Андов: Неправедно сум вовлечен во „пензиската афера“
Целта е да го одвлечат вниманието од моите критики спрема власта, вели пратеникот од ЛП
Пратеникот на Либералната партија Стојан Андов се правда дека аферата со примањето пензија и пратеничка плата била исконструирана за да се извлекло неговото вниманието од актуелните проблеми и да се натерал да се занимава со тоа прашање. Тој вчера на прес-конференција повторно ги отфрли обвинувањата дека неосновано земал и плата и пензија затоа што реагирал до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Покрај Андов, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Законодавно-правната комисија, Благородна Дулиќ, примала и плата и пензија, но и вчера таа не излезе да објасни како се случило да има примања по две основи.
„Моето вовлекување во т.н. пензиска афера е неосновано, тоа е измислена работа и има цел да ме натера да се занимавам со ова прашање, наместо да продолжат со критиките и објективните укажувања на штетноста на економската политика што ја води Владата. Имам документи со кои можам да докажам дека цело време совесно и одговорно се држам до законите. Јас бев во работен однос до 12 април 2008 година, но тогаш се распушти Собранието и бидејќи ми престана работниот однос, побарав пензија. Кога повторно бев избран и ми беше верификуван мандатот, засновав работен однос“, истакна вчера Андов. Тој додаде дека во јули минатата година било донесено решение од страна на Фондот дека покрај платата му припаѓа и надомест во висина од 30 отсто од пензијата. Но, откако во декември минатата година беше донесен Закон со кој се укинува правото за добивање дел од пензијата, според Андов, Фондот имал должност да донесе решение дека престанува правото на овој процент и тој очекувал дека така ќе биде постапено. Но и покрај тоа што тој реагирал во Фондот, парите и натаму пристигале. Андов очекува од Фондот да му посочат на која смета да ги врати овие средства, а доколку во рок од шест месеци не добие одговор, вели дека парите ќе ги предаде во сопственост на Здружението на новинарите на Македонија.
Услови за добивање пензии пред да станат пратеници имаа и пратеникот и претседател на Социјалистичка партија, Љубисав Иванов-Ѕинго, како и претседателот на ВМРО-Македонска, Борис Стојменов.
„Јас сум пратеник и како пратеник си примам плата и иако имам исполнето услови не сум пензиониран затоа што досега не сум повел барање за одење во пензија“, вели пратеникот Иванов.
Незаконското примање средства и од Фондот за пензиско и по основа на пратеничка плата беше обелоденет на Законодавно-правната комисија, каде што Дулиќ призна дека таа и Андов примале 30 отсто пензија и плата. (Св.У.)
Andov e najgolemiot KAMELEON I SINCHOGLED vo makedonskata politika zaedno so Petkovski.Najgolemoto zlo na Makedonija!!!Paraziti!!!!!Ovie neranimajkovci cel zivot se bavat so politika na polnenje dzebovi.Sram da im e.
Од: Zoran
Датум: 04.07.2009 09:34:19
Otkoga go znam covekov se nesto objasnuva, se nasto toj ne bil kriv, za odgovornost ne ni slusnal... Dovolno bese od vakvite...
Од: prof.po preduc.vospituvanje
Датум: 04.07.2009 10:52:31
Neli po zakon mazite se rabotosposobni do 64g.!
Znaci nad 64g.ne se rabotosposobni!Sramota da
se privilegiraat starci koi gi unistuvaat rabotospo
sobnite,kvalitetnite!I zenite sramota,taa Blagorodna
Dulikj e samo za doma!Na sred rasprava vo komisijata i zvoni telefon taa si prodolzi po telefon da zboruva!Cirkus!
Од: Интелектуалец
Датум: 04.07.2009 12:10:12
Да се срамиш е човечно. Во спротивно? Но изјавата на г-динот Андов дека примањата кои ги носел поштарот а кои неговата жена настојувала да ги врати а тој несакал и се изјави дека парите биле сигурни кај нив и дека кога ќе требало ќе ги вратат, е крајно неодговорно и навредливо ��а сите оние кои го слушаат. Со еден збор ги прави недоветни како да немаат мозок. Но тоа е вистината со доблеста на нашите политичари кои, навистина, на народот му мислат добро. Од такви политичари, народт и државата нетреба да се плашат. Ке имаат светла иднина. Политичарите сигурно а народот ќе видиме. За нив ќе кажат историчарите.
Од: janev
Датум: 04.07.2009 13:35:17
Ajde sega Andov ne se pravdaj. ako ima skandal za ministerot ima i za tebe. Samo zatoa sto ti e drugarce Bucko ne iznese dokumenti pred obvinitelot za tebe. Dodusa toa znaci deka ima dvojni standardi ama ti ne si biten za nego, toa e siten slucaj kako i negovite tenkovi
Од: zore
Датум: 04.07.2009 13:51:40
sto be nepravedno be, a bre kako ne ti e sram od 60-tite i 70-tite si na funkcija i ti dojde vreme za penzija i pak si prodolzuvas i plata i penzija i honorari i pausali. za sramota, pa dali zanes kolku mladi ima nevraboteni? ajde mars u penzija
Од: Baba i dedo na maki
Датум: 04.07.2009 19:17:20
Eve i baba Blagorodna Dulic i dedo stojan andov, se branele da ne im davaat pari, ama onie od penzisko bile uoprni i nasilni i sosila im gi 'tuposuvale" parite, a ovie kutrite stari i izlapeni ne mozele da se branat . Navistina zagervota, kakvi se maki imale! Nasila pari da ti davaat , toa e golema teskotija.
Од: Penzioner samo so mala penzija
Датум: 04.07.2009 19:19:27
Stojan Andov e vo pravo (kako i sekogas). Vladata vodi lossa ekonomska politika. Tipiccen primer za toa e ssto na Andov mu dava i plata i penzija. I to a vo uslovi na teska ekonomska kriza. Ovoj pak, se pravi mutav i navodno ne znae kako da gi vrati nezakonski primenite pari.