Советниците на претседателот со крути погледи за спорот, дали тоа ќе биде и политика
Оливера Војновска
Големи се очекувањата на САД и на ЕУ од новиот македонски претседател Ѓорге Иванов дека земјата конечно ќе успее да направи чекор напред во евроатлантските процеси и ќе го затвори прашањето со името. Вакви надежи им дава инаугуративното обраќање на Иванов, за кое официјален Вашингтон оцени „дека е охрабрувачки говор, со позитивен тон, особено повикот за јакнење на односите со сите земји во регионот и фокусирањето на решавање на спорот за името со Грција“. „Немам намера, ниту потреба, ниту за момент да замижам пред големите пречки на нашиот пат, како што се нерешените прашања со јужниот сосед и глобалната економска криза“, вети Иванов во првото обраќање до нацијата.
Набрзо ќе се види колку тој бил цврсто решен да се фати во костец со горливите прашања. Или, можеби, неговиот оптимизам ќе трае колку и свежината на белите антуриуми и хризантеми со кои беше декорирана собраниската говорница од каде што ги испрати пораките.
Поштарот за името чукна на вратата на новиот шеф на државата. Вистинска енигма е како ќе плови бродот на Иванов во надворешната политика и колку тој ќе може да ги наметне сопствените ставови, имајќи ги предвид силната суета и крутоста на премиерот Никола Груевски. Тој на првата посета во Брисел беше заедно со Груевски и остави впечаток како да беше поклопен од сенката на премиерот.
Во претседателскиот кабинет Иванов ќе се консултира со Јордан Плевнеш, потпретседател на УНЕСКО во Македонија и поранешен македонски амбасадор во Франција, Светомир Шкариќ, професор на Правниот факултет, Димитар Мирчев, основач на Европското движење во Македонија и декан на Универзитетот ФОН, и со поранешниот дипломат Ристо Никовски. Познати се во јавноста нивните потврди ставови, според некои оцени и поригидни, за најгорливите прашања, особено спорот со името.
Мирчев во интервјуто за нашиот весник сега има повнимателен пристап, па вели дека ќе му сугерира на Иванов да не брза со ниту еден потег во надворешната политика. Тврди дека тој никогаш не бил за тоа да се прекинат преговорите со Грција, туку кажувал дека треба да се разговора само за името, а не и за идентитетот, јазикот, културата...
Шкариќ во предизборието на една трибина на ВМРО-ДПМНЕ за тоа каков претседател и' треба на Македонија, имаше идеја нашата земја да се зачлени во Движењето на неврзаните. Тој смета дека „неврзаните се многу моќна асоцијација, богатиот арапски свет членува таму, како и цела Африка и некои земји од поранешна Југославија“, и притоа додава дека „ Македонија по неуспехот со НАТО и со ЕУ треба да ги развива односите со Русија, Кина и со Турција“. Минатата година на промоцијата на публикацијата „Спорот за името меѓу Грција и Македонија“, професорот Шкариќ, како што пренесоа медиумите, изјави дека „Македонија не треба да биде под пресија на времето во врска со спорот за името, туку да го разбере поширокиот контекст и особено да ја расветли улогата на сите актери инволвирани во него, пред се' на ЕУ“.
Дипломатот Ристо Никовски пред една година го поздрави отворањето на егејското прашање во преговорите, оценувајќи ја таквата одлука како опортуна. Во една своја колумна тој напиша: „Неизбежен е заклучокот дека нов договор со Грција не е можен без да се реши егејското прашање! Дилеми не треба да има: ако сакаме да опстоиме, на маса мора да се стават сите отворени прашања со Грција и во периодот што доаѓа да се обидеме да најдеме трајни решенија“. Тогаш тој констатира и дека „медијаторот Метју Нимиц веќе во неколку наврати го надминал својот мандат на штета на Македонија, отворајќи ги прашањата за македонскиот јазик, култура, историја“. Никовски лани во октомври во писмо во „Нова Македонија“, насловено како „Националното достоинство нема цена“, напиша: „На тие што нешто знаат за вештината на преговарање (или посредување) јасно им е дека се' додека процесот не е завршен, сите опции се во игра, макар тактички. Тоа, секако, важи и за двојната формула“.
Осврнувајќи се на проблемот со Грција за името, Иванов во Брисел по средбата со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана, искажа кооперативност и подготвеност за продолжување и продлабочување на процесот што се води во ОН со посредство на медијаторот Метју Нимиц и додаде дека треба да се најде решение на проблемот што го блокира македонското евроинтегрирање. Тој повторно го спомена „разумниот компромис“ и повторно не објасни што точно подразбира под ваквата формулација, но најави дека ја напушта двојната формула како единствена опција и дека ќе ги има предвид сите можни решенија. „Се надевам дека од другата страна ќе наидеме на разбирање и ќе дојдеме до решение што подразбира разумен компромис, кој нема да посегне по нашиот идентитет и нашиот јазик. Се надеваме дека по изборите во Грција ќе имаме партнер со кој ќе можеме да го завршиме ова и да дојдеме до одредено решение со кое ќе ги отвориме перспективите на регионот и на нашата земја“, изјави Иванов во Брисел.
Така што интересно ќе биде да се види што ќе го советуваат сега Иванов неговите соработници Мирчев, Шкариќ и Никовски.
За Европската унија од голема важност е тоа што еден ден по инаугурацијата, македонскиот шеф на државата дојде во европската престолнина. Солана ја охрабри Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите, а во врска со прашањето за името препорача „македонскиот претседател да биде конструктивен и да продолжи во напорите за изнаоѓање решение“.
Дали ќе биде така и дали Македонија за време на мандатот на Иванов конечно ќе тргне напред? Иако се работи за специфичен сплет на околности, при што за решавање на проблемите е неопходна силна политичка волја, сепак, прогресот на државата во голема мера зависи од тоа како и со колкав интегритет новиот македонски претседател ќе ја извршува функцијата. Иванов во кампањата велеше: „Човекот ја прави институцијата“. Тој сега има на располагање пет години да го покаже тоа и да остави личен печат, што сепак, зависи само од него.
Zhelbata da bideme naslednici na antichkite makedonci e ochigledno ogromna, barem sudejkji prema komentarite na chitatelite i politikata na Grujo Veliki. Da se proglasevme naslednici na Napoleon Bonaparta sigurno polesno kje pominevme, grcite se za zhal poznati kako mnogu inatliv narod.
Од: Itar Pejo
Датум: 16.05.2009 00:29:17
Јордан Плевнеш, потпретседател на УНЕСКО во Македонија ????? A koj e predsedatel na UNESCO vo Makedonija? Vazno e i negovoto iskustvo kako postdiplomski student na universitetot kade sto e vo isto vreme i rektor
Од: jimmy1
Датум: 16.05.2009 00:51:55
E uste pozamizan od sto si? zdravj.
Од: Iskanje na muvata od kapata
Датум: 16.05.2009 00:54:51
Risto Nikovski e eden od glavnite vinivnici za korsokakot vo koj se najde makedonskata diplomatija, vklucuvajki go i problemot so Grcija okolu imeto na nasata drzava! Ocigledno e deka postanal svesen za svoite greski i gafovi i, so iskanjeto na muvata od kapata, sega nastojuva da si ja ,,opere,, sovesta! Vpecatok e deka okruzuvanjeto na pretsedatelot G. Ivanov so takvi konformisti kakvi sto se Nikovski, Mircev, Plevnes i Skarik e ,,delo,, na premierot Gruevski!? Nam ni ostanuva da cekame i da vidime dali Ivanov ke uspee da izleze od pod kaputot na premierot.
Од: Trajko
Датум: 16.05.2009 01:22:07
E,Dzole,dzole shto ti se chineshe koga se zeneshe.Babati davala pet grosha da se fati na oro u Valandovo, no potem davala 20 za da se pushti.
Од: Bitolcanec
Датум: 16.05.2009 05:54:44
So ogled na faktot deka se poveke i poveke se forsira imeto so geografska dodavka gi zaprasuvam i voedno apeliram do site mediumi i novinari da nekoj konecno go postavi prasaneto sto ke bidi so imeto Makedonija vo Severna Grcija?Dali taa ke se prekrsti vo Juzna Makedonija ili pak grcite ke bidat tie sto ke imaat celosen monopol vrz imeto Makedonija?Dodavka so geografska odrednica mozi da ne napravi da bidime vo sostojba slicna kako na Bosna ako ne e razrabotena i temelno razgledana posto taa ne e slucajno odbrana od strana na grckata vlada!Molam do site onie sto ke go procitat ovoj komentar da dadat pridones da ova prasane dojdi do nekoj od prvite luge vo drzavniot vrv!
Од: realen
Датум: 16.05.2009 08:10:58
Golemi se ocekuvanjata, bea i tuka pri izborniot proces, izbravme sto izbravme - pa sega Evropa neka ne potsetuva na obrskite, kriteriumite i toa po 100-ti pat i pak, ovoj pat veleuceniot Ivanov, neka golta knedli. Nema prosperitet bez nekoi otstapki, tvrdi stavovi se stav na primitivizam, a slatki zborovi na poddrska se vetar vo magla i momentno zadovolstvo.Neka se vidi sto e prifatlivi i po koja cena i da s sstavi kraj na ova teroriziranje na narodot i forsiranje lazni nadezi.
Од: Zeko
Датум: 16.05.2009 08:18:52
Никаква промена на името -- а со тоа и бришење на Македонскиот народ -- не доаѓа во предвид.
Потомци сме на античките Македонци, гени те не лажат, а Богами ни историскитеизвори. Е сега, тие факти им пречат на некои, но тоа е вистината на која пто треба тврдоглаво да опстоиме.
Од: mkd
Датум: 16.05.2009 09:35:36
Pa ako nie bideme samo fleksibilnite ke se vidi kade ke se prekrsi sporot.Mora da imame TVRDA pozicija pa utre medijatorot da ja bara sredinata. Pa i na pazar ako se cenkate treba da ste ludi ako kazete do koja cena bi odele a kamoli vakvi sporovi od vitalno znacenje
Од: zap ev
Датум: 16.05.2009 10:58:10
da bideme cvrsti?a poleka odumirame kako nacija nisto ne funkcionira uste na radjanje se radjame invakidi poradi katastrofa od zdravsvo,vrabotunje na nula 80% se bez rabota i ludje na 50-60godisna vozrast me prasuvat kako da zaminat a nekoj vika da bideme cvrsti?pa 20g pominaa uste 20 li da pominat?mak kako mak nema idnina misæam najpametno e da vleze vo nekoj sojuz so bug i avtomatski ce vleze vo eu kako ddr druga logika ne gledam,kakva idnina ima da pospoi sev.mak a nacijata da se vika narodot na sev,mak ?
Од: sonja london
Датум: 16.05.2009 11:09:33
Nikovski ke pomaga vo resavanje na nadvoresnata politika?? Pa za negovite gafovi sto gi napravi dodeka bese ambasador vo London ni kniga vo pet tomovi nema da gi soberat. Pogolem dusman na makedonskiot narod ne sum sretnala. Covekot e tolku samozaljuben i samo za svoja korist raboti (doduse kako i mnogu dr., ama ovoj e shampion), pa ako uste nekoj od drugive e takov otide sve u nepovrat. Pozdrav od London
Од: Ana
Датум: 16.05.2009 11:12:47
Zosto toj pesimizam so koj pisuva novinarkata?! Ne mi e navistina jasno zosto hipoteticki gi osuduva optimizmot na pretsedatelot i negovite idni aktivnosti, a covekot samo sto ja prezede funkcijata. Dajte mu sansa 100 dena, pa kritikuvajte gi togas negovite vistinski aktivnosti.
Од: Спасе
Датум: 16.05.2009 11:34:49
Поштарот знае каде треба да чукне но,за жал,нашиот народ појма нема на која врата треба да чукне,освен на онаа за која ќе му речат.
Од: MAKEDONCE
Датум: 16.05.2009 12:10:23
makedonija i pripaga na makedonija i makedonskiot narod . ime nema pravo nikoj da menuva za da ne mu stvori problemi na idnite generacii zasto bez ime to makedonija i ne ke mozime da opstanime kako makedonski narod i jazik se znaat zelbite na sosedite cekaat da ne unistat .....makedonija treba da se svrti kon rusija i kina pred se .. so nato se vide deka nato funkcionira na hartija samo ..
Од: Veselin
Датум: 16.05.2009 14:22:55
Edno prasanje do glavniot urednik.
Samo glup covek ne znae sto od formiranjeto za prv pat na grcka drzava i stvaranje na prv pat grcka nacija(dodusa lazna) e celta .Delata go pokazuvaat toa.Kazete mi kako redakcija ,dali treba i jaze da si poneseme ,ili ke ni dadat za da se obesime samite?Koja e mojata idnina ako jas nemam nacija i tatkovina?Bidete jasni.Sakate da se prekrstime ili ne.Kazete go vaseto mislenje direktno.Ne se krijte zad bozem razumen kompromis.Takvo nesto nema vo ovaa situacija ,koga ocigledno od sred 19 vek se raboti za nacizam i genocid i etnicko cistenje do istrbuvanje na makedoncite.
Од: pdk-Sydney
Датум: 16.05.2009 14:58:31
Komentarite na "Bitolcanec" i "Zeko" se na mesto a gospodenot "Realen" e nesmasen neznae shto zboruva. Na shto lichat takvi komentari??? Stramota.
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 16.05.2009 15:03:17
Mojot predlog do OON e modifikacija na dosegasnata kompromisna referenca od FYROM vo FYR Macedonia sto de nadevam ke bide prifatliva i za dvete sprotivstaveni strani bidejki toa sto go nema ni carot ne go jade ili kako sto ima kazano i samiot segasen pretsedatel, za nekoi raboti ednostavno nema resenie.
So toa ocekuvam da preovlada razumot i kaj poddrzuvacite na radikalizmot na sdsm pred se od MANU.
Од: kris
Датум: 16.05.2009 16:34:14
Izgleda ovoj ke si go papa za imeto, Grujo go priprema za zrtveno jare...
Од: Prilepcanec
Датум: 16.05.2009 17:27:07
Izvinete,no nesto ne razbrav:kako bese primen g.Ivanov vo Brisel,na primer.Kako pridruzba na makedonskiot premier,kako negova senka-ne cuv sto kaza toj,slusnav sto diplomatite od EU mu poracaa.A mu poracaa toa sto so godini e poznato:ako sakate da ve vkljucime vo nasata igra,prvo doma naucete gi cekorite.Potoa nie ke ocenime.ne veruvam deka g.Ivanov ne go znaese toa,koga se prifati za pretsedatelski kandidat.Toj duri vo edno popatno intervju,na prilepskite pazargjii im rece:i jas bev prodavac,a videte do kade stignav.Ne gubete nadez.A vidi,stigna kade sto trgnal-na prilepskiot pazar.da,dnive i vo Brisel,no nikoj ne go zabeleza,osven onie sto pojdoa so nego za da ja falat uspesnosta na negovite sredbi vo EU.
Од: zagrizen
Датум: 16.05.2009 17:36:28
SDSM-uvanje na Pretsedatelskiot kabinet ova e prvicniot vpecatok. Na primer Nikovski dodeka bese vo MNR stana drzaven sekretar na Ilinka Mitreva kkao edinstven koj imase clenska karta na SDSM, a sega zamisli UFRLEN SOVETNIK na pretsedatelot, sreqno..
Од: jas
Датум: 16.05.2009 19:09:14
Da, sto poskoro izleguvanje od pregovorite za imeto a razgovori so sekoj za se' pa i za drugo ime na Grcija, Makedonija... Koj vo svetot pregovara za sopstvenoto ime? Ako Amerika e nas prijatel, a e, zosto ne prgovara da si go smeni imeto ili uste poslikovito, zosto ne uspeva da smeni ime na nekoj od mnogute bezdomnici! Nema menuvanje na ime a se' drugo e mudruvanje...SDS ne ja izgubi vlasta (mozda zasekogas) pordi nisto drugo ami poradi stavot za imeto...VMRO e na pat da mu se desi takvo nesto, zasto edno e koj vo momentot go prtstavuva narodot a drugo e dali toj sto go pretstavuva narodot gi realizira negovite baranja...Nema narod tolku zanesen da veruva deka, Branko, Ljbco ili Grujo ke gi naprvat bogat-ima narod koj bara da ne se giba vo imeto... Vide Zapad deka Gorge e slaba karika i sega tuka pravi probi da uspee da ne' namesti.
Од: Od Bobby Svetska
Датум: 16.05.2009 20:31:44
Mihalov vika gRCISTATA se inatliv narod sekoj narod bi bil inatliv da zeme sve za dabe neka cel svet glasa za koj e vo pravo nikoj nema pravo na naseto ime ne si stavajte zamka na vrat da zivee Makedonija a nato ne nie potrebno tolku od mene so pozdravi.
Од: silvester, sidnej
Датум: 17.05.2009 10:38:14
Vo diplomatskata praksa e pretsedatel so ptetsedatel. Gruevski e premier. Ivanov trebalo da odi. Si mislam i poarno so ne bil toj. Kako selance vo kostum vo Pariz ke bese. Nemam nisto licno protiv cevekov, no mislam deka e samo kukla na Gruevski, se potvrdi sega. Inaku Francija e progrcki nastroena i jasno e kazano da se promeni imeto, pa potoa ke bide polesno, se drugo e gubenje na vreme, vie ne mozete da gi svatite zborovite na zapadnata kultura.
Од: taipov abdula-turk intelektualec
Датум: 17.05.2009 15:28:59
se cudam samiot dali keima hrabrost gospodin ivanov da se odluci za promena na ustavnoto ime na RM vo severna.juzna ili centralna makedonija bidejki nitu eden od dosegasnite predsedateli nemaat nisto receno osven RM. kako pripdnik na turskata multietnicka zaednica jas ne sakam da ziveam zaedno nitu so Bugarite,Grcite nitu pak so Albancite toa e nase gragjansko pravo da ziveeme vo RM zaedno so toj narod shto ja saka i priznava postoenjeto na makedonskata nacija i bitie.So sigurnost znam deka makedonskiot i turskiot segment se garant za postoenjeto na RM.
Bi sakal da gi prasam albanskite politicari kako vo Z.maked.do albanskata granica ima turci(Ohrid,resen,Struga Debar i okolinata)a na drugata strana od granicata vo Albanija nema nitu edna familija tursko naselenie.Bi sakal na ovaa prasanje da mi odgovaraat nadleznite akademici albanci na moeto prasanje.
Од: Mende.Damevski
Датум: 17.05.2009 17:44:07
Gorge Ivanov ne smee da ja premine crvenata linija ,treba da kreira politika kako Nikola.Gruevski za nacionalno obedinuvane na R.Makedonija i nejzino zaclenuvane vo NATO_EU no so imeto REPUBLIKA MAKEDONIJA . So Nikola.Gruevski R.Makedonija e sigurna cestitki do premierot za politikata sto ja vodi cestitki.