Селвер Јашари: ДУИ фабрикува инсинуации
КУМАНОВО - Ексдиректорот на кумановската болница, Селвер Јашари вчера ја обвини својата партија ДУИ за фабрикување инсинуации за наводни злоупотреби на неговите овластувања. Станува збор за времето на неговото директорување, односно за периодот од септември минатата до март годинава. За ова СВР-Куманово пред неколку дена му поднесе кривична пријава.
„Притиснат од таквите инсинуации, во мај годинава на Али Ахмети му поднесов неотповиклива оставка. Ме кодошат дека на волонтерите во болницата сум им исплаќал повисоки хонорари и сум ги уценувал половината да ми ги даваат“, изјави вчера на прес-конференција, Селвер Јашари. (Ст.Б.)
|