Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Страв од летање

Гордана Дувњак

Ќе може ли премиерот Никола Груевски, неговите министри или, пак, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со мирна душа да тргнат на пат во владиниот „лирџет“? Ќе биде ли доволно само да се прекрстат и удобно да се наместат на седиштето и да уживаат во летот?

Тешко. Речиси незамисливо. Особено по драмата што се случи пред два дена на бриселското небо, кога поради дефект на авионскиот транспордер, македонското летало останало „невидливо“ за радарските служби. Ако се има на ум урнатиот владин „кингер“ во кој само пред пет години загинаа тогашниот претседател Борис Трајковски, неговите најблиски соработници, обезбедувањето и членови на екипажот. А и по хеликоптерската несреќа, во која пред 16 месеци загинаа осуммина македонски мировници

За среќа, благодарение на навременото предупредување, но и на присебноста на македонските пилоти, владиното авионче „бело крило“ се врати безбедно оттаму каде што тргна.

Навистина не стаса до Париз, ама успеа да се паркира во еден од бриселските аеродромски хангари. Таму ја чека сервисната екипа, која треба да утврди зошто откажал мерниот инструмент. Делегацијата предводена од премиерот Груевски нема време за чекање и ќе се врати дома со комерцијален лет.

За да не почнат по обичај да се плетат теории на заговор, Владата ќе мора итно да побара да се испита целиот случај. Зашто не е прв пат да се случуваат вакви инциденти, кои колку отпосле некому и да му изгледаат предимензионирано, лесно можеле да завршат фатално.

Истрагата треба да даде многу одговори на прашања што си ги поставува секој лаик, а не само стручњаци за воздухопловство.


Статијата е прочитана 1240 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 16.05.2009 01:00:36
Sigurno deka nema vreme za cekanje, se brza da dojde sto pobrzo da oplacka uste nesto, dodeka toa ne go storil duri e vo stranstvo. Ne e sporno da se brza za da iskopa uste nekoja dupka, da frli uste nekoja lopata, a ne za da raboti i da gi resi problemite na makedonskite gragani za podobar zivoten standard.
Од: nikola petrovski
Датум: 16.05.2009 08:17:01
Se sluchuvaat takvi situacii so avionite i na nekoi redovni letovi, no ochigledno ne e interesno za mediumite koga patuvaat obichni smrtnici. Npr. Na 11 noemvri 2008 god, na letot na Adria Airways Ljubljana -Skopje vo 23,30h na 20 min pred sletuvanje na skopskiot aerodrom (nad Srbija), patnicite bea izvesteni za "otkazuvanje na kompjuterot na avionot"'"i za odlukata na pilotot da se vrati vna aerodromot vo Ljubljana (!). Avionot od tipot Canadir Jet 200 beshe poln so patnici (48). Po noknoto bdeenje na aerodromot vo Ljubljana patnicite so drug avion pristignaa slednoto utro vo Skopje. Ekipazot na avionot rutinski se izvini na pätnicite so zborovite: "blagodarime za vasheto razbiranje za docnenjeto" . Za incidentot nemashe nikakvi informacii vo javnosta...
Од: zelezara
Датум: 16.05.2009 12:33:01
Ova se sigurno sabotazi na Branko
Од: koki
Датум: 16.05.2009 16:30:30
Koj im e kriv koga kupile nevidliv avion???
Од: Makedonec
Датум: 16.05.2009 18:25:45
Комедија во 1 чин...искористување на претходни фатални ситуации за поврзување на безвезни проблеми од една жичка...тоа ќе ве оправда г-дине г`ујо од потписот кој ќе го ставите за смена на името?!!!!!!!!!!?!?!?!

Најди! во Утрински
Насловна
Од црни, поцрни прогнози на НБМ
Поштарот за името чукна на вратата на Иванов
Нов градоначалник, стари проекти
Норвешка со најдобра евровизиска песна
За Македонците добар живот се парите и здравјето, а не љубовта
Заменикот на Клинтон денес во Македонија
Без аранжман со ММФ, ќе платиме три пати повеќе
Идентитет
Како да се види Пловдив со шенген-виза
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
Инаугурацијата како повод
Карикатура