Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
16.07.2012, 19:31

Дали Французинката настрада од дрога за силување?

Страв дека во земјава пристигнал „рофинол“, моќна таблета, од која жртвата добива црна точка и не се сеќава на ништо

Горан Адамовски

Дрога за силување ги штрекна Скопје и цела Македонија. Во страв најмногу се младите кои се најчести гости во дискотеките и по ноќните клубови. Станува збор за малечка таблета со бела боја што се става во пијалaк и по дваесетина минути консументот се „губи“, добива црна дупка, не е способен за реакција, не се сеќава на ништо и е лесен плен на напаѓачите. Рофинолот е особено опасен, бидејќи е многу евтин. Пример, на интернет може да се прочита дека една таблета чини од една до пет фунти (80-400 денари). Дрогата, која со популарно име се нарекува „руфис“ или „мексикански валиум“, барем досега, ја немаше во државата. Познавачите предупредуваат дека е можно неколку таблети да биле прошверцувани од надвор.

Приказната се актуaлизираше по викенд-пријавата на 22-годишната туристка од Франција дека биле силувана од три момчиња во Скопје. Според нејзиното сведочење, во дискотеката запознала момче, кое и' понудило пијалaк. Дваесетина минути подоцна, тој ја фатил за рака и ја однел надвор, ја качил во такси-возило и ја однел во непознат хотел каде што извршил силување. Потоа, викнал тројца другари, кои со возило ја однеле на паркинг во близина на хотелот и двајца од нив ја силувале.

Полицијата го истражува случајот. Од МВР вчера ни рекоа дека истрагата нема нови сознанија. Не се знае ниту името на хотелот, иако во јавноста проструија разни шпекулации. Инспекторите ја проверуваат приказната и работата на расчистување на случајот.

Стигнала ли дрогата за силување и во Македонија, е прашањето што ги заинтригира сите. Извори во Секторот за трговија со дрога во МВР тврдат дека „руфисот“ не бил затекнат во нивните досегашни акции. И добри познавачи на нарко-пазарот во земјава, тврдат дека ваква дрога досега не можела да се набави ни на „црно“.

„Можеби некој од странство донел некое апче. Но, факт е дека во Скопје не можеш да го набавиш“, тврдат нашите соговорници.

„Рофинолот“ е десетпати посилен од валиумот. Дава смирувачки ефекти, амнезија, ги релаксира мускулите и ги забавува рефлексите. Дејствува за 20-30 минути од консумирањето, жртвата станува дезориентирана, а ефектите траат од 8 до 12 часа. Уште поопасно е ако се помеша со алкохол. Оваа дрога е популарна во средните училишта, факултетите и приватните забави.

„Жртвите што биле силувани со „рофинол“, обично пријавуваат будење во непознат кревет, со или без облека, некогаш и со искористен кондом покрај нив, остатоци од спрема на нив... Но, немаат никакви сеќавања за претходната ноќ, па затоа некои и не се сигурни дали воопшто биле силувани“, предупредуваат инспектори од британската полиција. Според досегашните искуства, на жртвите им требаат неколку дена за да почнат да се сеќаваат на делови од ноќта.

Дрогата се размешува во пијалакот и доколку жртвата не го забележи тоа, не може да препознае ништо чудно, бидејќи овие таблети немаат вкус. Иако на прва меѓу младите во земјава се отфрла верувањето дека некој става нешто во пијалакот, сепак, внимателноста е повеќе од препорачана. Да се внесе таблета во скопските дискотеки е најлесна работа, бидејќи обезбедувачите што стојат на врата, избираат кого ќе пуштат внатре, но освен што глумат „господ“, не проверуваат по џебовите и чантите на гостите, а на крајот на краиштата, не ни смеат да го прават тоа. Јавна тајна е дека во добар дел од дискотеките и ноќните клубови, се случува гостите да се затворат во тоалетите и да шмркаат дрога.

Американските полицајци ги предупредуваат девојките и момчињата како да се справат со потенцијалната опасност. Советите се едноставни: да не го оставаат пијалакот кога одат во тоале��, да размислат од кого примаат пијалак, да се потрудат шишето да биде отворено пред нив и особено да бидат внимателни ако добиваат пијалак во чаша.


Статијата е прочитана 6232 пати.

Испрати коментар



Македонско семејство повредено во сообраќајка кај Белград
Струга жали по загинатите сограѓани
Од свадба во смрт
ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ го критикува Груевски поради Александров
Казните се арач за полнење на Буџетот
Македонска Каменица веќе не е истиот град
Тинејџери го запалиле македонското знаме



РНД, 17.07.2012 12:35:15
А дали нашите “ексклузивни“ дискотеки имаат камери, дали градскиот парк е под видео надзор, дали останатите камери низ градот функционираат, дали се следи движењето на таксистите, дали полицијата ги легитимира и приведува алкохолизираните личности... Има милион дали во сите приказни кои ги слушаме деновиве а најбитно е дали нешто функционира во државава????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 15°C

Петок
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 8 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Двајца олимпијци нема да претставуваат ниту една држава
Двајца спортисти на Олимпијадата ќе настапуваат самостојно и нема да претставуваат ниту една држава...
Олимпиското село во Лондон без вода за пиење
Организаторите се уште доцнат со водоинсталатерските работи во Олимпиското село, па спортистите немаат вода за пиење
...
Олимпискиот факел од утре во Лондон
Штрајк на таксистите во Лондон
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |