Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Еклстоун удри по новите тимови

Првиот човек на Формула 1 ги нарече инвалиди Хиспанија, Вирџин и Лотус

Познат по тоа што не мисли многу што ќе каже, Берни Еклстоун им се нафрли на новите тимови во Формула 1, нарекувајќи ги „засрамувачки инвалиди“. Хиспанија, Вирџин и Лотус се трите нови екипи што дебитираа сезонава, но во досегашните 17 трки ниту една од нив нема освоено ни бод. Најблиску до тоа беше Лотус, чијшто возач Хеики Ковалаинен беше 12. во трката за Големата награда на Јапонија и благодарение на тој пласман неговиот тим е десетти во шампионатот на конструкторите. Со оглед на малите индиции дека некој од нив до крајот на сезоната ќе прокнижи поен(и), првиот човек на Формула 1 удри по новаците.

„Тие не прават ништо за нас. Тие се срам“, изјави тој за „Фајненшал тајмс“. „Треба да се ослободиме од некои од тие инвалиди“.

Се чини дека неговиот напад е насочен повеќе кон Хиспанија отколку кон другите два тима, бидејќи Еклстоун додава оти Лотус вреди да се зачува, а за сер Ричард Бренсон смета дека би требало да инвестира повеќе за да му помогне на Вирџин.

„Ричард би требало да вложи малку пари таму, зарем не? Тој би можел да го направи тоа што основачот на Ред бул, Дитрих Матешиц, го стори“, вели Еклстоун.


#
Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз ќе тестира четворица во Корча
Пандев во документарец на УЕФА
Милан ја бара менталната совршеност за да го турне кралот
Кубанска атракција за јубилејниот „Златен гонг“
Поен по поен за Јотовски во Чиле
Денг збесна против Портланд
Петровски го подели 26. место на СП за млади
Ставрев на центарот во Данска
Српските хулигани најавија пекол во Сплит






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis