Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Поен по поен за Јотовски во Чиле

Томислав Јотовски го освои вториот АТП-поен во Чиле, успешно стартувајќи на третиот фјучерс во низа во Сантјаго, кој се игра неделава на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Тој беше поразен во третото квалификациско коло, но доби шанса да настапи на главниот турнир по откажувањето на еден од учесниците, и тоа само пет минути откако се пријави. Оттаму и изгубениот прв сет без освоен гем против Роберто Ортега-Олмедо од Шпанија, 811. на АТП-листата, но другите два ги доби убедливо со 6-2, 6-1. Следен противник денеска ќе му биде подобриот меѓу првиот носител Иво Клец (287.) од Словачка и Гонкало Переира (792.) од Португалија, кој му беше партнер во двојки на претходните два турнира во Чиле.

Повремениот македонски репрезентативец продолжува со успех и во дубл по пласманот во полуфиналето на двата претходни фјучерса. Заедно со Чилеанецот Карлос Гонзалез-Леива славеа на стартот со 6-3, 4-6, 12-10 против домашните претставници Родриго Енсинас и Виктор Нуњез.

Освоените поени го искачија 20-годишниот Јотовски неколку стотини места на двете листи на АТП, па во сингл сега е 1255., а во двојки 1095. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 368 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз ќе тестира четворица во Корча
Пандев во документарец на УЕФА
Милан ја бара мент��лната совршеност за да го турне кралот
Кубанска атракција за јубилејниот „Златен гонг“
Еклстоун удри по новите тимови
Денг збесна против Портланд
Петровски го подели 26. место на СП за млади
Ставрев на центарот во Данска
Српските хулигани најавија пекол во Сплит






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis