15.05.2012, 16:54 Мое ќоше
Поздрав до Андерс Фог Расмунсен
Ерол Ризаов
Вчудовидува леснотијата со која се зазема срамна позиција кон Македонија
Три дена пред самитот на НАТО во Чикаго почитуван генерален секретар, господин Андерс Фог Расмунсен, повторно ги попаривте граѓаните на Македонија. Првиот пат по пресудата на Меѓународниот суд во Хаг спокојно, без окото да ви трепне, полеавте со студена вода два милиона луѓе затоа што светското право и правда само во одредени случаи се под стандардите на Алијансата. Денес, преку Радио Слободна Европа, каква симболика, истуривте жешка вода врз нашите глави соопштувајќи ни дека за нас вратите на Слободна Европа се затворени додека не се реши спорот за името на Македонија што на очиглед на цел свет ни го наметна Грција.
Не оти оваа евровизиска стара песна не ја знаеме сите, сепак, повторно и повторно вчудовидува леснотијата со која се зазема срамна позиција кон една мала европска држава која не преставува опасност за никого и згора на тоа демонстриравте крајно понижувачки однос кон нејзините мирољубиви и сиромашни граѓани кои даваат речиси целосна поддршка за евроатланските интеграции на Македонија гледајќи ја само таму својата иднина. Поддршка каква што НАТО и ЕУ не уживаат ниту кај своите редовни членки.
Господине Расмунсен, знам дека оваа работа не трпи емоции, ниту патетики кога се во прашање интересите и правилата на консензус во НАТО Пактот. Тоа добро го знаат и македонските политичари и граѓани, но и нашите војници кои учествуваат во мисиите на НАТО. Таму кога добиваат борбени задачи и кога ги изложуваат своите животи на опасност нашите војници никој не ги прашува дали го решиле спорот со Грција. Господине Расмунсен дали Вие чекате да ни донесат мртовечки сандаци од Авганистан, па малку да ја смените грубата и навредлива реторика. Не дај боже, тогаш што и да кажете, кај нас, никој нема да Ви верува. И Вам и на НАТО. Се разбира, дека знаеме дека Вие пред јавноста не ги соопштувате вашите лични ставови, но вџашува вашиот избор тоа да го правите на начин кој не приличи на еден висок функцинер на Алијансата. Вашите мотиви да се поддржува еднострано Грција се многу подлабоки отколку одбраната на НАТО- консензусот за кој се согласаувам дека е клучен елемент да не дојде до распад на Алијансата. Но, исто така се познати и механизмите кога порамноправните во НАТО сакаат една работа да се заврши со заеднички прифатливо решение.
Почитуван господине Расмунсен, припаѓам на еден мал дел македонски новинари кои ја критикуваат Владата и државниот врв што не ги забрзуваат процесите за евроинтеграција на нашата земја со изнаоѓање на заеднички прифатливо решение со Грција за што тврдите дека и Вие се залагате. За тоа во нашата средина сме прогласени за предавници, непријатели на татковината, грчки платеници и лобисти. Тоа воопшто не ми пречи да ја повикувам на одговорност владата и премиерот да ги бара грешките и во сопствениот двор, а не само во туѓите, и да гледа на компромисот како на европска вредност од исклучително значење за иднината на Република Македонија и нејзините граѓани. Тоа на Балканот господине Расмунсен воопшто не е лесно и без последици. Но, гледајќи од историски аспект свесно го прифатив тој ризик да бидам изложен на столбот на срамот како некој изрод што чепка во светите работи длабоко убеден дека оваа светска будалштина и голем срам за големите сили еден ден ќе се разоткријат и Република Македонија ќе си остане Република Македонија, како единствена држава во светот со истото име што го носи 68 години. Но, господине Расмунсен до тој ден можат да поминат и децении исклучително значајно време изгубено неповратно за граѓаните на Македонија и нашите деца. За на крајот повторно да прифатиме компромис длабоко свесни дека работите секогаш завршуваат во вакви случаи без победници и поразени. Основниот мотив за што денес Ви се обраќам е што соседна Грција длабоко зафатена со свои проблеми не дава ни пет пари за било какво решение, а да не зборуваме за заеднички прифатливо. Со тоа сите наши напори паѓаат во вода. Дали со вашиот ригиден став дека не е регистриран напредок од 2008 година наваму, односно од Букурешт, го имате предвид тоа дека Грција всушност не сака решение, односно во вакви услови нема капацитет за решение. Дали тоа значи дека НАТО алијансата и покрај хашката пресдуда ќе чека со децении Грција да се стабилизира економски и политички.
И во оваа прилика сакам да ве потсета�� дека Македонија беше сојузник на НАТО уште пред да се формира Алијансата. Со основачите на НАТО бевме сојузници во Втората светска војна борејќи се на страната на големата Антифашистичка Антанта. Видете ги телеграмите до АСНОМ. |
|
Статијата е прочитана 4055 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Alek, 15.05.2012 21:00:41 | Mnogu ubavo kazano, samo na kogo? Ne chujat i ne gledat, ednostavno, ne ne primetuvaat. Imaat mnogu slichni osobini so nashite ,,patrioti,,. |
| deko, 16.05.2012 00:57:57 | KONECNO EROL nemam nikakov komentar na ovaa tvoja opservacija za stavot na gen.sekretar,se sto mislev,pretpostavuvav,potocno kazano znaev kako rabotite ke tecat,ti so tvojata kolumna objektivno go opisa i se sto trebase da se kaze kaza.MILO MI E STO KONECNO mislime isto deka pravda nema,no bi sakal da bides uste pokorekten i da iskazes stav deka ako cenata e da vlezeme vo NATO I EU kako obezlicen narod bez ime, identitet i ne treba togas voopsto i da barame priem pod tie uslovi.Za kolumnata imas petka. |
| respekt, 16.05.2012 01:39:05 | Сами сме си виновни што така се однесува Расмунсен а и сличните како него, а еве зошто. Општо познато е кога ке влезеш во некоа земја, должен си да ги почитуваш Уставот и Законите на таа држава, во спротивно ке бидеш санкиониран и протеран од истата. Со години наназад (со леснотија) им дозволивме на белосветските дипломати, кога ке дојдат во Македонија, да не нарекуваат ФИРОМ па дури ни името да не ни го спомнат(демек, вашата земја).На сите јасно и гласно треба да им се каже, ние си имаме држава Република Македонија и--точка.Гостите мораат да ги почитуваат Уставот и Законите на Република Македонија, како впрочем и во сите други земји,во спротивно--не се добродојдени. |
| Toronto, 16.05.2012 02:21:14 | Bas go zabole Rasmunsen za to MKD.
Rabotava e kucinjata laat karavanot si vrvi.
Ocigledno na nekogo odozgora pobitno mu e da poddrzuva drzavi prepolni so korupcija i najvazno perenje na pari.
Izgleda Makedonija ne e edna od niv. |
| JORDAN, 16.05.2012 02:40:37 | EFENDIJO ako ne si znael eve nekolku zbora od covek koj je RODEN zapadno od GRUMSIN sto ne PASEM TRAVA I JADEM SOL I PIJEM CISTA IZVORSKA VODA a ne gradska od vodokanalizacija.. makedoncite kako vo PRVATA taka i vo DRUGATA Sv.Voj. polovina od naselenieto se BOREA VO BUGARSKI UNIFORMI a drugata POLOVINA stvorena od SVETOSAVCI I VLASI se borea proti drugata polovina me RAZBIRAS. A DEDOMI SPIRO mi kazuval deka makedoncite na KOSOVO se borele za CAR MURAT.A deneska isto kako i ARNAUTITE se borat za amerikanskobritanska IMPERIJA kade ke bidat POKANETI . So ASNOM nemozat da se kitat polovina od makedonskiot narod zasto i BABA EPSA znae koj go OKUPIRASE MOETO SELO I KOJ GI STRELA NAJPISMENITE I NAJMOKNITE SELANI VO SELO BELOJSTE.VRATNICA.STARO SELO i ROGACEVO ako imas vreme proveri koj ja OKUPIRASE zapadna i centralna makedonija. |
| happy, 16.05.2012 03:56:45 | Presreken deka nema da staneme chlenka na nato. Drag moj Erol, mnogu e naivno da veruvash deka Anders ima chustva i emocii. Toj e samo igrachka-robot vo racete na krupniot kapital. |
| pile, 16.05.2012 04:06:20 | Za respekt, samo kratko, bidete srekni koga doagjaat stranski diplomati, da ne bea tia i istoriski dokazjanite sojuznici na R.M.veke ke bevme Vardarska Banovina.Za toa im blagodaram i na odredeni Makedonski politicki teskasi koi se sprotivstavija na Diktatorot Milosevik i znaea kako zemjata da ja vodat napred.A da ne bese G-din Rasmusen ke bese G-din Sefer i poznatoto jas mu kazjav, toj mi kazja i sl.G.din Erol.Od Vasata emotivna kolumna G-din Erol,pretstavnicite kako na NATO Alijansata taka i na drugite megjunarodni organizacii kon koi se stremi R.Makedonija,ako i posakuvaat dobro na zemjata za da se postignat posakuvanite zaednicki celi, a toa e ramnopravni partneri vo globalnata borba protiv terorizmot,treba da izvlecat zaklucok deka dosegasnata strategija na pasivna netolerancija kako reakcija na odredeni potezi na vlasta koi go dovedoa procesot do ovaa nivo, trebase porano da premine vo aktivna netolerancija kon sekoj politicki subjekt koj imase intencija da go zagrozi procesot. |
| Vlado, 16.05.2012 04:47:09 | uste samo fali da go prasavte dali i toj licno i ima pomognato na Grcija vo postignuvaje na vakva ekonomska kriza, t.e.dali dobar del od sredstvata sto Grcija gi ima potroseno vo raznorazni celi, imaat zavrseno vo negov djeb stom tolku cvrsto e zastanat vo odbrana na vakov sram od svetski razmeri |
| pameten, 16.05.2012 06:11:33 | Imeto mozheshe da se spasi. Ako site politicari, umetnici, novinari i t.n. 20 godini povtoruvaa deka imeto Makedonija nikako ne znachi pretenzii za bozhema vrska so antichkoto Makeodnsko cerstvo. Po antikvizacijata, koja shto pochna so dzvezdata od Vergina imeto beshe zagubeno. Denes prifatlivo za Grcija i za NATO reshenie e dodavka Severna, Gorna ili Nova erga omnes. Se drugo e odkaz od reshenie. NATO ne e naslednik na golemata antfashistichka antanta... Togash demokratiite bea vo sojuz so Stalin, a ushte duri pred Hitler da dojde na vlast Evropa beshe podelena megju pobednici i gubitnici od Prvata S..V. NATO e forma na pomiruvaje megju niv. Germanija, Ungarija i Bugarija se denes tokmu tolku chlenovi, kolko shto se Francija, Belgija i Grcija. A Jugoslavija, del od koja shto beshe ASNOM, odamna ja nema. |
| ФЕЛИКС, 16.05.2012 07:32:59 | Добро утро (што би рекол колегата Jovan)г-дине Ризаов,точно опишувате однесување кое одамна го знаеме и го критикуваме.Критикуваме за двоаршинското лицемерие кога Расмунсен & комп.ни укажуваат за политичкото влијание во домашното судство а во исто време игнорираат одлуки на меѓународен суд,кој да е трагедијата поголема токму тие го формираа за делење правда во меѓународни спорови.Инаку сме добри како НАТО посада во Ирак и Авганистан,и тоа далеку позастапени од некои членки кој ни го запречиле членството.И на крај немаше потреба од себепромоција како критички првоборец кон владата.Не затоа што е напишано туку одамна знаеме кој каде припаѓа со коментирањето или критиките сеедно. |
| vladimir arsovski, 16.05.2012 07:35:44 | pocituvan gospodine rizaov, stavot na gospodinot rasmunsen, voden od interesite na alijansata, i nejzinite clenki e jasen - promena na imeto. no ne e jasen vasiot stav. prvo, velite ste eden od retkite novinari koi ja kritikuvaat vladata, za neiznaogjanje na prifatlivo resenie - sto znaci ste za promena na imeto na nashata drzava. posle velite deka eden den ovaa svetska budalashtina ke se razotkrie i makedonija ke prodolzi da opstoi so imeto koe gordo go nosi celi 68 godini. tokmu vasiot stav, odnosno nestav, mu dava za pravo na gospodinot rasmunsen da ni go menuva imeto, koe nie makedoncite, od teritorijata i drzavata narecena makedonija, gordo go nosime poveke od nekolku mileniumi. |
