Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Патниците на скопскиот аеродром под термоскрининг

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска ќе почне да се врши задолжителен термоскрининг на патниците, со што уште на влез во земјава ќе се открива дали тие имаат покачена телесна температура, еден од симптомите на грипот. Нов сомнителен случај на грип во земјава нема, а од идната недела и кај нас ќе може да одредува дали сомнителните случаи го носат пандемскиот вирус. Во лабораторијата на Републичкиот завод за здравствена заштита во тек е инсталирањето на апаратот за детектирање на новиот тип вирус на грип. Но, и овие тестови да се негативни, инфектолозите се категорични дека сомнителните случаи ќе примаат „тамифлу“ се' додека не се добијат резултатите од референтната лабораторија во Лондон.

„Не дека не им веруваме на резултатите на овие тестови, туку протоколите за лекување дадени од СЗО налагаат така да се постапува со сомнителните случаи“, вели директорот на Инфективната клиника, д-р Звонко Миленковиќ. Според него, давањето „тамифлу“ на ваквите случаи, како и превентивно на оние лица кои биле во контакт со заболените не може да има негативни последици, затоа што терапијата се дава под контрола на лекар. Во меѓувреме, од седумте сомнителни случаи кои беа згрижени на Инфективната клиника, двајца пациенти се пуштени на домашно лекување.

„Кај првиот случај, четиригодишното дете од Прилеп, комплетно е завршена терапијата и затоа тоа е пуштено дома, а дома си замина и уште еден болен, кај кого брзите тестови на два пати беа негативни“, изјави Миленковиќ, кој рече дека овој случај ќе биде под засилен епидемиолошки надзор и ќе прима терапија во домашни услови.

„Оцена на СЗО е дека моментно најголемиот број луѓе кои заболуваат од новиот грип може да бидат згрижени и во домашни услови и да закрепнуваат без медицински третман“, истакна министерот за здравство, Бујар Османи, кој додаде дека охрабрува тоа што СЗО оценува дека пандемијата е со умерен интензитет.

Засега, негативни на новиот вирус се тестовите од првиот сомнителен случај, додека во референтната лабораторија во Лондон, се' уште се испитуваат примероците крв од другите шестмина заболени. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 472 пати.

Испрат�� коментар
Најди! во Утрински
Политика
Шврговски ќе бара разрешување на кумановскиот обвинител
Андов- Неправедно сум вовлечен во „пензиската афера“
Наместо Јавното станбено, две акционерски друштва
Разрешен ректорот на Тетовскиот универзитет
Американската амбасада во Скопје ги отвори портите
Селвер Јашари- ДУИ фабрикува инсинуации
На проверка Маневски и Јанакиески