Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Идентитет

Драган Поповски

Аманет од М. Антиќ до син му „да никад не пристане на чопор"!

Во моите лични документи, за моја идентификација, стои: Презиме и име: тоа и тоа; државјанство: тоа и тоа; датум на раѓање: тоа и тоа; ЕМБГ: тој и тој; пол: тој и тој. И толку!

Дали е тоа сето она што го сочинува мојот идентитет? Дозволете ми мала нескромност, но себеси се гледам во една поширока слика. Не пишува ништо за тоа кој број чевли носам, која боја ми е омилена, не пишува за кој клуб навивам, кои стрипови ми се фаворитни, не пишува ништо за мојот идол од детството Робин Худ, ниту за Гари Купер („Каубој умире усправно“!), не пишува за Реј Чарлс, Сара Вон, не пишува за тоа дека секојдневно му носам храна на уличното куче Тошо, игнорирајќи ги погледите на некои од соседите, не пишува за лезетот со кој го шмркам утринското кафе... И не разбирам зошто мојот идентитет треба да биде одреден само со некои случајни факти на кои никогаш не сум можел и самиот да влијаам. Не ме прави мене повеќе „јас“ тоа што сум се родил како Македонец, во тоа семејство, на тој датум. Јас сум „јас“ поради многу други работи, барем би сакал да бидам така, и не се согласувам безрезервно да ми се препишува истиот идентитет со кој било друг само затоа што е роден, исто така, како Македонец, и со тоа да ми се припише некаква идентичност (идентитас: идентичност) со кого било. Одбивам да прифатам дека зборот „идентитет“, етимолошки гледано, е множинска именка. Не постои заеднички идентитет, постојат онолку идентитети колку и индивидуи. Во филозофијата, идентитет во една иста личност постои помеѓу телесното и душевното, субјектот и објектот, материјата и духот, мислата и битието, и не се тоа различни работи, туку само два различни начина на појавување и сфаќање на една иста, идентична работа.

Сега би се навратил на потребата да го искажам ова мое гледање на проблемот што актуелно ни се наметнува со нашава килава политика. Се форсира лажно чувство на загрозеност на „нашиот“ идентитет (повторувам, може да постои: мојот, твојот, неговиот идентитет, но никогаш „нашиот“ идентитет) од страна на нашите соседи. На никој начин не би било можно некој да ми го менува идентитетот, тоа што сум се родил тука, на тој и тој датум, што се непобитни факти, а богами нема да може и да ме натера да не му носам коски на Тошо!

Тогаш, каде е проблемот?

Во психологијата постои термин „криза на идентитето��“ и тоа е состојба која се јавува во развојот на личноста, кога еден ден ќе забележите дека од дете станувате момче, или од момче станувате возрасна личност. Овие физиолошки и психолошки промени на личноста неминовно го отвораат прашањето: кој сум (и, што сум), всушност, јас? За среќа, овој личен немир со созревањето се надминува и човекот станува свесен за своето сопствено „јас“. Доколку може да се надмине. Доколку личноста не може да допре до своето сопствено „јас“, не му преостанува ништо друго туку да се идентификува со некоја друга личност, со поголема група луѓе или, пак, да се идентификува со сите оние кои имаат иста националност. Немајќи сопствено „јас“, како единствен начин за самопромовирање наоѓаат во инсистирање на „заедничкиот, национален, идентитет“. Во група, во сурија, се чувствуваат повредни и побезбедни и тоа им е единствениот начин на кој можат да дејствуваат.

А богами, дејствуваат. Тоа се виде пред некое време на плоштадот, се гледа и во еуфоријата што се чувствува со подигањето величествени споменици. Чувството на гордост кога се наоѓаш пред величината (и буквална) на обожаваниот херој, притоа инсистирајќи на истиот идентитет, на идентичноста на твоите визии и дела со неговите, претпоставувам дека е опојно. Тоа мене лично не ме засега и не ме плаши. Ме плаши само тоа што редовно, по секое опивање, следува и трезнење.

(Aвторот е карикатурист што се обидува да биде индивидуа)


Статијата е прочитана 1129 пати.

