Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
17.07.2012, 20:40

Поглед

И фалбите имаат мера

Јасмина Јовановска

Речиси нема ден, а првиот човек во здравството Никола Тодоров да не излезе пред јавноста или како гостин или во свое име да се пофали за тоа што прави за да го подобро здравството. При тоа се јавува во разни улоги од економист, лекар, до стручњак за протоколи, за лекови и што се уште не.

Само во последните четири дена министерот Тодоров одржа три прес- конференции, а беше присутен и на еден настан со премиерот. Се појави во Црвен крст за донација на болнички кревети, потоа заедно со премиерот ја промовираа новата лабораторија за патологија, појде до Брза помош да каже колку се почитуваат препораките, и врв му беше прес - конференцијата за купување на пижами за пациентите.

Што е многу, многу е. Како што тргнал со настапите Тодоров сигурно веќе го надмина и својот претходник во желбата за сликање и да се прават паради од се' и сешто. Нема да биде ништо чудно ако еден ден министерот излезе во јавноста само за да каже дека Министерството за здравство решило да купува и тоалетна хартија за болниците.

Добро е да се има постојана комуникација со пациентите и да им се помага на здравствените установи за болните да имаат попријатни услови за лекување. Но, не може пациентите само да слушаат што има министерот да каже. Министерот треба да ги чуе и пациентите колку имаат аир од неговите проекти. А критиките треба да се сфаќаат како добронамерни, без разлика дали се позитивни или негативни.

Ја разбираме потребата на министерот да се држи до агендата на Владата 24/7 и да покаже колку е амбициозен како министер за здравство. Но и во фалбите треба да се има мера. Во спротивно, никој нема да го сфаќа сериозно.


Статијата е прочитана 1852 пати.

Испрати коментар



Апокалипса во Патетино
Ќе се избере ли денес претседател на Врховен суд?
Владини веб-страници за информирање или за рекламирање!
ЕУ поддржува „балкански Бенелукс“
Доцна е за корекција на оперираното лице на Скопје
Вељаноски го кани грчкиот колега во Скопје



