Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Инаугурацијата како повод

Филип Петровски

Зошто на инаугурацијата на претседателот Иванов немаше претставници на двата наши соседа, кои се истовремено членки на НАТО и на ЕУ?

Беше оваа седмица исполнета со многу настани. Речиси таа беше уживање за оние коишто сакаат себе си да се позиционираат пред телевизорите дома и да почнат со вестите од 17 часот, за да завршат некаде околу полноќ. А потоа да заминат во спалната соба целосно зомбифицирани од се' што им се сервира. Шегата настрана, би сакал навистина да видам студија за последиците од практицирањето на овој начин на живот, кој ми се чини дека му е својствен на денешниот просечен Македонец. Чудно е што нема никаква студија за тоа колку се гледа телевизија и колку од тоа време е посветено само на информативните емисии, како (што ми изгледа најважно) и колку тие влијаат на однесувањето и на градењето ставови за животот и за политиката. Не би се обложувал дека партиските аналитички центри немаат вакви истражувања. Но, би сакал да постои едно вакво истражување за пошироката јавност. Од едноставна причина што ми се чини дека треба да им се укаже на консументите колку може да биде опасно по нивното здравје, особено на психата, доколку подолг период се практицираат навики да се спие покрај телевизор по 17 часот...



Можеби ќе звучи комично, но би сакал да илустрирам со еден пример. Повозрасните сигурно се сеќаваат на претходна Југославија, на живејачката во неа и, секако, на политичкиот систем. Ова го велам затоа што носталгијата по таа држава се' уште е силно изразена. Елем, системот беше составен од шест републики и две покраини. Нема да навлегувам во повеќе детали зашто сметам дека се доволни за она на што сакам да укажам. Оваа седмица главна вест беше инаугурацијата на новиот претседател Иванов. Не се осмелувам да го напишам и името, затоа што досега слушнав и прочитав најмалку 4 разни имиња, односно комбинации. Ми се чини дека секој новинар има различно име за претседателот кога известува за работи поврзани со него. Како и да е, пред да се случи фамозната инаугурација, на големо се лиферуваа вести за тоа кои претседатели од странство ќе дојдат. Огромна фама се крена во државата преку средствата за масовно перење на мозокот. Еден голем вознес се создаде затоа што четири претседатели ќе доаѓале во Македонија тој ден. Само еден поглед на вестите од тој ден и кај нас се создаваше огромно чувство на вредност и значење. Специјалци го обезбедувале целиот пат по кој се движеле колоните со возила. Снајперисти го проверувале аеродромот, па ни ги покажаа и со маски како будно чуваат... Една од телевизиите, која ексклузивно е поврзана со власта и задолжена да создава чувство на посебна величина кај отепаните од кризата и од транзицијата Македонци, дури и ни даде акциски слики од хеликоптерите на полицијата. Како што гледам, ептен се извежбале да прават акција и забава за плебсот.

Да се вратиме на имињата на претседателите кои беа на инаугурацијата. Дозволете сега да ве вратам на Југославија. И, истовремено, да ве потсетам оти се крена голема патрдија дека не беше поканет претседателот на Косово. Па, некои партии се закануваа дека нема да присуствуваат, оти ќе бојкотираат, не знам што ќе прават. Поради тоа, се измеша работата максимално, со секакви импликации. Театарот, односно претставата за нас, барем што се однесува на тој чин, траеше добри два-три дена. Стравувавме што ќе се случи. Дали ќе го викнат претседателот на Косово или не? Дали е направен превид во испраќањето покани, дали можеби намерно не е поканет? Ако е така, зошто? Играта на мачката и глушецот ќе потраеше и подолго да не се случеше чинот на инаугурацијата. Вака, за жал, се прекина чинот, претставата, и замина и таа во историјата на другите игри и хипнози.

На јавноста мораше да и' остане на располагање, а за радост, бројката од четири претседатели кои дојдоа на инаугурацијата. Беа тука претседателите на Србија, Хрватска, Црна Гора и на Албанија. Ми се чини оти некој од новинарите откри и дека ова е рекорд на било која инаугурација, според бројот на присутни претседатели на држави. И по трет пат ќе ве вратам на Југославија. Не случајно. Имено, ако забележувате, тројца од претседателите кои седмицава беа во Македонија се претседатели на поранешни републики од Југославија. Држава која кога постоеше беше од средна големина по своите параметри. Со исто таков број жители. Сега, откако постојат седум држави на истата територија, се радуваме што меѓу себе сме оствариле куртоазни посети. Нешто што би требало да биде сосема нормално и, да речам, ниту да се брои. Ако работите ги погледнете низ оваа призма ќе видите дека се крена огромен прав зашто поранешната покраина не била поканета со свој претставник.



Не сум толку многу млад за да не се сеќавам дека во времето кога одеа претставниците на републиките во посети, па дури и да биле 3-4, не се креваше голема врева, како да се работи за не знам какво достигнување. А сега? Сега, од се' се прави циркус и забава за народот. Затоа што нема критичка моќ на расудување. Испрана е. Запечена е. Нема дискусија, нема опсервација. Нема, ако сакате дебата. Еве една размисла во прилог на ова. Мене ме интересира зошто не дојдоа двата наши соседа, кои истовремено се членки на НАТО и на ЕУ? Уште повеќе ме интересира на кој начин се направил (доколку е направен) обидот да се придобијат да дојдат на чинот на инаугурацијата. И истовремено сакам да укажам дека барем мене ми е видливо оти информацијата дека претседателите на овие две држави нема да дојдат беше минимизирана како неважна. Никој не се осврна со посебна анализа зошто е тоа така? Немаше дебата од оние силни аналитичари кои се појавуваа и коментираа за се' и сешто кога беше во прашање оваа инаугурација. Како што се чини, имаше доволно време да се подготви овој чин, повеќе од еден месец, па можеше и мораше амбасадорите и дипломатскиот персонал да успеат да обезбедат високи претставници од овие држави на чинот. Како што тоа, во знак на добра волја, го направи Турција, испраќајќи свој висок претставник. Ако се негуваат во континуитет, и покрај разликите и споровите, на одделни нивоа контактите и се води тивка дипломатија на разбирање и на толеранција, која ќе чека да дојдат поволни ветрови, тогаш и овие држави ќе беа тука, правејќи го чинот комплетен. Недоаѓањето нешто кажува. Не прочитав коментари. По се' изгледа, така и ќе остане. Ќе ја турнеме главата в песок уште еднаш, а потоа ќе се чудиме од каде и зошто имаме проблеми. Се' ќе ни доаѓа во наш стил, наеднаш.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)


Статијата е прочитана 1431 пати.

Испрати коментар

Од: ekspertizam
Датум: 16.05.2009 00:41:15
magisterov evoluiral ,znam deka bese vmro-ovec neznam sto saka pisatelot da kaze
Од: MKD
Датум: 16.05.2009 01:04:13
E aj kazi ni bre Filip zosto ne dojdoa.Ili popametno bi bilo niv da gi prasame.No problemot e vo toa sto MKD vo momentov nema diplomat od kov kako sto ste Vie,bidejki dovolno sme stari pa ubavo se sekavame kolku pati za vreme na Vasata diplomatska kariera gi doveduvavte grckite pretsedateli i premieri srede Skopje da se poklonat pred makedonskoto zname, ime i narod i vo stav mirno so vnimanie i pocit da ja slusat makedonskata himna. Eeeh kakvi li vreminja bea toa.No ete segasnata Vlada nema sens za genijalni diplomati so antologiski diplomatski maniri,taktika i finti kako Vasite pa nikako da uspeat da odrzat sredba so nekoj pretsedatel na GR.No toa e toa.Vladata nekogas ke se kae sto ne go iskoristila vaseto diplomatsko iskustvo i poznavanja na megunarodnata politika (osobeno na problemot zosto grckiot pretsedatel na dosol na inauguracijata na pretsedatelot Ivanov),ama docna ke bide.P.S.Utre gi cestam sladoled decinjata od maalo,ako mi odgovorat na Vaseto prasanje.Baagi paricki spremav
Од: mene
Датум: 16.05.2009 07:56:39
Кога во Е.У. не нарекуваат балканци, тогаш сме смртно навредени. Но кога нашата надворешна политика е водена на паланечки начин, без визија и широчина, угодна сама на себе и на по некоја суета, тогаш јасно е каде не води и како држава, и како нација. Можеби е непримерно да се споредува инагурацијата на нашиот претседател со таа на Обама, но цивилизацискиот момен како да изостанува кај нас. Во 21 век, кој треба да ги отвори портите на цивилизациска, културна, меѓучовечка толеранција и соработка, ние повторно бараме утеха во прегратките на спомените на старата држава која ни дава чувство на лажна сигурност. Тоа е таа илузија и хипноза пласирана од медиумите до граѓанинот, која одамна ја избриша моќата за сопствено резонирање, а за критична маса не станува ни збор. Будењето од оваа национална хипноза ќе биде болно, но како нација сме докажале дека имаме бескрајна издржливост, а и нашите пријатели, американците ќе помогнат тогаш кога ние сами не мажеме да си помогнеме.
Од: Nepotrebni spektakli
Датум: 16.05.2009 08:57:10
Inauguracijata na sef na drzava e nastan za odnosnata drzava, a ne za regionot ili za svetot! Idejata na inauguracijata na G. Ivanov da se pokanat sefovite na nekolku drzavi ednostavno e golema protokolarna utka, vklucuvajki go i problemot so (ne)pokanuvanjeto na kosovskiot pretsedatel Sejdiu! A, se se svede na nepotrebni blokadi na skopskite ulici, apsurdni bezbednosni merki (lenti koi ja obelezuvaa trasata na patuvanjeto na gostite!!!???) i trosenje na pari vo uslovi na teska ekonomska kria! Zabeleskata na avtorot za nedoadjanjeto na pretsedatelite na Bugarija i na Grcija se sosema na mesto! Vo SAD na pr. pokani se prakaat za inauguracijata na partiskite kandidati za pretsedatel! Medjutoa, i vo toj pogled makedonskata diplomatija ja utna rabotata: premierot otide na inauguracijata na republikanskiot kandidat (koj zagubi na izborite), a na inauguracijata na demokratskiot kandidat (Barak Obama) otide ministerot za nadvoresni raboti! , bre do koga vakvi diletantski ,,biseri,,?
Од: stranagledano
Датум: 16.05.2009 10:43:29
Marfi vika: Expert e covek koj go kazuva ona shto e ocigledno! Ovoj e bash expert, a i malku zakasnet, sekogash komentira neshto shto se gleda od avion, a vece go iskomentirale milion takvi kako nego expeti.
Од: Petrovski Boris
Датум: 16.05.2009 11:58:48
Зошто представници на Бугарија и Грција не дојдоја е сосема јасно, и двете држави го порекнуваат македонскиот народ и се сврзано со тоа, но дали е само тоа причината? Зошто тогаш не дојдоа и други од блиското соседство, како што се Романија,Маџарска, Словенија, и што имаат тие задничко со Бугарија и Грција, се разбира сите се членки на ЕУ. Погледнато вака значи дека има некаков концензус да неречам преќутен договор како да се однесуваат кон Македонија, да не се замерат со Грците и Бугарите, или преќутно ги подржуваат нивните ставови. Со други зборови по народски речено: Тешко ни се пише!
Од: prof.po preducilsno vospituvanje
Датум: 16.05.2009 12:18:56
Filip sto e rabota so vakva izjava?Mnogu raboti ti bea jasni,se borese protiv se sto znaci ponizuvanje omalovazuvanje,nametnuvanje na nesto sto ne e mozno tuku e izmama?Pa se ocigledno i jasno ka ko sino nebo!Da te povikuvaat so razni iminja!Ili ne si Filip?
Од: miki
Датум: 16.05.2009 12:31:53
dobro de i bocevski bil sdsm. so ti e poentata? ako bil vmro ili ako e znaci deka ne smee da kazuva vistini? mora da kuti? ne te razbiram...
Од: јована
Датум: 16.05.2009 17:11:28
Не дојдоа затоа што не сме никаков фактор,ниту пак сила пред која треба да се клајнаат и плашат . И на овој начин сакаа да ни дадат на знаење дека не сме им интересни.
Од: Стојко
Датум: 16.05.2009 17:39:08
Морам да признам дека не сум ја разбрал поентата на авторот.
Од: Mende.Damevski s.DihovoBitola
Датум: 16.05.2009 19:24:14
Na R.MAKEDONIJA: Istocniot sosed ne ni ja priznava istorijata ni ja ukradoja,Severniot sosed Crkvata,Juzniot sosed se pa taka da ni e jasno deka nie mozime da bidime prijateli samo so R.Kosovo,R.Albanija toa e realnost
Од: Goran BT
Датум: 16.05.2009 21:57:00
Јас пак ќе речам ние македонците сме чудна нација, акодобро се сеќавате во 1999год. тогашниот премиер Љубчо Георгиевски го прими тогашниот косовски лидер Хашим Тачи на разговор во Скопје и тој настан беше оквалификуван како најголемото предавство на Македонија, Сега по скоро 10 години кај нас нормално е да доаѓа претставник од Косово па како се крена толку паника дали ќе дојди или нема да дојди , па дали примил покана или не примил ама тоа е народот нејки да размислува, Иначе и јас би се запрашал зошто претседателите на Бугариуја И на Грција не беја присутни? поздрав
Од: zoran68
Датум: 17.05.2009 02:56:30
Filip saka da kaze deka Nova Jygoslavija moze da se formira samo so pametni politicari....etoa saka da kaze Filip....no dali ovaa idea bi se prifatila OD NARODOT..........
Од: silvester, sidnej
Датум: 17.05.2009 11:00:36
Magister po megjunarodna politika. Toa mi bese najintersno.

Најди! во Утрински
Насловна
Од црни, поцрни прогнози на НБМ
Поштарот за името чукна на вратата на Иванов
Нов градоначалник, стари проекти
Норвешка со најдобра евровизиска песна
За Македонците добар живот се парите и здравјето, а не љубовта
Страв од летање
Заменикот на Клинтон денес во Македонија
Без аранжман со ММФ, ќе платиме три пати повеќе
Идентитет
Како да се види Пловдив со шенген-виза
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
Карикатура