Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Милан ја бара менталната совршеност за да го турне кралот

Алегри малку ќе го подмлади тимот во однос на првиот меч против Реал во Мадрид, кога за неколку минути се' отиде неврат

Жозе Мурињо по освојувањето на европската титула со Интер вечерва прв пат се враќа на „Сан Сиро“. Со најтрофејниот Реал. Но, не да му се спротивстави на својот бивш клуб, туку на вториот станар Милан, кој мора да биде ментално совршен ако сака да направи нешто повеќе од она што го стори пред две недели на „Сантијаго Бернабе“. Тогаш во само неколку минути во првиот дел направи две глупави грешки и потоа исчезна од стадионот.

На тој натпревар очекувавме поголем отпор од Италијанците. Сега тренерот Алегри ќе мора од стартот да им даде шанса на помладите Боатенг и Робињо, кои донесоа нов импулс кога влегоа во вториот дел во Мадрид. По повредата на терен се враќа и Роналдињо. Милановиот бразилски ас ги демантираше написите во „Газета дело Спорт“ во кои ја критикува играта на својот тим во дуелот со Јувентус (пораз 1:2).

„По правило не сакам да зборувам за медиумите по меч во кој сум играл, а посебно тоа не го правам по оние натпревари во кои не сум бил на теренот“, кажа Роналдињо за „Скај Италија“, а на директното прашање дали неговите обвинувања се точни одговори: „Не, во тоа нема вистина. Во Милан сум веќе три години, луѓето ме познаваат и знаат дека не носам суд за тактиката на тренерот и подготвеноста на соиграчите. Во тоа што можевте да го прочитата нема никаква вистина“.

Да, потсетиме во весникот тој наводно кажал: „Милан игра лошо. Тоа против Јувентус беше пример како не смее да играме. Ибрахимовиќ е сам во нападот. Со таква игра не може да направиме притисок на противникот“.

За денешниот меч со Реал Роналдињо вели: „Јас сакам да играм и да му помогнам на тимот. Во првиот натпревар не извадија од колосек двата рано примени гола (Роналдо и Озил), а сега ќе мора да се концентрираме на она што ни го кажа тренерот и да ги земеме тие три бода“.

На споменатиот меч со Јуве Милан во одредени периоди делуваше добро, но во одредени беше распаднат. Имаше индивидуални грешки, но и колективни. По примениот втор гол ја загуби кохезијата и не напаѓаше како тим.

Масимилијано Алегри има дилеми на неколку делови од теренот. Во одбраната најверојатно ќе може да смета на Замброта и на Тиаго Силва, кои се вратија на тренинзите. Во средниот ред ќе биде круцијално да им се најде адекватна поддршка на Андреа Пирло и на Џенаро Гатузо. Масимилијано Амбросини е на располагање, па веројатно тој ќе биде во првиот состав. Од првата минута против Јуве заедно со Робињо и Ибрахимовиќ во нападот беше и Пато. „Овој пат ќе имам нова шанса, и сакам да дадам гол. Физички и ментално сум подготвен за ваков спектакл“, порача Пато.

Мурињо нем потреба да експериментира. Среќен е што му се враќа Серџо Рамос кој ќе игра во одбраната со Карваљо , Пепе и Марсело кој ја чува левата страна. Чаби Алонсо и Кедира се промовираа во екстра среден пар, кој делува позади Озил, Ди Марија, Игуаин и Роналдо. Игуаин постигна два гола против Малага. (Н.К)


#
Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз ќе тестира четворица во Корча
Пандев во документарец на УЕФА
Кубанска атракција за јубилејниот „Златен гонг“
Еклстоун удри по новите тимови
Поен по поен за Јотовски во Чиле
Денг збесна против Портланд
Петровски го подели 26. место на СП за млади
Ставрев на центарот во Данска
Српските хулигани најавија пекол во Сплит






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis