Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

САД останува стратешки партнер на Македонија 

Заменикот на Хилари Клинтон, Џејмс Штајнберг вчера во Македонија 

Web Update - 00:30, 17.05 - САД останува стратешки партнер на Македонија и ги поддржува напорите во рамките на ОН за изнаоѓање прифатливо решение за разликите околу името.

Ова попладнево во Скопје го изјави заменикот државен секретар на САД Џејмс Стајнберг на заедничка прес конференција со македонскиот премиер Никола Груевски, јавува Макфакс.

„Ги поддржуваме напорите на медијаторот Метју Нимиц да се изнајде заеднички прифатливо решение, бидејќи тоа е во интерес на двете земји. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме овој процес на преговори за изнаоѓање решение за името“, изјави Стајнберг.

Стајнберг во Македонија пристигна од Грција, каде доцна вечер во петокот имаше средби со грчкиот премиер Костас Караманлис и со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. (Макфакс)

Текст од печатеното издание:

Димитар Чулев

Може со сигурност да се тврди дека американската администрација одново му се враќа на Балканот незадоволна од тоа како Европската унија ги менаџира сериозните отворени прашања во овој дел на стариот континент. Вчера во Атина, а денес во Скопје, гостин е американскиот заменик-државен секретар, Џејмс Штајнберг.

Вториот човек на американскиот Стејт департмент денес попладнето ќе има средба најпрво со премиерот Никола Груевски, а потоа и со претседателот Ѓорге Иванов. На двете средби ќе биде присутен и шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. Несомнено, поголемиот дел од разговорот ќе биде посветен на македонско-грчкиот спор околу името. Спорот постојано се нагласува и како пречка од европски дипломати за добивање датум за преговори за ЕУ, па дури и за процесот за визна либерализација, што во дипломатски кругови се третира за нонсенс.

Вчера во Атина, Штајнберг разговараше со Дора Бакојани и Костас Караманлис, а дел од разговорите сигурно беа посветени за грчко-македонскиот спор за кој Вашингтон веќе подолго време, а особено во последната година на администрацијата на Буш инсистираше за брзо решение. До затворање на весникот не беа познати детали, но портпаролот на грчкото МНР, Кумуцакос, пред средбата изјави дека „ не очекува конкретна американска иницијатива“ за решавање на спорот со името.

Која е целта на посетата на Штајнберг на Атина и на Скопје, може да се загатне од изјавите на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Стјуард Џонс, кој во разговор со а��редитирани новинари во Брисел изјави: „Ајде да се фокусираме само на разговорите околу името и да одиме напред... Членството на Македонија во НАТО останува приоритет на САД“, изјави во понеделникот во Брисел американскиот заменик на помошник-државниот секретар, Стјуард Џонс, според кого преговорите би можеле да донесат повеќе резултати доколку немаше некои други странични прашања.

Американскиот амбасадор Филип Рикер, на предавањето за „Правците на надворешната политика на САД под администрацијата на Обама“, вчера на Американскиот колеџ во Скопје повтори дека позицијата на САД во однос на Македонија останува „многу иста“. Ова може да се толкува дека продолжува американската поддршка на Македонија за НАТО, особено истакнувана во последната година од мандатот на Буш.

Дел од грчкиот печат, во пресрет на посетата на Штајнберг (кој учествува на годишниот собир на клубот на светски моќници Билдерберг), загрижено констатира дека во последно време било забележливо раздвижување во Вашингтон во врска со македонско-грчкиот спор што било резултат на оцената на Американците дека членството на Македонија во НАТО и во ЕУ било „неопходно за стабилноста на земјата“, пишува „То вима“.

Во оптек се и информации дека САД се подготвуваат да именуваат нов специјален пратеник за Балканот, но амбасадорот Рикер вчера демантира дека тоа би можело да биде заменик-државниот секретар Штајнберг. „Тој е многу повисоко ниво“, прокоментира Рикер.

Посетата на Штајнберг доаѓа само неколку дена пред најавената посета на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на регионот во чии рамки ќе ги посети Босна, Србија и Приштина. Во дипломатски кругови посетата на потпретседателот Бајден на Сараево треба да ја изрази загриженоста на Вашингтон со нестабилната ситуација во Босна и со „студениот мир“ кој постои на релација Белград - Приштина, а претставува сериозна закана за Балканот.

Заобиколувањето на Македонија од Бајден може да значи дека Вашингтон, сепак, ја издвојува од „проблематичните“ локации во регионот.


Статијата е прочитана 982 пати.

Испрати коментар

Од: Analiticar na medjunarodnite odnosi
Датум: 16.05.2009 09:20:39
Ne nikakva tajna deka, i pokraj brojnite zaednicki vrednosti na Zapadot, vo odnosite medju SAD i (Zapadna) Evropa, odnosno EU postojat i sustinski geopoliticki i geostrategiski razliki! Razlikite se posebno izrazeni vo pogled na pocituvanjeto na medjunarodnoto pravo; zastita na zemjata od klimatskite promeni, ulogata na OON (SB) vo svetskata politika (Evropa se protivi na intervenciite na NATO vo razni zemji bez soglasnost na SB); mesanjeto na Amerika vo ,,evropskite,, (vklucuvajki gi i balkanskite) raboti (SAD se protivat na opredelbite na Evropa za zajaknuvanje na sopstveniot identitet, posebno vo oblasta na odbranata i bezbednosta); merkite i metodite za nadminuvanje na aktuelnata svetska finansiska/ekonomska kriza itn. Evropejcite, a posebno Germancite i Francuzite se mosne rezervirani i skepticni sprema amerikanskite ,,protektorati,, vo Istocna i Jugo-istocna Evropa!
Од: zike
Датум: 16.05.2009 10:49:43
ni sveti klinton ni sveti kliment ne ti pomaga zajakot e kaj grcite toa sto makedoncite pravat zigzas samo trosat drzavni pari nikoj nemoze da namtera nekoj da prifati toa e demokratski princip vo eu ce klatat vrati 4god dodeka da im pomine mandatot,izlez imat edinstveno grcite ia i taci so noviot dogovor ili korakcija na granici i promena na ima i na nacija vaka odime vo pravec vo idnina da bideme zapadna bugarija.
Од: OF LELE -Ljubotan
Датум: 17.05.2009 05:28:04
E tesko na nas dvajca Evreii ce ne spasuvaat, Hillary i Stajnberg. A be Oni i Anglosaksoncite imaat samo prjatelstvo od permanentni interest,ako toa prestane nema povece prijatelstvo! Nasata kultura ima pouinakov kriterijum za prijatelstvo- priatelstvo bez interest. Ubavo rece onaa pesma ,, Ne e Zlato Sve Sto Sija"
Од: Tashko S.
Датум: 17.05.2009 07:45:24
Mnogu e dobro proceneto od Dimitar shto ke se sluchi so nasheto prashanje, no da se nadevame deka ke bidi i podobro vo nadezz novata administracija ke ja uvidi nepravdata i ke postapi sootvetno. Mene me nervira osobeno grchkoto baranje da se diskutira samo za imeto bidejki toa e nedozvolen diktat i mu dava za pravo na grcite da pretendirat za cela Makedonija da bide grchka pa da imame posle i drugi nepredvidlivi komplikaciji. Inako za Dimitar go preporachuvam ovoj vebside: http://groups.google.com/group/galilei-newton?hl=en

Најди! во Утрински
Насловна
Од црни, поцрни прогнози на НБМ
Поштарот за името чукна на вратата на Иванов
Нов градоначалник, стари проекти
Норвешка со најдобра евровизиска песна
За Македонците добар живот се парите и здравјето, а не љубовта
Страв од летање
Без аранжман со ММФ, ќе платиме три пати повеќе
Идентитет
Како да се види Пловдив со шенген-виза
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
Инаугурацијата како повод
Карикатура