Без бугарска виза, но со шенген, на пат до овој град и назад ќе минете минимум 24 часа
Димитар Чулев
„Со германска шенген-виза немате право да одите на бања во Бугарија. Може само да транзитирате и во рок од пет дена да ја напуштите земјата од друг граничен премин“, му објаснува граничниот службеник на бугарската страна од Деве Баир на постар брачен пар од Гостивар, кој по препорака на лекар тргнал во Бугарија. Нивната снаа се обидува да се објасни со службеникот дека „во агенцијата не ни кажаа“.
Следува циничен одговор: „За мене агенција или слаткарница во Гостивар е исто. Требаше да се информирате во ’нашето посолство‘“, вели и им дава рок од неколку минути на тројцата да размислат кон која земја да заминат или да продолжат и на враќање на Деве Баир да платат 500 лева (околу 250 евра) глоба.
Настанот се случува минатата сабота околу 2 часот по полноќ. Изборот е невозможен: угоре високо, што би рекол народот, враќањето назад скапо. Но, такви се патиштата шенгенски и новите европски бариери на Балканот. Откако господата проценители од Брисел утврдија која земја смее во ЕУ, која е „во шенген-зоната“, а кои земји (и граѓани) ќе чекаат да бидат поместени на „белата листа“ за да излезат од границите на сопствената држава. Бугарија се' уште не е во „шенген-зоната“ и таму не важат таквите визи.
Случајно излезе да заминам за Пловдив на апсолвентска вечер на синот на мои блиски кои не успеаја навреме да обезбедат бугарска виза за свечениот чин на единецот. Заминав како „специјален пратеник“ на семејството за вакви свечени моменти, со подготвен говор и подароци за момчето и за неговата партнерка за апсолвентската. Се разбира, откако цела недела специјално за таа намена формиран тим на Интернет ги проверуваше сите варијанти на балкански транспортни конекции со цел да стигнам (и да се вратам) до градот, кој е на околу 400 километри од Скопје, а за тоа да не ми треба повеќе од еден викенд.
И успеа: со автобус што поаѓа точно на полноќ од Транспортниот центар во Скопје има реални шанси да се стигне до „Автогарата“ во Софија до 6,20, евентуално до 6,30 - термини кога од централната железничка станица тргнуваат два воза што минуваат кон Пловдив. Во тие дваесетина (плус - минус) минути треба да се претрчаат 200 метри, да се застане на еден од четирите шалтери каде што се купува билет кој чини 12,10 лева, се разбира, доколку претходно имате време да смените пари и доколку редот пред воз не е подолг од двајца.
Коректната службеничка која само што ја презела касата не брза никаде. Доволно е да брзаат патниците кои имаат резервна варијанта да се вратат на автобуската и да чекаат автобус за Пловдив, но за подоцна. Во вагонот се сместувам комотно и читам „наш печат“ за плановите за докомплетирање на железничката линија (оние 25 км железничка линија од Крива Паланка до Бугарија плус еден недовршен километар на бугарска страна) од Коридорот 8 и за железничкото поврзување на Струга со Драч. Какво визионерство, да седнеш од Скопје и да стигнеш до Варна, на пример, или до јадранскиот брег на Албанија.
Научна фантастика, констатирам, и се препуштам на муабетите на неколку пензионери кои сабајлечки бистрат политика, зборуваат за старите добри времиња кога имало стабилни цени, доволни пензии и за млади кои немаат респект и „гледаат само како да избегаат од земјата“.
Пловдив има три универзитети, најголем е Медицинскиот со хирургија, која располага со 1.200 кревети. Во кафеаната „Стариот хан“ разговарам со неколку наши студенти. Велат, порано и со можност да плаќаат само една третина од цената (доколку докажат дека се од „бугарски происход“) можеше релативно евтино да се студира. Во градот што е своевиден студентски центар каде што цвета студентскиот туризам моментно има над илјада деца од Македонија. Цена на сместување е околу 100 лева (50 евра) од кревет, уште 50 лева за струја вода, Интернет... За храна стотина евра се доволни, но цифрата станува релативно висока кога ќе се додаде и школарината од 1.200 евра годишно за оние кои досега беа со партиципација.
Автобуската станица во Софија е главната врска за доаѓање во Македонија
„Од другата година ќе биде неиздржливо. Се споменуваат 5.000 евра за година и веројатно наши студенти ќе има се' помалку“, ми објаснуваат 25-годишниот Марко и Костадин, една година помлад од него. Велат, штета, зашто Медицинскиот универзитет во Пловдив навистина е добар. Омилено сврталиште на градот чие античко име е Филиполис се кафулињата во центарот во близина на осумметарскиот споменик на Филип Втори. Минатата недела, во пресрет на апсолвентските вечери, токму овде беше особено живо поради тоа што многу родители дојдоа да присуствуваат на свечениот чин, да помогнат во изборот на тоалетите...
Но, за оние како јас со шенген-виза нема време за лефтерно однесување. Морам да обезбедам карта за назад кон Скопје, но – индиректно. Имам неколку опции: за да поминам граница, би можел да одам до Едрене, Турција, да пробам да се вратам преку Грција (каде што македонски граѓани не можат да влезат со шенган) или да заминам кон Србија. Следува нова потрага по најбрза конекција кон дома: Пловдив – Софија, Софија – Димитровград – Ниш. Само за 36 лева и „само“ за седум часа со автобус што тргнува во Бургас и меѓу 3 и 4 ч. наутро (по средноевропско време) минува низ Пловдив, може да се успее да се стигне во Софија до 6 часот, каде што (по чекирање на билетот) може да се фати автобус до Ниш.
Сето тоа се одвива во трчаница, а „вишок“ време има евентуално за да се влезе во тоалет, за што се плаќа 30 стотинки. Но, за таа цена ви даваат и тоалет-хартија. Имам впечаток дека само уште на Балканот (Софија, Солун, Ниш) се плаќа за хигиенско-физиолошки потреби. Не само што се плаќа туку и бројот на луѓето кои имаат такви потреби како да се зголемува. Стигнувам во Ниш и констатирам дека бројот на „чекачите“ пред перонското веце е најголем. Вецето се' уште функционира според системот на жетони „со дупка“ кои чинат 20 динари, секако, ако размените девизи за динари. Но, може и во метални евра.
Нема време за размислување меѓу 10 и 10,40 часот, кога тргнува најбрзиот автобус за Скопје. Терминот најбрз за експресниот автобус на „Ниш експрес“ е само случаен: потребни се цели шест часа да се поминат 200 километри до Скопје по автопатот од Коридорот 10. Не поради градежните работи за проширување на делницата Табановце - Куманово или почетните работи на српска страна. Причина е стариот автобус што влегува во секое поголемо населено место покрај патот. Плус малтретирање е српско-македонската граница: еден и пол час чекање, затворени врати без никој да слезе.
Но, и задолжителниот претрес кој е на стариот балкански начин. „Во ред и отворете го багажот“, наредува со строг глас македонскиот цариник - инаку блондинка на 20 и нешто години. „Нема пушење!“, предупредува, иако нејзините колеги слободно чадат гледајќи во испревртениот багаж на патниците. Ме прашува за двете глинени чиничиња: „што е ова завитканово“. § велам - „сувенири“ и објаснувам дека тоа најчесто се зема за спомен од странство... Знаев се' за содржината од мојот куфер и лесно минав. На една девојка сериозно и' забележаа зашто носи цвеќе во саксија, особено што пред земање подароци од странство не се информирала за тоа што смее, а што не смее да се внесе во земјава. Млад човек, ��о акцент од источна Македонија, мораше да врати некаковси разладувач (не личеше на клима-уред) бидејќи бил половен, а „такви уреди на старо“ биле забранети да се внесуваат во Македонија. Не помогна расправијата што се одвиваше во сенка на двата шлепера полни до врв со старо железо (автомобилски хауби, тркала, цевки, па и делови од клима-уреди). Немаше каде, граѓанинот кој „за малку“ ќе го прекршеше законот мораше да го фрли разладувачот - во контејнер.
Јас бев задоволен. „Најдолгиот пат“ кој во овој случај го минав низ дел од Балканот на враќање траеше само 14 часа, во три автобуси, преку два гранични премина и еден детален преглед. А што ли беше она за слободен проток на луѓе, стоки и идеи...
So Bugarija vo sekoj sluchaj nemozheme da se merime so nishto i pokraj toa shto e edna od najmalite zemiji vo Evropa, samo 8 milioni zhiteli. I pokraj toa shto se tatari, a nie civiliziran antichki narod, izgleda deka srekjata im e nakloneta. Nam nema da ni preostane nishto, osven da tazheme za Titova Jugoslavija.
Од: ugrin
Датум: 16.05.2009 00:37:24
Tegli gi za opas,gi vidovme pred 3 nedeli vo Ohrid,isti se so stariot komunisticki stailing,ne gi biva vo genot im e varvarinot,baska so vo Ohrid nivnite vodichi tropaa na glas za bugarska istorija ,zalosno bese so nemas koj od nasive da go sopre toj trend,a za Ohrigjani so da se kaze,se so prodavaa prodavaa vo levovi pa i bugarski malku podnaucule,sramotiloci vo zivo daleku se od turizmot.
Од: goko
Датум: 16.05.2009 01:00:56
Za sloboden protok na luge i idei ke treba da pocekame uste malku da se vrati Sulejman Velicanstveni na site ovie prostori kade sto si bil i porano. So ovie segasnive ne a biva.
Од: mitko za eden den
Датум: 16.05.2009 01:23:08
Eden den na doktorite koi ke studiraat vo Plovdiv ke im tekne deka se podobri doktori od onie koi studiraat so vrski i potkupi vo Skopje. Ke se zdruzat zaedno i so bugarskite pasosi ke formiraat "bugarsko lobi" na doktori vo Makedonija.
Од: Петар Илиев
Датум: 16.05.2009 01:36:39
Да бидеме поточни: тракискиот град Евмолпиада бил освоен од Филип II Македонски во 342 г. и прекрстен со убавото грчко име Филипополис (град на Филип), на тракиски jазик Пулпудева, оддека потекнува подоцното словенско Плоудин и денешното Пловдив; на сликата е ЖП станицата; незнам зошто авторот избрал да патува со воз од Софиjа, има многу автобуси до Пловдив; наjинтересантното во Пловдив се античкиот и преродбенскиот архитектонски комплекси, не споменикот на Филип.
Од: Petre
Датум: 16.05.2009 06:20:11
Браво за статијата. Резил за политичарите што прават во 21 век ова да се случува. Резил за Ев ропската Унија.
Пет стотини години во турско време кога се одеше со каравани со коњи, споменатите растојанија се врвеа побрзо и без никакви граници и визи. Колку време ќе и‘ треба на Европа да го достигне нивото на Турската Империја од пред 500 години?
Од: Makedonski prerodbenik
Датум: 16.05.2009 08:53:16
A sega da prasame i zasto makedonskite policajci na preminot sakaat od site stranci (so izklucek na Albania) da popolnuvat "listchnja za vlez i izlez"
Од: Trajko
Датум: 16.05.2009 08:57:11
Kako da se stigne do Plovdiv? Laznite makedonski patrioti ,preporachuvat da se zeme bugarski pasosh.Istovremeno ke mozesh da si nabavish i kvalitetno polovno auto.
Од: zapadna
Датум: 16.05.2009 09:58:44
Аман веке еднаш престанете со тоа „татари“како не ви е страм кога веке знаете дека населението повеке од половина во БГ е со потекло од Македонија,па била егеј,вардар,пирин.Срамота.Поздрав до Пловдив убав град.
Од: Strana Gledano
Датум: 16.05.2009 10:07:09
Problemot na drzavata e golem na granicnite premini vo Makedonija, carinicite obavezno bez isklucok te zastanuvaat da im go otvorish bagashnikot, da gi upotrebat site prashalni zborcinja shto postojat vo Makedonskiot jazik ne naveguvajci vo toa i deka vleguvaat vo tvojata intima, narocito katastrofalni grznicni premini se pomalite kako Novo Selo i Dojran. Preminitevo bugarija se ushte pokatastrofalni, dzabe shto se vo EU, ako pominuvate na granicen premin Zlatarevo, toa e od Novo Selo Strumica, na vlez ce vi dadat eden USB stik, i so toa stikce treba da pominite na 5-6 shalteri i na krajot koga ce ja platite i "Vinetkata" za koristenje na patishtata, mozat da ve vratat odnovo poshto USB to imalo virus i da vi dadat drugo na pocetok, ili nekoja informacija od site ovie predhodni shalteri ne pominala preku kompjuterot! Znachi mrezni sistemi NULA, shto e toa? Belki nekoj odgovoren ce procita neshto od komentarive ili ce mu preraskazat pa ovaa situacija da se promeni!
Од: srebre
Датум: 16.05.2009 10:38:20
bug dodeka pravese tranzicija vo mak sote firmi gi pokradoa da gi odnesat vo stecaj a vo bug zemaa oplata 50marki ama opstanaa tie se nacija 1500god i mislat na nacijata zatoa i stanaa amerika ce dojde den koga ce gi molime no nesum siguren deka togas ce ne sakat se povece licime na albanija a bug se povece na evropa.
Од: Mac
Датум: 16.05.2009 15:48:16
Statuata na Filip II e postavena pred neceli 2 godini, ne znam zosto ama vo BG se e makedonskio, iminja na fakulteti, ulici itn.
Bugar si e Bugar ama ako otidete vo Varna ke vidite mnogu lugje so sini oci kako nas Makedoncite. Porano imalo golema migracija na makedonci vo Varna. Inaku bugarite vo princip imaat crn ten i temni oci-po toa se razlikuvaat od ostanatite Makedonci vo bugarija.
Od druga strana od Sofija za Plovdiv ima Avtobusi na sekoj pola saat, zosto so voz patuval avtorot-nejasno. Slikata ne e od Avtogarat a(koja e sovremena i nova gradba) mnogu pogolena od Skopskata, tuku e od Zeleznickata stanica...
Kako i da e Plovdiv e top grad, a Sofija e Metropola i se zivee 24 casa turbo.
Од: tomi
Датум: 16.05.2009 16:27:20
plovdiv e najubavio grad
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.05.2009 01:14:25
Jas imam shvajcarski pasosh i celiot e polno iskluchivo so srpski, makedonski i bugarski pechati, a ja pominav cela Evropa. Absurdno e deka najjaki kontroli na granicite ima vo drzavite kade shto ima i najmnogu kriminal, Srbija, Bugarija i Makedonija. Na shvajcarskata granica pregleduvaat sekoja deseta kola, od respekt prama patnicite, inaku kje se stvorat golemi koloni.
Од: Ariec
Датум: 17.05.2009 13:48:25
".....Bugar si e Bugar ama ako otidete vo Varna ke vidite mnogu lugje so sini oci kako nas Makedoncite. "
Lud umora nema- shto drugo da kajam!
Од: leka
Датум: 17.05.2009 17:28:18
se dodeka po nasite sfakanja bugarija e trula,a srbite i da ne utepaat se tie dobrite.,se dodeka ne rascistime so predrasudite taka ke bide,pa i ovoj tekst e vo takva konotacija da BUGARITE SE LOSITE, i nikogas ne se prasuvame za sebe,sto nie sme zrtvite na bugarskiot zagovor,eee za svs ni se krivi bugarite