Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

За Македонците добар живот се парите и здравјето, љубовта не е меѓу приоритетите

Истражување „Што значи добар живот“ на агенцијата ГФК во кое беа анкетирани 1.050 граѓани

Маја Томиќ

За македонските граѓани, најважни фактори за добар живот се финансиската сигурност, односно вработувањето и доброто здравје. Овие два аспекта, во драстично поголем процент од останатите, граѓаните ги наведуваат како основни елементи на она што за нив претставува добар живот.

Дури 87 отсто од граѓаните ја идентификуваат финансиската сигурност со доброто живеење, а за 82 процента добриот живот значи добро здравје. Далеку помалку, или само 20 отсто, сметаат дека децата се основата за добар живот, за 15 отсто тоа е среќниот брак, а 13 проценти сметаат дека поседувањето сопствен дом значи и добар живот.

Најмал број од граѓаните, или околу 10 отсто, мислат дека патувањата, доброто образование и поседувањето луксузен автомобил се причини за добар живот. Додека само еден до два процента од граѓаните мислат дека слободното време, љубовта и среќата, културата и уметноста, се битни за добар живот.

Ова се дел од резултатите на истражувањето „Што значи добар живот“ кое го направи агенцијата ГФК од Скопје во март годинава на репрезентативен примерок на 1.050 граѓани, постари од 15 години.

Анкетата покажала и дека кај граѓаните на возраст меѓу 25 и 44 години, како и кај самовработените лица, најмногу се избалансирани мислењата за тоа што е добар живот, односно дека тие обрнуваат внимание на повеќе различни компоненти на живеењето.

Најголем процент од помладите, учениците и студентите, како и пензионерите, сметаат дека добрата здравствена состојба е поважна за квалитетот на нивниот живот отколку финансиската состојба. Според резултатите, за студентите од 19 до 24 години, за разлика од другите групи граѓани, веднаш по здравјето и финансиската состојба, следуваат како важни можноста за повеќе патувања (16 отсто) и доброто образование (13 отсто). Додека, пак, за 12 отсто од учениците на возраст од 14 до 18 години, за добар живот е потребно добро образование. Десет проценти од нив сметаат дека поседувањето модерни електронски апарати значи и добро живеење.

Најпрецизни податоци од истражувањето се добиени од пензионираните граѓани. За 80 отсто од нив, добар живот е добро здравје, додека за 60 отсто од пензионерите на второ место се финансиската состојба, децата и поседувањето сопствен дом. На крајот, како помалку важни за доброто живеење се среќниот брак, доброто образование и поседувањето модерни елект��онски апарати.

За жителите од Скопскиот регион, за разлика од оние од североисточниот, значаен фактор за добар живот е поголемиот број патувања. Така мислат повеќе лицата од машкиот пол отколку од женскиот. Исто така, важен податок е што за граѓаните на возраст меѓу 25 и 34 години и самовработените лица, еден од поважните аспекти што го прават животот добар е слободното време. Така се изјасниле 10 отсто од оваа група граѓани. Само за 9 проценти од граѓаните кои живеат во Скопскиот регион, среќниот брак и поседувањето сопствен дом се битни елементи за добар живот, за разлика од 28 отсто од граѓаните од северозападниот и источниот дел од земјава кои сметаат дека овие фактори се значајна основа за добар живот.

Македонските граѓани, се констатира во анкетата, кога станува збор за доброто и квалитетно живеење, првенствено се фокусирани на основните животни аспекти, а многу помалку на факторите кои го подигнуваат животот на повисоко културно и духовно ниво. Ова, најверојатно, се должи на општата социјално-економска ситуација во земјата, која граѓаните ги поставува во позиција, пред се', да бараат начини да ги задоволат основните животни потреби, а на другите аспекти да им посветат внимание, онолку колку за тоа имаат време, пари и енергија.

Групацијата ГФК е една од водечките меѓународни компании за истражување на пазарот, таа е на трето место во Европа и четврта во светот. Има повеќе од 115 канцеларии, во над 90 земји, со приближно 10.000 вработени.


Статијата е прочитана 1208 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 16.05.2009 00:30:29
Logicno! Ako se ima pari ljubovta moze da se kupi. Kako i diplomata.
Од: maja
Датум: 16.05.2009 02:11:19
Spored piramidata na Maslov; najprvo treba da se zadovolat osnovnite zivotni potrebi kako hrana, voda, dom, itn, a potoa da se odi kon zadovoluvanje na povisokite potrebi, kako na pr:custvoto na pripadnost, lubovta, samodoverbata, samorealizacijata. Sprema toa, vo ovie ekonomski uslovi vo koi sto naoga Makedonija na Makedonskiot graganin "za zal" uste dolgo vreme ke mu treba da se iskaci povisoko na taa piramida.
Од: nekoj
Датум: 16.05.2009 11:47:10
Maja e vo pravo. Koga se ima dobra rabota, kariera i plata, veruvajte ljubovta doaga na prvo mesto zaedno so zdravjeto.
Од: prof.po preducilsno vospituvanje
Датум: 16.05.2009 12:09:26
Ne znam dali imalo prasanje:rabota,ili anketata e loso postavena.Da nemas rabota,da imas pari,od kade parite?Od nelegalni aktivnosti?Zatoa kriminalot nikako da zapre!
Од: mimi
Датум: 16.05.2009 13:22:02
nemale nikad pari vo zivotov , zatoa taka zborat najbitno e zdravje , ljubov , razbiranje , pari...
Од: makedonka od paris
Датум: 16.05.2009 14:17:42
komentar do itar pejo ljubovta i srekata so pari ne se kupuva .pozdrav do site
Од: Od Bobby Svetska
Датум: 16.05.2009 20:51:24
Najvazno e zdravjeto ljubofta a parite mozat da se zarabotat ako si zdrav parite nese nisto samo boles so pozdrav.
Од: chitatel
Датум: 17.05.2009 00:04:32
ovaa anketa e samo potvrda kolku Makedoncite zhiveat vo siromashtija i kolku se borat za zadovoluvanje na ezgistencijalnite potrebi zhalno i tragichno, koga dobro kje se razmisli, kolku intelektualci se borat da gi platat smetkite, i bankarskite rati, a nemaat nitu stan, nitu avtomobil, nitu mozhat decata da gi shkoluvaat....toa e nashata Makedonija, no ova treba da go chitaat golemite patrioti vo stranstvo,koi virtuelno ja sakaat Makedonija...zhiveat ubavo, ama glasaat za nashata idnina-strashno!!!!
Од: OF LELE -Ljubotan
Датум: 17.05.2009 04:56:33
Ne sum preucen,ama sum ucen! Kako sto gi gledam komentarive, site se nadvor od samiot problem ; Na sreca, sto e sreca, nema utvrden kriterijum! Samo znam! Ako se ima ;Srecen brak, se ostanatoto e Produkt od toj Srecen Brak.; Roditeljite na Toj Brak ,i Decata na toj Brak go gledaat toa ;kako familiarna Sreca, a komsiite mozat samo da mu zavidat!
Од: zapadna
Датум: 17.05.2009 10:03:53
Македонците нема на што да се надеваат,сем на здравје и пари ако им даде Бог.Како гледам од нашата ни држава Скопје добиваме илјадници кучиња скитници за што Скопје ке биде пријавено тоа да не го прави по малите градови.Помодарите од Скопје да престанат да се прават модерни земаат,купуваат расни кучиња,откако ке им престане фолот ги носат во комбиња,или индивидуално секој по неколку кучиња во малите градови.Престанете оти еден шлепер ке ви донесеме на Водно,па да се чудите кога ке ви ги вратиме.Ако сакате да бидете европски граѓани,дури имавте замисла и за монархија чувајте ги кучињата што ги земате од по државите каде вие патувате,а обичниот народ не може.Позз до утрински

Најди! во Утрински
Насловна
Од црни, поцрни прогнози на НБМ
Поштарот за името чукна на вратата на Иванов
Нов градоначалник, стари проекти
Норвешка со најдобра евровизиска песна
Страв од летање
Заменикот на Клинтон денес во Македонија
Без аранжман со ММФ, ќе платиме три пати повеќе
Идентитет
Како да се види Пловдив со шенген-виза
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
Инаугурацијата како повод
Карикатура