Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Наместо Јавното станбено, две акционерски друштва

Севкупниот имот на претпријатието ќе биде сопственост на државата

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор набрзо ќе произлезат две акционерски друштва. Ова се предвидува со Предлог-законот за трансформација на ова јавно претпријатие, според кој, претпријатието ќе се подели на две акционерски друштва во државна сопственост.

Според предложените законски одредби, ЈПССДП ќе се трансформира во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за државата и во Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост. Притоа, севкупниот недвижен имот на претпријатието ќе биде запишан во Катастарот на недвижен имот како сопственост на државата, а со него ќе стопанисуваат акционерските друштва.

Имотот со кој Јавното претпријатие се здоби со трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, исто така, ќе претставува имот на РМ, а со него ќе стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата.

Од посебно значење е што Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе може да гради станови за таканаречено непрофитно домување, да стопанисува со деловниот простор кој е од значење за државата, ќе може да гради станбен и деловен простор за продажба и ќе стопанисува со станови и деловни простории, кои се во негова сопственост. Исто така, ќе се грижи за инвестиционо и тековно одржување на севкупниот станбен и деловен простор, кој е во негова и во сопственост на државата или му е даден на стопанисување по друг основ. Ова АД ќе има задача и да ја заврши изградбата на Градскиот стадион во Скопје, а во иднина ќе врши и наплата на државни побарувања, ќе спроведува јавни продажби и друго. (Б.А.)


Статијата е прочитана 293 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Шврговски ќе бара разрешување на кумановскиот обвинител
Андов- Неправедно сум вовлечен во „пензиската афера“
Разрешен ректорот на Тетовскиот универзитет
Американската амбасада во Скопје ги отвори портите
Селвер Јашари- ДУИ фабрикува инсинуации
Патниците на скопскиот аеродром под термоскрининг
На проверка Маневски и Јанакиески