mitre, 18.07.2012 07:13:46
Не ѕнам дали во светот постои држава во која министерот ѕа ѕдравтсво е главна ТВ Ѕвеѕда.......... секоја вечер на телевиѕија....... Да ѕамислиме ова да се случи во САД??????? Ова е уште еден докаѕ дека живееме во свет на пореметени вредности...........
ФЕЛИКС, 18.07.2012 07:38:01
Кога треба да се избира помеѓу фалби и нешто друго,подобро е да се слушаат фалбите одколку она другото.Па така ќе чуеме фалби за дузина лекови кој се ставени на позитивната листа,па ќе чуеме фалби за осовременување на болниците со апарати и друг потребен материјал,фалба за подигање на степенот на учтивост,одговорност на релација доктор-пациент,фалби за удирање по лепливите прсти на поедини доктори и т.н Она нешто другото е да немаме министер за здравство фатен на граница со куферче милонско девизно,па немаме азилантско бегство од правдата на министер за здравство кај источниот сосед,па немаме 8-мартовски златнини како дарови од парите на осигурениците и др. просветлени однесувања од минатото.
Istocna Makedonijas, 18.07.2012 08:25:22
Narodot veli:,,Fali me usto,raskini me,,I pokraj toa ministerot Todorov,barem e agilen,energicen,dinami cen.Koj raboti i gresi,no moze i dobri potezi da pov lece.
od ostrijot, 18.07.2012 09:37:12
so falbi politicarite gi pokrivat svojite slabosti .
Велемајстор за интриги и подметнувања, 18.07.2012 10:24:51
Велемајсторот за интриги, манипулации, измами и подметнувања ја обвинува опозицијата за она што самиот го прави по принципот на „перпетуум мобиле“ 24/7/12/7. Практично сите електронски и печатени медиуми му стојат на располагање за пропаганда и маркетинг што ќе направи од почетокот на идната година (пред локалните избори) или од 2015 година (кога треба да се одржат редовните парламентарни избори. Покрај него главни „ѕвезди“ во медимите се потпретседателите на владата, министерот за здравство, министерките за внатрешни и култура...... А, во контактните емисии на сите ТВ, платеници со народни пари се јавуваат на специјални бесплатни тел. броеви и ги величаат „успесите“ на владата и на нејзиниот челник! Посебен случај е оној демагог од ШЧИП, кој и покрај бројните протести на гледачите и натаму е привилегиран и фаворизиран! Значи велемајсторот се јавува и како уредник на овие емисии!
feliks 2, 18.07.2012 10:28:18
Do utrinski vesnik,ne mislite li deka malku preteravte so objavuvanjeto na komentarite na Feliks.Nema den da ne se javi nekolku pati,toj stana zacin vo sekoje jadenje.Zgora na toa e i krajno neobjektiven vo svoite komentari.Ako tolku ima merak da se bavi so novinarstvo primete go za kolumnist.!!
Kim Il Sung, 18.07.2012 10:46:38
A tek premierot! Poedini TV kuci vo dnevnicite samo shto ne se obratat so *dobrovecher g-ne premier* ili *Vashe velichestvo*. Ja nadminaa i S.Koreja, a Gebels moze voda da im nosi. Vreme e da si odat i po moznost nikogash povece da ne se vratat.
bezanec, 18.07.2012 11:01:40
Кога немаат друга алтернатива за излез од економскиот колапс,министрите стануваат филмски sвезди.
milan, 18.07.2012 12:56:28
SEZNAJKO mu nedostasuva SEKER AGA.
pretpriemach, 18.07.2012 13:55:29
Mediumite samo sto ne zaplakaa deka nemaat sloboden pristap dp informacii, a koga istite im se serviraat na tacna pak ne im e po keif. Mozebi mediumite mislat deka sloboden pristap do informacii treba da imaat samo tie, a potoa na graganite da im plasiraat informacii po nivno viduvanje.. Sekoj ima pravo izvorno da ja slusne informacijata, i zatoa e vo red za svojata rabota da zboruva toj sto ja srabotuva istata...
Cope, 18.07.2012 14:23:43
Долги години живеам на запад, уште вакво нешто не сум видел,министри и премиери да се секој ден на ТВ и да кажуваат што направиле и што ќе направат.Де ќе купеле пижами за болните,де ќе купеле канти за одпадпци, идт.Замисли господине Министре да се појави минитерот за здравство на Германија и да каже дека ќе купел пижами ѕа болнити,...мислам ви се молам...ама народов кај нас и отров за глувци да купите ке се радува...Ало бре,не сте вие да се сликате пред камери и да кажувате такви банални работи.Се прашувам само,од толку многу излегување по ТВ кога имате време да бидете на работно место и да сработите нешто.....
citatel, 18.07.2012 14:28:48
Ovoj feliks neka go primat za portparol na vladata ke bide zafaten ke se spasime od negovite portokalovi komentari.
Крт, 18.07.2012 15:05:38
Добро би било Феликс да каже колкумина ги има во ,,експертскиот,, тим за пишување коментари. Сам човек неможе да напише толку глупости колку и да се труди! А, од министерот Тодоров очекуваме во некое наредно интервју да го каже ТОЧНИОТ број на лебарките во сите болници. (ете му идеја пак да се испере некое денарче).
Hari, 18.07.2012 16:00:03
Do Felix. Ona sto go nabrojuvas kako dostignuvanje na Vladmest.ata i deckoto za se mozes da go pomnozis so O. Nema nisto od toa, samo gola propaganda kako sto znaes i samiot. Ako mislis deka rabota na minister za Zdravstvo e da:brka buba svabi, sestri so cigari, kupuva pidzami i toalet papiri, da soopstuva deka denes cetvorica kolabirale i imalo 3 soobracajki, brka doktori od rabota koi ne se soglasuvaat so ovaa pogubna politika, da brise pod so doktorite i profesorite, znaci deka si imas seriozen problem ili primas dobar nadomest. Odlicna kolumna. Carot e gol.
СИ ГО ЗАСАКАВ ФЕЛИКС, 18.07.2012 18:07:22
ФЕЛИКС, ПОРТПАРОЛ НА СИТЕ МИНИСТРИ.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 16°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |