Само по еден месец откако ја презеде градоначалничката функција, Коце Трајановски разочара дел од своите избирачи. Призна дека мала е веројатноста во почетокот на мандатот да стартува некој свој проект од десетиците ветени во изборната кампања и напишани во цела една книга. Нов Луна парк, жичница до Водно, повеќе подземни премини, се еден мал дел од ветувањата на Трајановски кои годинава ќе останат само на хартија.
Но, тоа не значи дека новиот градоначалник ќе седи со скрстени раце. Рече ќе работи на дозавршување на проектите на Костовски, а ќе преземе и свои „ситни“ зафати. Но, така, во првиот турнус од раководењето со Скопје неговите граѓани нема да видат ништо од големите најавувани можности на градскиот татко. И во блиска иднина Вардар ќе има низок водостој, кај „Бисер“ и „Тифани“ пешаците со страв ќе ја минуваат улицата, љубителите на Водно само на сон до Крстот ќе стасуваат со жичница...
Асфалтирана улица и променета светилка, колку и да е од витално значење за нормално скопско секојдневие, сепак, нема да ги задоволат скопјани доколку тие не заборавиле на мегаломанските ветувања на сегашниот градоначалник. По втор пат да беше на челната позиција во Гази Баба, можеби нејзините жители и ќе се задоволеа со такви ситни инфраструктурни зафати.
Но, Трајановски на Скопје му вети препородување, европски лик, живот како во вистинска метропола, вети брда и долини на сто и кусур страници изборна програма, која тешко и се дочитуваше. Годинава, според најавите, неговите реализирани идеи едвај ќе се бројат на прсти. Веројатноста дека ќе биде така е уште поголема ако не се заборави дека речиси сите проекти новиот градоначалник ги најавуваше како заеднички со Владата. Дури и оние со општинските колеги ќе ги реализираа забавено оти светската криза не ги заобиколила ниту скопските општини.
Оправдувањата дека во 2009 година нема да стартува ниту еден капитален проект оти принудно ќе го скуси буџетот поради економската криза се неиздржани. И Трајановски ја пее истата песна како и централната власт, која во предизборието даваше цврсти гаранции за способностите на своите градоначалници. Но, уште за време на изборите дуваше ураганот на финансиската криза. Тогаш Груевски и Трајановски (не)свесно не го чувствуваа, па дури и кога ги промовираа пловен Вардар и каскадите во него и додека шетаа по скопските населби на голините каде што ветуваа изградба на капитални објекти.
По се' изгледа, тактичката игра запали кај најголемиот дел од скопјани кои веруваа дека Трајановски ќе им го препороди градот. Но, за жал, само за триесетина дена тој им ги урна надежите. Единствено ги информираше дека затекол лоша финансиска состојба во неколку јавни претпријатија и се пожали на превработеност на градската администрација. Но, не рече конкретно дали и што ќе преземе и каков механизам воопшто ќе употреби за евентуално нормализирање на состојбите. Зошто остана без конкретен одговор, не појасни.
Менаџирањето со главниот град ни оддалеку не е еднакво со челната општинска позиција, од која се трансферираше по изминатите четири години. Па од таква позиција Трајановски дури треба и да се подзамисли дали е потребно свечено да предава во употреба неколку стотици квадрати асфалтиран простор наменет за автобуско свртувалиште.
Ако преовладее оптимизмот, тогаш народната - по утрото се познава денот можеби и ќе се замени со - крајот го краси делото. Трајановски ја има моќта да го направи тоа. Згора на се', има и поддршка од централната власт што, сепак, не беше случај со неговиот претходник кој, и покрај се', остави полн буџет и започнати и до половина реализирани повеќе капитални проекти.
Ostavete go covekot neka raboti,pa po 4 godini ke vidime sto srabotil i realiziral.Vie samo po 1 mesec vednas mu ja predskazavte idninata deka gi razocaral skopjani.Strpete se malku vo ovie nihilisticki prognozi.Ne e vazno koj kakvi proekti planiral da realizira, zapocnal ili nasledil,vazno e istite da bidat zavrseni i ostvareni.Edno e sigurno.Trajanovski ke napravi za Skopje mnogu poveke i od Penov i Trifco zaedno,pa makar i da mu ostane nekoj proekt nedovrsen.Pocnete da izvestuvate za se ,pa ke vidite.
Од: gradezen inzener
Датум: 16.05.2009 09:00:52
Vo planot na g-din Koce Trajanovski ostanuva proshiruvanjeto na bulevarot Ilinden od Karposh 4 do fontanata na Gradskiot park. Shto ke se postigne so toa proshiruvanje koga "tesno grlo" e delot na Ilindenska od Fontanata do raskrsnicata so Bul. "Sv Kliment Ohridski", a na sprotivnata strana kaj Vlae nema najava za izgradba na most preku Vardar, shto ke go napravi proshiruvanjeto logichno i opravdano. So parcijalni reshnija ke se narushi samo ekoloshkata okolina na gragjanite i zagrozi bezbednosta na peshacite ushte poveke,osobeno na delot od Zooloshkata gradina do Fontanata, na koj ima golema frekvencija na peshaci prema Gradskiot park , a proshiruvanjeyto ke go napravi ushte ponebezbedno vleguvanjeto vo Gradskiot park na dvata postoechki peshachki premini. Toa reshenie ke nalozi potreba od unishtuvanje na golem broj drvja na stranata pokraj zgradite i pokraj Ministerstvoto za odbrana i znachitelno ke gi vloshi uslovite za ziveenje na stanarite od mnogu zgradi.
Од: До МКД
Датум: 16.05.2009 09:19:00
Доста живееш во предизборна кампања,и овој ке биде како Радовишкиот градоначалник за
4 години не помести камен а пак беше реизбран со помош на пари,притисоци и лажење на големо.Па дали се памети некаде во светот да се наградува неуспешноста?
Сите ВМРОВСКИ градоначалници се исти се грижат само за својот џеб,барем нешто бре да направат.
Од: Daniel
Датум: 16.05.2009 09:39:29
Go Glasavte??E eve vi go sega ima da tonete naredni 4 godini, istoto go napravi i so Gazi Baba a toa bese NISTO,ke si ostanete so prstot vo usta pa vie pak veruvajte na programata sto ja iznese a ne na delata.Dela kaj ovoj covek nemalo nikogas a nema da ima nitu sega
Од: Сосовременик
Датум: 16.05.2009 11:19:04
МКД - го оставивме Трифун Костовски (не замаја со една песна) 4 години и го видовме и сменивме. И сега ќе го оставиме Коце 4 години и ќе го смениме. И што? Ќе поминат 8 години од твојот и мојот живот а и нивниот. И тоа не е се. Ќе поминат 8 години од животот на младата генеација, децата ќе израснат и што? Нека ни е наздравје. Тоа е демократија.
Од: Спасе
Датум: 16.05.2009 11:22:28
Па,се работи за човек од типот на Акакие Акакиевич Башмачкин,оној од повеста „Шинел“,на Н В Гогољ.Значи,ситен,изгубен чиновник.Тој,со таква работа во ДПМНЕ,дотурка до застапник на истото во Парламентот,за оттука да скокне до градоначалник на Газибаба и,се разбира,потоа да стане градоначалник на нашето најголемо село-Скопје.Но,многу се лажете ако мислите да е тоа врв на неговите животни желби.Малите луѓе имаат големи желби,па така и нашиов Акакие.Сигурен сум дека во некое идно време се гледа себеси како премиер или претседател на жалнава Македонија,а сето тоа со упорен труд во државата во која вредностите одамна се изместени.Кај нас се може да се случи,а јас му пожелувам среча во неговите настојувања.Што ќе биде,пак,со Македонија изгледа дека и не е многу важно.Народов секако ни е во некаков миргородски транс па ќе си добие тоа што заслужил.Замислете-Трајановски-Акакие и големи визии за некое Скопје во иднина.
Од: Skopjanec
Датум: 16.05.2009 17:57:25
Kreatorite naizbornite programi na VMRO-DPMNE znaeja deka na narodot treba da mu se vetuva i -vetuvaa.A sto toj ist narod im poveruva-toa e negova greska.Gi dobija izborite,i sega noviot gradonacalnik veli deka i nema na raspolaganje tolku pari kolku sto vo kasata na Skopje ostavil prethodniot.
Vistinata ne im e silna tocka na politicarite,a uste pomalku silna im e na onie sto improviziraat politicar.
Од: sandra
Датум: 17.05.2009 09:34:10
Mozebi ke go ispolni vetuvanjeto za muzika(narodna) od saatot na starata zeleznicka?