| Slobodan, 16.05.2012 07:47:44 | Erole, na g-din Raulmunsen mu se stresoa gakite i vo niv sto ima ako ima. Ima edno no nema dve. I ti, i javnosta znae kakva e taa demokratska Evropa. Prasanjeto e dali treba tamu kade ima vakva silna demokratija? |
| Dane, 16.05.2012 07:51:33 | Odlicno 5,samo ne mi e jasno dali gos.R. ggo cita ova ili potocno dali go razbira. |
| karlos, 16.05.2012 08:13:42 | vreme e brodot da zaplovi na druga strana |
| godej, 16.05.2012 08:18:28 | Potpolno tocna opservacija za odnosot (mene mi lici deka e malku poveke licen od sto treba ) na gen.sekretar.na NATO (inaku obicen eu birokrat)
Sto se odnesuva do strancite koi doagjaat vo makedonija i ni se obrakaat so vasa zemja.ovaa zemja,onaa i sl. treba vednas po doaggjanje da im se sugerira deka toa e neprifatlivo i deka tie sto doagjaat od zemjite sto ne priznale pod ustavnoto ime treba taka i da ni se obrakaat.
Tie sto ne priznale kako fyr Macedonia treba neka ja izgovaraat celata referenca fyr Macedonia.Na ova treba da vnimavaat i nasite politicari i novinari.
|
| Stipjanec, 16.05.2012 08:23:55 | Svetot nikogas ne bil praveden, nitu pak ke bide! Takov e i zivotot sto go ziveeme - interesite se vecni a ljubovta e minliva. Pa zarem ne znaeme od Istorijata deka glavite sekogas gi secele na onie koi bile vo PRAVO ! Sto pati ni e kazano deka IMETO i samo IMETO e problemot ! A nie kako mali deca, sto pati kukumjavcime deka ni e nanesena nepravda i deka sme vo PRAVO ! Pa luge moi, politikata ne e izlitena Ljubovna Prikazna, taa e samo i samo Interesi, i toa na golemite Sili i golemite Igraci. Ako ne gi znaeme ovie raboti, togas podobro da ne si igrame t.n Diplomati i Politicari. Ne sum nitu Patriot nitu pak Predavnik, ama ovie raboti sto gi kazuvam im se dobro poznati i na vrapcinjata na pokojniot Mitko-vrapceto! |
| Ајван Доктор®, 16.05.2012 08:51:58 | Основата на „Хашката пресуда“на која постојано се повикуваме е што таа се однесува само на еден став од билатералниот договор!Договорот кој Македонија МОРА да го испочитува е документот со кој е признаена во Обединетите Нации,поточно резолуцијата 47/225 во која децидно е наведено дека „ќе се нарекуваме ПЈРМ сè додека не го решиме спорот со нашето име“!Вината за можноста да почнат да ни носат мртовечки ковчези од Авганистан е повторно наша!Та,кој оди да окупира туѓа земја и да гине за туѓи интереси,иако не е членка на окупаторката алијанса,освен ако не е некоја будалетинка?!Македонија е сојузник во Втората светска војна само како составен дел на Народноослободителната војска на Југославија (нејзините партизански единици),никако како некаква самостојна држава,или со посебна војска!Поверојатно е дека НАТО ја превзеде улогата на хитлеровиот Вермахт,отколку дека е некаква алијанса во која треба да членуваме!Се противам на нашето членување во коалиција која сее смрт на недолжни низ светот! |
| penzionerka, 16.05.2012 09:20:32 | na zdravje banjanje Erol i celoto drustvo od U TRINSKI SO SE KOMENTATORITE |
| od ostrijot, 16.05.2012 09:37:42 | neznam dali alijansata ili grcija se samo vinovni za toa sto nemozeme da staneme clen na nato i eu.
ili vinata lezi kaj nas za nasite mizeriji nekoj drug da optuzuvame sme pravi majstori. |
| Erol vo dert pisal ferman do Razmunsen, 16.05.2012 10:43:32 | Erole! Me iznenaduvas so ovaj tekst i ova obracanje do Razmunsen.!?Znaes deka istiot koga ce go procita mnogi ce se oneraspolozi i ce padne vo dert pa ce rece: e ajde navistina greota e ova sto go pravime na eden siromasen narod pa ajde da gi primime vo NATO!Erole zrem ti ne znaese dosega deka uslov za vlez vo NATO e resavanje na sporot za imeto?Cudno a tolku svetski politicki licnosti ni go kazaa bare stotina pati dosega i ti ne si go procital toa?Ova tvoe izlaganje mi zalikuva na tusiranje so ladna voda posle poparuvanjeto od strana na Razmunsen,ili podobro receno prodavanje na basma bez endeze.Videte Erol bil iznenaden od izjavata i od toa sto ne se pocituvala presudata od hag ,pa zapadjajti vo tezok dert svitkal hartija mu napisal cel ferman licno na rrazmunsen. Erole neli Turcija silno ne podrzuva i e znacajna clenka na NATO so pravo na veto.Zosto istata ne postavi ultimativno baranje za priem na Makedonija vo NATO vo sprotivno ce stavi veto na odlukite na NATO vo Cikago? |
| Mark, 16.05.2012 10:56:00 | Eh g.Rizaov, steta sto dobra i izdrzana kolumna sega ke se iskoristi od Antickite Izmamnici za podgrevanje na nivnata propaganda..A site treba da razbereme deka Rasmusen vsusnost e vo pravo - ili ke gi sledime odlukite na NATO ili NEMA VO NATO!! A toa sto laznite patrioti ne donesoa do deredzevo si e nasa prikaska i nikoj ne ni e kriv.. |
| P.Petar, 16.05.2012 11:01:25 | Pregolemo placenje na avtorot po NATO,bez da akcentira deka imeto ne treba da se menuva!!!!! Sto se odnesuva do naseto ucestvo vo vtorata svetska vojna eden golem lapsus!Nasite partizani se borea so ruskata armija ramo do ramo a ne so clenkite na segasno NATO. |
| goran, 16.05.2012 11:21:45 | erol, ova e muzikata koja mu se dopaga na moeto uvo. :). koga bi ti bile site kolumni ili poveketo od niv slicni na ovaa TI bi bil mojot omilen novinar. ama bidejki toa se slucuva ednas vo nekolku godini, na ostanatite tvoi kolumni za zal moram da plukam. |
| Поздрав од Андерс Фог до Ерол, 16.05.2012 12:04:46 | Во Букурешт НАТО постави јасен услов: прво договор со вашиот сосед па потоа членство. Наместо тоа Македонија ја тужи пред меѓународниот суд и направи сé да ја провоцира Грција. И сега сака со сила да влезе во НАТО и да провоцира внатрешна кавга? Условот ПРВО ДОГОВОР СО ГРЦИЈ�� ПА ПОТОА ЧЛЕНСТВО уште е во сила. Што стана со разумниот компромис на вашиот претседател? НАТО и ЕУ се организации кои работат по принципот на внатрешен консензус. Ако тоа не сте го сфатиле, тогаш уште долго ќе останете вон овие организации. А ако сметате дека судбината на НАТО зависи од неколкумината војници што ги испративте во Авганистан, тогаш повлечете си ги назад. |
| baltazar, 16.05.2012 12:19:38 | Abe ovoj ajvan doktur mi se cini deka po malu ne ja zbori vistinata da ne recem lagi objavuva koga zbori za prekrsieniot dogovor od strana na Grcija.Abe taa go prekrsila clenot vo koj pisuva da nema da se protivi na Makedonija za vlez vo EU i NATO a pregovorite za imeto ce tecat.Da bese poinaku ce nema[e osuda na Grcija.A toa koj kade bil vo vtorata svetska vojna ba[ im e gajle na site od EU.Po ajvan dokturot Germanija trebe na kloci da se izbrka od EU i NATO oti togas bila okupator skoro na cela Evropa.Inace me radue koga ponekogas ajvan dokturot ima suprotno mislenje od svojte. |
| za principot se raboti, 16.05.2012 12:22:05 | Od vas ne ochekuvav vakva pazardziska demagogija, deka treba da ne primat vo NATO bidejki sme една мала европска држава која не преставува опасност за никого... i t.n. Se raboti za PRINCIP, uslov koj treba da se ispolni za da se stane chlen na nekoj klub, a ne za toa koj e mal, ubav, zashtiten ili nezaishtiten. Tamu nema protekcija kako kaj nas. Treba da se razberat nekoi raboti za da mozhe Makedonija da prosperira. Pred se, da se nauchat principite kako funkcioniraat vazhnite organizacii. |
| alex, 16.05.2012 12:46:55 | Ерол во последнава колумна за прв пат звучи безпомошно како и премиерот кога се обрака на политичари од повисок ранг.
На новинар таква грешка може и да му се прости! |
| Mudrec, 16.05.2012 12:57:02 | Erol pocna dobro, pa posle se pozali za negoviot status doma. I posle zalepi edna nebuloza - deka e za kompromis, ama e ubeden deka ke si ostaneme Republika Makedonija. Toa se gluposti, celta na kompromisot za naseto ime (ednakvo na samoubistvo) e tokmu da ne bideme Republika Makedonija. |
| Prijatel, 16.05.2012 13:26:13 | Spukajte im po edna tuzhba na NATO i Amerika! Sramna odluka, of lele majko, koj najde da komentira,..., Kominternata! |
| kanagjanka, 16.05.2012 13:36:30 | Ти кажувам ќерко - сети се снао. Многу е подлабока пораката и не е само до Расмунсен!Господине Ризаов - ги преценивте и најумните што ве читаат. Станавте недостижен со својата едностнавност, талент и искреност. Вие сте ми најубавиот дел од денот оти можеби и сте последниот во медиумите кој може да ме трогне, изненади, насмее, расплаче. |
| Sasho, 16.05.2012 14:33:31 | Da se svrtime kon slavjanskite zemji, so Rusija i ednas za sekogas da im kazeme ciao na isfrustriranite i zabegani t.n Nato demokratii,da im pokazeme maski sreden prst |
| SEKOGAS REALEN, 16.05.2012 16:32:20 | Gospodinot Erol, dosega go smetav za eden od najizgradenite novinari, no so ovaa kolumna , samiot se vrakja vo zabavace. Neli Erole, ti samiot tvrdese deka denes vo svetot edinstveno interesot e vo prasanje, a pravdata e samo na hartija? Vo toa sekogas ke veruvam, no ovaa poslednava kolumna mi lici na nezrelo ulizuvanje. |
| do neinformiranite, 16.05.2012 17:23:28 | Vo svetskite vojni,Makedoncite bile prinuduvani da se borat na stranata na armiite od sosednite drzavi iako tie ne sakale tamu da se borat.Ne e bitno dali NATO e naslednik na nekoj.Bitno e deka segasnite Francija,Britanija,SAD se naslednici i na togasnite Francija,Britanija SAD koi ispratile telegrami do MAKEDONSKITE PARTIZANI za podrska na nivnata borba.Ne se bara od nas smena samo na imeto.Se bara i smena na imeto na identitetot na makedonskiot narod.Ne e bese princip na NATO da se bara smena na ime za da se stane tamu clen.Zatoa ne smee da bide izlozena Makedonija so ucena i so takov *princip*.Tocno e deka NATO lici na naslednik na Hitlerova Germanija,no i najgolem del clenki na EU se clenki vo NATO.pa zatoa i EU e kako naslednik na Hitler. |
| sj, 16.05.2012 19:00:44 | Jas i taka ne sakam vo NATO.....Takvi vestacki tvorevini se smesni.... |
| ДО СЕКОГАШ РЕАЛЕН, 17.05.2012 11:02:02 | Викаш Ерол секогаш пишувал дека светската политика се состои од интереси. Па и во денешниот текст тоа го пишува многу прецизно„ ...знам дека ова работа не трпи емоции,ниту патетики кога се во прашање интересите и правилата на консензус во НАТО...“ ете тоа го пишува.
Тврдиш дека Ерол се улизува а не какжуваш на кого. Мислиш на НАТО, на ВМРО ДПМНЕ, на СДСМ,на читателите на кого. Јас тоа не го видов, а видов дека ти сакаш да го омаловажиш авторот, а не племизираш со ниту една негова теза. Провиден си. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 27°C
Ведро
|
Среда
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
|
Четврток
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|