Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Разрешен ректорот на Тетовскиот универзитет

Министерот за образование и наука експресно потпишал решение за смена на Агим Вела

Гојко Ефтоски
Жаклина Хаџи-Зафирова


ТЕТОВО - Втор ден напната атмосфера на Државниот универзитет во Тетово по четврточната драма кога експресно е сменет првиот човек на оваа институција. Новоименуваниот в.д. ректор Агрон Река во четвртокот попладне, наводно, со полиција упаднал во просториите на довчерашниот в.д. ректор Агим Вела, мавтајќи со решение од министерот за образование, Перо Стојановски, за неговото именување.

Атмосферата се вжештила кога новиот в.д. ректор Река побарал од Вела да биде извршено примопредавање, за кое тој тврди дека е незаконски. Река и оние што го придружувале ги зафатиле просториите со известување дека министерот за образование и наука извршил кадровски промени. Река, инаку доцент на Природно-математичкиот факултет на овој универзитет, вчера не сакаше да контактира со македонските медиуми, иако за албанските изјавил дека промените биле извршени поради пропустите на Универзитетот.

Од Министерството за образование и наука вчера потврдија дека министерот донел решение за промена на ректорот и на членовите на Сенатот. Но, се повикуваат на владина одлука која се базира на претходните инспекциски извештаи на повеќе институции кои утврдиле финансиски дубиози и пропусти на Универзитетот. Смената на ректорот доаѓа и по се' погласните забелешки на ДУИ за работата на министерот Перо Стојановски. Од партијата на Ахмети отворено кажаа дека не се задоволни од работата на министерот за образование затоа што не презел ништо околу Тетовскиот универзитет.

„Во основа се кршат законските права и автономијата на Универзитетот. Овде веќе беше отворена постапка за избор на нов ректор, место кое се испразни со заминувањето на Сади Беџети на нова должност. Изминува последниот ден за пријавување кандидати за ректорската должност. Конкурсот се базира на критериуми и норми од Законот за високо образование и Статутот на Универзитетот“, вели разрешениот в.д. ректор, Агим Вела.

Според него, ректор може да биде лице кое има звање редовен професор, а човекот што го поставува министерот е две скалила подолу. „Во целина решението на министерот за образование и наука е неправилно и незаконито. Мојот избор за вршител на должност на која сум од 14 април годинава, беше спроведена редовно и законски од Сенатот како единствено надлежен орган на Универзитетот“, додава Вела.

��д она што може да се дознае, со решението, министерот за образование и наука го разрешил Сенатот и вршителот на должноста ректор, со образложение дека „Сенатот бил нелегитимен“. Меѓутоа, Агим Вела смета дека зад сите овие случувања „е јасна политичката заднина на потегот“.

Доскорешниот ректор, а сега градоначалник на Тетово, Сади Беџети, потегот на министерот го смета за упад во демократијата, особено и поради тоа што се поставуваат несоодветни кадри со прописите за високо образование и Статутот на Универзитетот. „Сметам дека ова е удар врз демократијата, но и интенција да се намалат или елиминираат резултатите што ги постигнавме“, вели Беџети.

Со новоименуваниот в.д. ректор, Агрон Река, вчера не успеавме да исконтактираме. Тој избегна средба со новинарите на македонските медиуми. Според новинарите на албански јазик, Река изнел забелешка на својот претходник, дека наводно не доаѓал редовно на работа, дека во работата на Универзитетот имало пропусти и нерегуларности и дека промените биле извршени за доброто на Универзитетот. Река најавил и други кадровски промени во ресорите. На новинарите им пренел и дека треба да се сретне со неговиот претходник.

„Точно е дека министерот донел решение за разрешување на членовите на Сенатот на тетовскиот универзитет, како и за поништување на сите одлуки, меѓу кои и одлуката за именување на в.д. ректор“, потврдија вчера од министерството. Ваквата одлука на министерот ја правдаат со одлука на Владата и на претходна одлука од Собранието да се преземат сите законски мерки поради откриени финансиски дубиози на универзитетот.

Смената на ДУТ, според претседателот на Нова демократија, Имер Селмани е противуставна и затоа тој најави дека ќе покренат постапка пред Уставниот суд. „Ова е брутално кршење на Уставот и законите. Се работи за суспендирање на ректорот и Сенатот надвор од сите правила или претходно информирање на јавноста за противзаконски дејствија“ изјави Селмани.

Пратеникот Сафет Незири од ДУИ тврди дека одлуката на министерот е законска бидејќи за тоа имало претходен заклучок на собраниска седница да се преземат сите законски мерки во универзитетот. „Ваквиот потег никако не може да се нарече газење на универзитетската автономија бидејќи основач на ДУТ е Собранието“, рече тој.


Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар

Од: Doktorot od Detroit
Датум: 04.07.2009 00:46:40
Site mediumi koi postojat vo Makedonija se makedonski! Nekoi od niv se izdavaat ili emituvaat programi i na jazicite na malcinstvata vo drzavata, sto ne gi pravi da bidat 'albanski mediumi", ami mediumi na albanski jazik. So ova licata koi odbivaat da davaat izjavi za mediumite na makedonski ( ili drugi jazici) pokazuvaat fasisticko povedenie i se odnesuvaat diskriminatorski sto e protiv zakonsko zatoa sto predizvikuva nacionalna netrpelivost i siri euforija poznata od vremeto na vtorata svetska vojna kako "albanska okupacija na Tetovo" ili "balisticki poredok". Za potsetuvanje procitajte "Sudenjata pako posleden poraz" od Jovan Pavlovski, i "Amnestijata kako posledno predavstvo" od zasega anonimen avtor od Dijasporata. Ocekuvam site mediumi i Vladata da se proiuznesat i da go osudat ova povedenia, a ne samo da mu se zakanuvaat na Amdi Bajram!
Од: Realen
Датум: 04.07.2009 11:07:06
Absolutno ne-tocno deka Prof. Reka ne dal izjava na Makedonski jazik. Ovie se odlicni promeni vo DUT; neka povelat mediumite i neka gi prasat studentite dali se vistinski tie upadi ili bilo sto. Na ovoj nacin ke videte kolku se studentite zadovolni so ovaa odlicna promena; prasajte gi kolegite na Reka vo Skopje, Tetovo, Stip. Prasajte gi roditelite na tie studenti. Prasajte ja javnosta i ke doznaete. (A ne edno 5-6 profesori na koi im se rasturi koltukot) Ova e odlicna vest za svezi promeni vo Rakovodstvoto na DUT da se departizira kako edna od klucnite naucni institucii vo RM. Vremeto
Од: Komentator
Датум: 04.07.2009 21:30:47
Interesna rabota drzavnite fakulteti ziveat od drzavni pari a se povikuvaat na nekoja "avtonomija" na fakultetot ..kao nema ministerstvo za obrazovanie da im se mesa vo politikata i finansova rabota ..tie "gospoda" se drzava sama za sebe..ne podlegnuvaat na zakon za obrazovanie ili narodski kazano MUVA NE GI LAZI...E pa "gospoda" do koga taka rani kuce da te laje....???
Од: manta
Датум: 05.07.2009 18:53:04
Сите се искоментираа, само тоа шо треба не. Стојановски шо чепна, заеба и факт е дека ништо во оваа држава не можи да се изврши на мирен и разбран начин. Се со полиција, од Тетово до Струмица - ко каубојци.

Најди! во Утрински
Политика
Шврговски ќе бара разрешување на кумановскиот обвинител
Андов- Неправедно сум вовлечен во „пензиската афера“
Наместо Јавното станбено, две акционерски друштва
Американската амбасада во Скопје ги отвори портите
Селвер Јашари- ДУИ фабрикува инсинуации
Патниците на скопскиот аеродром под термоскрининг
На проверка Маневски и Јанакиески