silvana Boneva tuto bugarka so tapija cela familija, i sega ke ne ucat sto sme bile nie makedoncite sramota .No ke ve izdrzime uste malku.
Трпе, 20.07.2012 11:20:19
Во РМ според кажувањата на власта пари им за се.Пари има за субвенци на земјоделците а тие бегат од сопствената земја и одат во странство пак да работат земјоделие.Има пари за здравството а да не даде господ да мора човек да го користи државното здравство и за електронски картички како просјаци ке земат.Пари има за образование,бесплатни учебници кои ке се користат за 5 генераци ако не се сетат и за десет а учениците се понеписмени.Немат пари да платат на превозниците на учениците.Се казнува за се и сешто па уште малку некој ако вдишува повеќе воздух.За споменици пари има ама не им плакат на многу изведувачи.Само таму во културата која е непроценлива најлесно се перат парите.
ilija, 20.07.2012 11:20:37
Спомениците се во ред и привлекуваат туристи секојдневно од цел свет и сите се восхитуваат од тоа. Дали кога луѓето купуваат облека и се дотеруваат и се ценети според тоа? одговорт е да. Значи дека ако не изгледате добро и пристојно никој нема да ве гледа, така е и со Скопје и со Македонија. ова е вистински напредок на нашата земја па дури и под услов да е озборуван.
Zastavnik Dzemo, 20.07.2012 11:26:39
Ne mi se veruva deka patriotive go spomenuvaat znameto. Pa tie celo vreme se zalagaa za zname so lav i na kraj se izglasa toa zname za da imame nekoj kec vo rakavot, demek nie ke go smenime znameto, vie ostajte ni go imeto. I sega, golemi zastitnici na toa zname se. E bog da cuva.
Крт, 20.07.2012 12:28:52
Вие од Д(р)ПМНЕ би можеле да направите и еден споемник за сите споменици. Така,простум поставена биста на некој денешен народен маченик, со прстот во уста и со вкрстен и заматен поглед, загледан во незвесната иднина што ни ја ,,обезбедивте,,. За кои зголемени пензии зборува И.Димовски, кога зголемувањето ни го ,,лапнавте,, преку парното, струјата, лековите, ТВ, воздухот, водата...и насмевката ни ја забранивте. Единствено што остана е само да се смееме на ова што ни го приредувате со Скопје-2014. (реално не вративте години наназад). Казната кога-тогаш некој ќе ви ја напише и испорача. Поштарите како Феликс само чекаат на ,,готовс,,
Леонид, 20.07.2012 12:40:41
Агендата на ткн опозиција од југословенско, бугарско грчки произход е јасна. Октроирана држава, без македонски народ и нејзино исчезнување. Незавсно од глупостите што ги прави сегашната Власт со одредени непродуктивни трошења, полошо од враќањето на СДСМ - СКМ партија на југословени и сервилни полтрони за Македонија нема. Тие ниту знаат, ниту можат ниту имаат капацитет.
Jovo, 20.07.2012 13:19:22
Ivon Velickovski ne e od LDP,tuku od LP,a toaa e mnogu golema razlika vo politikite na dvete partii,pa ottukaa i Vasiot cenet kolega koj go napisal tekstov MORA da ja aznae istata razlika pomedju LDP(Liberalno-Demokratskaa Partija) i LP(Liberalna Partija).
suze, 20.07.2012 14:00:33
Проект на вмро да, но со народни пари.Нека дадеа од свој џеб па тогаш да видевме дали воопшто ќе помислеа дали на ваков мегаломански начин ќе го одбележуваа своето владеење.
do dedo dimo, 20.07.2012 14:16:22
hahaha barvo dedo edinstven covek koj dosega ja napravil najdobrata sporedba,citiram,,za toa vreme ako progovorese Makedonskite udbasi ke te oteraa na goli otok a ne vo idrizovo,,znaci denesnive patrioti ako progovorime posto ne ke mozat vo goli otok ke ne pratat vo idrizovo,samo nekolku popravki inaku komentarot vo pocetokot ti e na mesto,mozebi vo toa vreme niknele spomenici no ne kako so ovie,izgleda pocvata mu se pogodi plodna pa izniknaa mnogu odpojke,a za imeto i drugi raboti so kazuvas sekoj sto ne ja vrsi rabotata se menuva pa taka dedo i ovie tvoite sto se sega se preku 10 gd na vlast pa nisto znaci nesposobni pa ke bidat smeneti,.,,ako ne veruvas vo toa prasj go FELIKS,...
Минувач, 20.07.2012 14:22:45
Слушајќи ги народните „избраници„ со нетака лоши примања како млатат празна слама и немајќи аргументи посегнуваат во минатото и се однесуваат како од нив да почнал светот.крајно време е шумарот или ти гораџијата да се налути и да ги избрка сите и да појдат да подгаснуваат пожари ама таму не е климатизирано па незнам дали ќе издржат. Овој напатен народ треба да живее достојно сега и овде,а не да бега по белиот свет.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |