Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Пандев во документарец на УЕФА

Европската фудбалска асоцијација помести шестминутен видеоклип на својата Интернет-страница за фудбалските почетоци на капитенот на Македонија

Сашко Ѓ. Димовски

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) сними кус документарец за капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев. Шестминутниот видеоклип го помести на својата интернет-страница и во него, во куси црти, го доближува популарниот Гоче до сите вљубеници во најважната споредна работа во светот. За фудбалските почетоци на Пандев, кој својата полна афирмација ја доживеа во Италија (Интер-Специја-Анкона-Лацио-Интер), говорат татко му Ристо, брат му Сашко, Ангел Велков, човекот што беше тренер на Пандев во училишните денови и Трајче Ѓорѓиев, поранешен директор на Беласица, матичен клуб на нашиот моментално најдобар фудбалер.

„Уште како мал тренираше многу. Беше целосно посветен на фудбалот и знаеше дека еден ден ќе биде тоа што е сега. Имаше потези што зачудуваа за дете на негова возраст“, се присетува Ристо Пандев.

„Во мојата свест знаев дека Горан ќе стане голем фудбалер, но никогаш не му го зборував тоа. Беше мал. Сите можеа да го забележат неговиот потенцијал и талент“, додава таткото на Горан.

Пандев е само третиот македонски фудбалер што успеал да го подигне пехарот во шампионската лига на УЕФА. Претходно тоа им успеа само на Дарко Панчев и на Илија Најдоски со белградска Црвена звезда.

„Јас и Горан сме разлика четири години. Тој почна да тренира на седумгодишна возраст, јас на осумгодишна. Двајцата почнавме во Беласица. Како деца постојано ги гледавме мечевите на големите европски екипи. Се восхитувавме на големите фудбалски имиња какви што се сега Кристијано Роналдо. Трениравме каде ќе стигнеме, на стадион, на улица. По училиште игравме фудбал по цел ден, живеевме со фудбалот и за него. Не знам како да го опишам чувството кога брат ми беше дел од годинашното финале во Лигата на шампионите во Мадрид. Беше прекрасно“, вели неговиот помлад брат, Сашко.

Честа да работи со Пандев и да биде горд на она што е сега ја има Ангел Велков. За својот некогашен ученик ќе рече:

„Уште како мал умееше со топката. Поседуваше огромен потенцијал, беше страшно талентиран. Имаше и други дечиња во генерацијата, но Горан се издвојуваше со своите потези, вештина, умешност. И како дете, надвор од теренот и тренинзите беше добар. Сега не е чудо што стигна таму каде што е“.

Струмица и Македонија се горди на својот сограѓанин и сонародник кој е вистински наш амбасадор во Италија, ширум Европа и светот.

„За Горан има многу што да се зборува. Тој е херој во градот, тој е фудбалски херој на целата земја“, истакна Трајче Ѓорѓиев, доскорешен директор на Беласица, екипа која моментно се натпреварува во втората македонска фудбалска лига.


#
Статијата е прочитана 894 пати.

Испрати коментар

Од: kiko
Датум: 04.11.2010 01:17:09
zboruvaat ubavo za Goran se grebat za pari

Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз ќе тестира четворица во Корча
Милан ја бара менталната совршеност за да го турне кралот
Кубанска атракција за јубилејниот „Златен гонг“
Еклстоун удри по новите тимови
Поен по поен за Јотовски во Чиле
Денг збесна против Портланд
Петровски го подели 26. место на СП за млади
Ставрев на центарот во Данска
Српските хулигани најавија пекол во Сплит






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis