Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Шврговски ќе бара разрешување на кумановскиот обвинител

Како дозволи Советот да му се случат две утки и да избере обвинители со криминално досие?

Гордана Дувњак

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски пред два дена и официјално добил писмено известување потпишано од кумановскиот јавен обвинител Валентина Стојановска, во кое таа го информира дека против лицето Иса Сулејмани се води истражна постапка за злоупотреба на службената должност и овластување. За вакво нешто би немало потреба доколку осомниченото лице минатиот петок не беше избрано за јавен обвинител токму во кумановското обвинителство.

Ова е втор скандал едноподруго за кој веќе пишуваше „Утрински весник“, а кој сериозно го доведува во прашање угледот на Советот на јавни обвинители.

„Во врска со овој навистина скандалозен избор на обвинители, би сакал да потсетам дека со министерот за правда сме членови по функција во Советот. Иако имаме право на глас, немаме обврска да ги гледаме биографиите и да вршиме интервјуа на кандидатите. Тоа е работа на останатите членови, кои се избрани од редот на обвинителската фела, а тројца членови се предложени од Владата, а избрани од Собранието“, потенцира Шврговски.

Првиот човек на Обвинителството признава дека е затечен од она што се случило со последниот избор на обвинители и затоа вели дека на наредната седница ќе се заложи да се установат нови механизми при проверката на кандидатите кои ќе претставуваат брана за евентуално повторување на избор на кандидати кои не би смееле да ја извршуваат оваа значајна функција.

„Ќе иницирам постапка за донесување одредби, со кои ќе се регулира и одговорноста на членовите на Советот на јавни обвинители, бидејќи единствено членовите на ова тело и на Судскиот совет не носат одговорност за лошите одлуки во своето работење. Недопустливо е функционери што имаат ваква важна и висока висока позиција да не одговараат за пропустите што ги направиле“, оценува Шврговски.

Тој очекува дека веќе на наредната седница ќе се отвори прашањето за кумановскиот случај и оти веднаш ќе се поведе постапка за негово разрешување.

Поранешниот вработен во кумановскиот Катастар Сулејмани беше избран минатиот петок, заедно со 30 други обвинители. Но, за разлика од Хани Абдула, кој самиот си даде оставка откако се откри скандалот дека пред три години бил разрешен од судиската функција, Сулејмани даде свечена изјава со што и официјално стана кумановски обвинител.

Моментално не може да се добие официјален коментар од Советот за јавни обвинители, бидејќи претседателката Елена Гошева службено е отсутна, а нејзиниот заменик нема овластување да зборува. Но, неофицијално се дознава дека и во двата случаја овие факти не им биле познати на членовите на Советот.


Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар

Од: patriot
Датум: 04.07.2009 01:14:11
Zaedno so ministerot za t.n. pravda se samo clenovi po funkcija, imaat pravo na glas, no nemaat obvrska da citaat biografii. SRAMOTA!!! Ova samo kaj nas go ima: Minister i Javen obvinitel sto nemaat obvrska da citaat!!! Pa zosto togas ste gi prifatile vasite funkcii NEPISMENI EDNI!
Од: Mene
Датум: 04.07.2009 09:38:21
Znaci skandal do skandal! A za Albancite e najdobro! Pismen, polupismen, kriminalec, ako si Albanec, sekade vleguvas! Zastiteni kako grizli mecki! I posle nekoj drug ni e kriv! Ni Fuere dragi moi, ni Grcija! Samite si ja unistuvame drzavata! No Pasko ni objasnuva deka sme anticki - znaci retardirani!
Од: Трпе
Датум: 04.07.2009 11:04:51
И државниот обвинител Шврговски,како корупционерката Димовска ја замајува јавноста.Дали тој може да превземе нешто во државата ако нема благослов од мистер Рејтинг.Само во случај ако решил по секоја цена да го исфрлат од обвинителството.Но сигурно нема сила да се спротистави на подредените.Тој може да исполнува само некои матни сценарија со кои се задоволува егото на власта.
Од: Ardian
Датум: 04.07.2009 14:40:08
mnogu mi se dopagjat komentarite no edno ne mi e jasno kad e ke najdete nekoj Albanec koj ne osuduvan koj ne praten od ubk koj ne e se i sesto napraveno nad sekoj gragjanin a vo zagradi i toa sramota ve pamtime
Од: manta
Датум: 05.07.2009 18:31:38
@Ardian Има Албанци кои се чесни и кои би ја извршувале чесно било која работа, ама за наша жал се премногу паметни за да си го дупат умот со промашена тема - политика.

Најди! во Утрински
Политика
Андов- Неправедно сум вовлечен во „пензиската афера“
Наместо Јавното станбено, две акционерски друштва
Разрешен ректорот на Тетовскиот универзитет
Американската амбасада во Скопје ги отвори портите
Селвер Јашари- ДУИ фабрикува инсинуации
Патниците на скопскиот аеродром под термоскрининг
На проверка Маневски и Јанакиески