Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Кубанска атракција за јубилејниот „Златен гонг“

За 40. боксерски турнир пријави и од Русија, Бугарија, Полска, Србија, БиХ и од Албанија

Миодраг Мицковиќ

Се вршат последни подготовки за јубилејниот 40-ти по ред „Златен гонг“ кој ќе се одржи од 10 до 14 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје под покровителство на Владата на Република Македонија. Се очекува годинава на најголемата боксерска приредба во нашата држава да настапат повеќе од 80 боксери од 15 држави. Своето учество веќе го потврдија Боксерската федерација на Куба која на „Златниот гонг“ ќе испрати дури осум боксери. За првпат откако Македонија е самостојна држава на „Гонгот“ ќе настапат боксери од Куба. Според пристигнатите пријави за учество веќе е потврдено дека во Скопје ќе настапат боксери од Албанија (6), Бугарија (5), Полска (4), Србија (11), Босна и Херцеговина (3), а во текот на вчерашниот ден пристигна и потврда дека Русија ќе испрати девет боксери на јубилејниот „Златен гонг“.

Се очекуваат пријави и од боксерските федерации на Ирска, Белорусија, Англија, Романија, Грција, Италија, Унгарија, прв пат и боксери од Кипар. Постои шанса во Скопје да се појават и боксери од Казахстан бидејќи во главниот град на оваа држава Алмата, се одржува деновиве конгрес на Меѓународната боксерска федерација на која присуствува и претседателот на БФМ, д-р Војо Настевски, кој веќе има разговарано со луѓето од Федерацијата на Казахстан нивните боксери да учествуваат на „гонгот“ во Скопје.

Според веќе утврдената програма четврт-финалните борби ќе се одржат на 11 ноември со почеток во 14.18 часот, полуфиналните на 12 ноември во 17, додека финалните мечеви се предвидени за 13 ноември со почеток во 15 часот со директен пренос на Македонската телевизија.

Од саботата, 30 октомври, под палката на тренерот Руждија Калач во Охрид се наоѓаат на заедничките подготовки нашите најдобри боксери кои ќе настапат на „Гонгот“ предводени од Примислав Димовски и Вели Мумин. Во Охрид се и Фатлум Жута, Димитар Ташков, Ибраим Мустафи и Серхан Мемедов. Инаку на минатогодишниот „Златен гонг“ за најдобар боксер беше прогласен Примислав Димовски.

Организатори на „Златниот гонг“ се Боксерската федерација на Македонија, Собрание на град Скопје, Македонскиот олимписки комитет, БК Скопје и Сојузот на спортските организации на Македонија.

Обезбедени се и вредни парични награди за најдобрите боксери на „Гонгот“, се очекува годинава тоа да биде вистински боксерски празник во нашата држава.


#
Статијата е прочитана 381 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз ќе тестира четворица во Корча
Пандев во документарец на УЕФА
Милан ја бара менталната совршеност за да го турне кралот
Еклстоун удри по новите тимови
Поен по поен за Јотовски во Чиле
Денг збесна против Портланд
Петровски го подели 26. место на СП за млади
Ставрев на центарот во Данска
Српските хулигани најавија пекол во Сплит






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis