Во вториот квартал од годинава БДП ќе заврши со минус од 0,2 отсто, a демнат и нови ризици
Соња Маџовска
Од Народна банка на Македонија пристигнуваат се' поцрни прогнози дека домашната економија се' подлабоко ќе загазува во минус. Ако во првото тримесечје од годинава растот на БДП изнесувал 0,2 отсто, наспроти очекувањата за раст од 1 отсто, во вториот квартал се очекува економијата да оди надолу и стапката ќе изнесува минус 0,2 отсто.
Според анализите на централната банка, и покрај ревидирањето на проекциите за раст на домашната економија за годинава на минус 0,4 проценти, и натаму демнат ризици за уште поголем пад на домашната економија. Ова е наведено во најновиот квартален извештај на НБМ.
„И покрај значителната надолна ревизија на стапката на раст за 2009 година, ризиците околу проекцијата и натаму се претежно негативни“, велат од НБМ. Во кварталниот извештај објаснети се и причините зошто домашната економија ќе оди во минус.
„Негативните поместувања на пазарот на труд, натамошните ограничувања на финансиските текови, растечката неизвесност што предизвикува воздржаност од кредитно финансирање и поголема потрошувачка се фактори за кои се очекува дека ќе доведат до значително забавување на личната потрошувачка во вториот квартал. Се очекува падот на побарувачката и ограничувањата на домашните и на странските извори на финансирање во вториот квартал да доведат до значително намалување на искористувањето на капацитетите и намалување на инвестициската активност. Во оваа насока се очекува да се приспособи и јавната потрошувачка. Во овој период се очекува засилен пад на извозот и на увозот. Имајќи ги предвид ваквите промени, во вториот квартал се очекува благ позитивен придонес на домашната побарувачка, додека за нето-извозната побарувачка се оценува дека ќе има негативен придонес кон растот. Се очекува личната потрошувачка значително да забави во вториот квартал, при што проектираната стапка на раст ќе изнесува 3,3 отсто“, се вели во извештајот на НБМ.
Централната банка предвидува и дека ќе се продлабочува дефицитот на тековната сметка за 29,3 отсто на годишна основа, а ќе изнесува 13,8 отсто од БДП. Во услови на намалени нето-приливи од директни инвестиции, тој ќе се финансира од девизните резерви.
Се очекува граѓаните повеќе да штедат и да не влегуваат во нови долгови. НБМ прогнозира дека кредитирањето значително ќе опадне. Ако првичните процени на банкарите беа дека кредитниот раст годинава ќе изнесува 20 отсто, сега НБМ го сведува само на 8,5 отсто на годишно ниво. „Кредитната активност во првиот квартал се зголеми за 25,3 отсто, наспроти проектираните 27,2 отсто. Сепак, ефектот врз девизната позиција на банките, за кој се очекува да биде најсилен во вториот квартал, заедно со очекуваниот пад на паричната маса, подразбира поостро забавување на кредитирањето на приватниот сектор во текот на вториот квартал, со што на крајот на годината кредитниот раст би изнесувал 8,5 отсто на годишно ниво“, велат од НБМ.
Во банките снемува расположливи финансиски средства, кои би ги инјектирале во стопанството и кај населението. Дополнителен проблем со кој банките се соочуваат е стеснувањето на можноста за надворешно финансирање на нивните активности. Пристапот до надворешните средства за банките значително ќе биде отежнат и скап.
NBRM neka ne glumi ludilo. NBRM mnogu dobro znae sto se slucuva vo bankarskiot sistem, no najverovatno POTPLATENI se da stitat somnitelni banki i "bankari". Ima nekolku banki (stranski inaku???) koj opstojuvaat so drzavni pari koj po PARTISKA linija e naredeno da se cuvaat vo taa i taa banka. Potoa istite tie pari(drzavni) bankata i gi dava na NBRM(za zapisi) a na tie pari(drzavnite) NBRM i plaka na bankata kamata 9%. Znacci NBRM (i drzavata)indirektno gi plaka bankite da mozat da preziveat. Po pravilo drzavnite pari (pari od ministerstvata i javnite-drzavni firmi bi trebalo da se cuvaat vo NBRM, a ne pari od javni firmi da se cuvaat vo "stranski" banki ,koj potoa bankata gi "plasira" vo NBRM i si dobiva kamata 9%.Ludost). NBRM e gola voda, ili se nepismeni ili se potplateni da gledaat niz prsti na NEKOJ banki, koj na se licat samo ne na banka. Narodov neka otvara oci i neka pazi so koj banki raboti.Ovde imame veke kriminalni banki koj preku nok moze da bankrotiraat ako NBRM se asolni
Од: Marx
Датум: 16.05.2009 04:57:14
Ako se odzeme propagandata koja uspesno ja sproveduva ovaa Vlada, dali ke ostane nesto? Sto li ke se sluci koga ke seknat parite za reklami?
Од: Petre
Датум: 16.05.2009 09:56:52
Visokite kamati se Paradox, no ne samo kaj nas, eve i vo Hrvatska; ima i uste rden Paradox, dodeka ne samo vo USA, kade sto nedvizninite otidoa na mozebi 1/2 od cenata pred n,pr. 2-3 godini, toa ja pogodi i Evropa, kaj nas imame RAST na nedvizninite, dojde 1m2 da bide 900eu i vo prigradskite naselbi.. toa e realnoost, no do koga ke trae nikoj ne znae; sto se odnesuva do Bankite, i tie sto se "stranski " go sledat istiot trend, skapi krediti; mozebi bi gi udrilo ako bi se namalilo kupuvanjeto na avtomobili ( uste eden paradox) i nedviznosti, da vidime sto ke donese viznata liberalizacija.. no od druga strana kaj nas ima i duzina drugi komunjarski zakoni sto onevozmozuvaat vlozuvanje vo stranstvo, kako i direktno trguvanje na stranski berzi, pa bankite ke bidat uste dolgu "zastiteni"..
Од: Vaska Kambova
Датум: 16.05.2009 12:54:00
Makedonci, gledajte so ocite si, ne veruvajte na ushite si!!! Ova e mediumski princip - fear sells! Za da te zabelezhat treba da gledas mracno i da zboruvas strashno! . Ako sporedete krizata vo razlicni drzavi, ke vidite deka principot e LIFO - last in, first out. I drugo...od visoko se pagja poveke, od nisko nema na kade. Krizata ke ja prestrukturira ekonomijata na Evropa i logicno ke prenasoci investicii od skapite kon po eftinite destinacii! Zatoa NE objavuvajte vakvi "od crni, po crni prognzi", ne brkajte gi sami investitorite od Makedonija.
Од: zoki
Датум: 16.05.2009 23:09:52
Gjujo i Slavevski sklucija povolen aranzman za makedonskite gragjani, so fabrikata za proizvodstvo na kontejneri.Mnogu povolna "greeeenfild" investicija i vo pravo vreme- pocna guzvata pred kontejneri.Gragjani na Makedonija, koga setate, sirnete vo kontejner, tamu e Vaseto GDP