Според експертите, аранжманот би не' чинел од 2 до 3 пати поевтино од задолжувањето преку еврообврзници
Александрија Стевковска Нина Нинеска-Фиданоска
Избегнувањето да се склучи аранжман со ММФ скапо ќе ја чини земјава, сметаат експертите. Според нив, аранжманот со ММФ би не' чинел од 2 до 3 пати поевтино од комерцијалното задолжување преку еврообврзници. Тие ја обвинуваат Владата дека поради ароганцијата и намерата по секоја цена да се заобиколи контролата во трошењето на буџетските пари, го избира потешкиот пат за излез од кризата.
Ова следува откако властите, по еднонеделните средби со тимот на ММФ, дефинитивно објавија дека засега не се заинтересирани за аранжман.
„Јас сум приврзаник на мислењето дека во овие кризни времиња аранжманот со ММФ нема алтернатива, но со оглед на тоа што Владата никако не сака мониторинг во делот на фискалната политика, односно на буџетските трошења, таа што поскоро ќе мора да идентификува реален извор на средства, од каде што ќе го покрива големиот дефицит на тековната сметка, кој ќе изнесува најмалку 14 отсто од БДП“, вели Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот на ЈИЕ.
Според него, постојат извори на средства од каде што ќе се покриваат финансиските дупки, но прашање е која е цената што за нив ќе се плати, со оглед на фактот дека комерцијалното задолжување е многу поскапо од склучувањето аранжман со ММФ.
„Аранжманот со ММФ би не' чинел од 2 до 3 пати поевтино од комерцијалното задолжување преку еврообврзници“, објаснува Беџети.
Во однос на намерите на Владата да повлече 77 милиони долари од нашата квота во ММФ, Беџети вели дека и во тој случај станува збор за кредит.
Според него, треба да се постави и прашањето како нашава држава ќе успее да ги обезбеди дури и комерцијалните кредити, бидејќи Македонија го нема кредитниот рејтинг што го имаше пред 6 месеци.
„Со оглед на фактот дека рејтингот се влошува, се' помали се шансите за обезбедување на овие средства“, вели Беџети.
Професорот на ЈИЕ е убеден дека македонските власти многу скоро, сепак, ќе се одлучат на опцијата - склучување аранжман со ММФ.
И професорот Панче Јовановски, проректор на Европски универзитет, смета дека аранжман и' е потребен на Македонија.
„Патот кон ММФ е јасно трасиран и одложувањето на склучување аранжман со Фондот не е препорачливо за организам кој е болен, како што е нашето стопанство“, вели Јовановски.
Според него, ММФ не е бауч и не треба да се сфаќа како таков.
„Парите што би се земале од ММФ и не се толку важни, бидејќи краткорочно, моментно, ќе ги решат проблемите. Многу позначајна е долгорочната перспектива, која ја нуди аранжманот со ММФ“, смета Јовановски.
Освен експертите, и стопанствениците јавно, извесен период наназад, бараат да се склучи аранжман со ММФ, како најевтин начин на кредитирање на земјава. Според бизнисмените, парите што би се добиле со аранжман, би го намалиле внатрешното задолжување на Владата и ќе го релаксираат стопанството. Со избегнувањето поитно да се склучи аранжман со ММФ, Владата само придонесува кризата да навлезе подлабоко во порите на стопанството и да ги влоши економските услови, кои и така се лоши. Бизнисмените веќе алармираа дека сето тоа придонесува потенцијалните странски инвеститори да се откажуваат од Македонија. Домашните фирми се жалат дека почнале да ги губат странските партнери. Стопанството е во сериозен пад, а на голем број фирми им се заканува банкрот, алармираат стопанствениците.
Владата, засега, се' уште стои на ставот дека аранжман со ММФ би се склучил во крајна нужда, во случај работите толку да се влошат што ќе биде доведена во прашање стабилноста на денарот. Доколку економските состојби се стабилизираат, Владата најави дека е можно наесен да повлече 77 милиони долари од ММФ, без склучување формален аранжман.
vladata saka da trosi za luksuz i bez kontrola,a MMFnedava sredstva za toa
vladata ne ja cini nisto ,toa nas ke ne cini
Од: Jovano
Датум: 16.05.2009 01:57:09
Koj li kriminal Slaveski ke se obide da go prekrie pred da skluci aranzman so MMF? A? Se se Gleda i od avion, Kolegata Gruevski ne saka aranzman so MMF koj nudi Finansiski sredstva so mnogu poniska cena, dvojno ili trojno poeftino od komercijalnoto zadolzuvanje sto go sproveduva vladata na Gujo. Vladata nasa ne e prosta, mnogu dobro znae kolkava e razlikata od 9 procenti do 5 procenti kamata na 300 milijoni evra, ama nesto smrdi vo pozadina, i ne smee da izleze na videlina bar uste nekoe vreme! Uste kolku treba na celo so Gruevski, Makedonceto da strada? Uste dolgo! Zatoa sto i negovata opozicija (SDSM) e ista ako ne i polosa!
Од: Спасе
Датум: 16.05.2009 11:43:04
И пак Ставревски и Славески гајле ќе си немаат,па,мислам,дека ќе бидат прогласени за генијални економисти,како и шефот нивни.Некој спомна оставка?..
Од: bobi
Датум: 16.05.2009 12:30:23
Aman veke so tie vasi eksperti. Ne moze nekoj da e ekspert a da nema nitu eden staz vo soodvetnata oblast.ova osobeno se odnesuva na profeosrite od univerzitetite (cest na isklucocite). Na zapad ekspertite moze da se profesori no imaat direktni vrski so stopanstvoto, bakarskiot sitem i slicno, a ne ko ovie nasive iksperti, a baska golem del od tie eksperti koi sto gi spomenuvate vo tekstot bea sovetnici na minatite vladi pa vidovme do kade ja donesoa Makedonija.
Од: Makedonec
Датум: 16.05.2009 16:53:50
Нема ништо скриено во позадина,само слепец не би го препознал распаѓањето на македонската економија.Задолжувањето преку еврообврзните никој не го контролира,а додека аранжманот со ММФ е сосем друга работа.Целата работа е што глујо и компанија чекаат само крах на економската состојба ако не и нацелокупната кризна ситуација и свесни се за неможноста на излегување од таа ситуација,па само чекаат да се случи и дотрошуваат НА МРТВО се што остана во буџеот (ако воопшто има нешто),и при тоа на старомоден начин ги мачкаат очите на јавноста со скулптури,восочни фигури,лопати и сл пропаганди се со цел да ја задржат сегашната позиција дури е можно подолго...А што ќе биде г-да III рајх кога ќе се ревидира вашата работа?Сигурно и на тоа сте спремни со вашите чешки,бугарски,амерички и др пасоши?Раката на правдата е долга кога тогаш ќе стигне..
Од: Драги
Датум: 16.05.2009 19:29:11
Незнам од која номенклатура се Беџети и Јовановски,али сигурно се жестоки заговорници на подивениот либерален капитализам и неговите глобалистички и мондијалистички метастази,кои во Македонија предизвикаа беда и глад,очај и разочарување.Досега несум сретнал економски експерт,барем да напомне за ренесанса на Македонската економија со сопствени сили и ресурси.Јадни студенти на кои им предаваат вакви малодушни,разочарани и исфрустрирани професори.