Испрати коментар

Од: mitko e poagresiven
Датум: 16.05.2009 00:53:14
Dosadna statija. Osnovnata tema e samo nacnata, koga jas bi imal tolku prostor sto se ne bi iznapisal? No, da trgneme, maloumnite deca od VMRO so dosega nevidenoto kradenje na tugja istorija nepovratno ni go unistuvaat nasiot krevok identitet. Sozdavaat, kako sto ubavo vikas, "kriza na identitet" na ovoj narod. Se e toa so namera najglupiot del od narodot da se navede da glasa za niv na sekoi izbori. Se sto ne ucea, celo nase obrazovanie i kukno i ucilisno se gazi na najvulgaren i nadrealen nacin. Se potkopuvaat osnovite na ASNOM so koi e formirana ovaa republika kako drzava na eden od juzno slavjanskite narodi. Makedonskata nacija ne moze da prezivee ako agresivno i resitelno ne se presmeta so vakvi prostakluci. Toa sto Grcite sakaat da ne preimenuvaat vo Severni, Gorni i sl Makedonci e mnogu pomalku opasno od ova sto go pravat VMRO-ovcite. Posebno se zatrueni mladite luge koi ne znaat podobro i seta beda okolu sebe se obiduvaat da ja nadomestat so velicinata na Grkot Aleksandar.
Од: Nedam Seja
Датум: 16.05.2009 02:46:55
Avtorot e kosmopolit shto ne veruva vo kolektivni identiteti. Dali toa znachi, megju redovi, deka ovoj tekst e i argument za promena na imeto na RM? (Shtom nema identitet na Makedonci, zoshto pa da ne go smenime imeto?) Ako e taka, a taka mirisa, togash ovoj kosmopolitanizam naivno i sluzhi tochno na kontrata na kosmopolitanizmot, a toa e imperijalistichkata i kolonijalna politika shto se vodi protiv Makedonija.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 16.05.2009 08:55:28
Од текстов може да се заклучи дека на вас вие поважен сопствениот идентитет преку секојдневни навики од националниот идентитет.Безличноста на националниот идентитет според мене е по страшна него да некој ви го поремети редоследот на навики,дали место кафе пиење у 8ч. ќе пиете во 11ч и други лични навики од комформистички тип.Сепак треба да се има барем малку елементарен дигнитет во врска со националниот идентитет затоа што нема народ без национална индентификација.Без такво нешто би биле како јапонската вештина на обликување предмети од хартија (оригами)
Од: XP
Датум: 16.05.2009 09:26:18
Avoroj sosema jasno kazuva deka ekstremnoto vrzuvanje na identitetot na edna licnost so odredeni atributi, iminja, brojki, pripadnosti na grupi i drzavi i tolkuvanje na istoto na islkuciv nacin ja gusi individualnosta pa i slobodata na licnosta. Site apsolutisticki rezimi i organizacii baraat ortodoksno i cvrsti vrzuvanje na sekoj poedinec za drzavniot i dentitet.i negova glorifikacija i prestavuvanjae kako esencijalna potreba. Krstonoscite gi vodele Krstonosnite vojni so cvrsta identifikacija kon ristijanstvoto. Fasiticka germanija gradela takva ideologija so koja preku istoriski manipulacii i glorifikacii izgraduvala stav na dominantna 'arievska nacija" so koja moral da se identifikuva sekoj germanecslicni sostojbi se slucuvale kaj stalinistickite rezimi. Takvi izgraduvanja i zastita na identitetot odele preku agresivni proppagandi i istoriski manipulacii. No opasno e sto posle sekoe opivanje ima treznanje, a za vreme na treznenjeto covek ima cuvstvo na macen mamurlak.
Од: кактус
Датум: 16.05.2009 09:26:37
Статијата кажува како карикатуристот Даце, очигледно незадоволен од својот идентитет, оти не му било доволно што бил Македонец, туку бил нешто и повеќе, создава карикатурна филозофија. Во основа му смета колективниот идентитет на другите и сака да ги убеди дека се нешто повеќе од Македонци. Ало! Гледај кај тераш! Идентитетот е интимно чувство на човекот што не се менува со државна политика и продавање на магла. Никој, па дури
Од: George NJS
Датум: 16.05.2009 10:13:05
Koga celiot svet (se ushte) deluva na t.n. 'grupen' nachin, zoshto Makedonija i Makedoncite da bidat prvi kosmopoliti? Zarem ne beshe dovolno ednash da odime vo pogreshen pravec (proleterijat/socijalizam/jugoslovenstvo/...)? Neka nashite pijateli od zapadot bidat prvi predvodeni od NJS, a nie ke gi sledime. A do lutiot Mitko: mene ons shto me uchea doma beshe ili ignorirano na shkolo ili pretstaveno poinaku. Podocna se pokazha deka moite bile vo pravo. I za tebe ima nadezh da se otkriesh sebe si.
Од: Ljubica
Датум: 16.05.2009 13:14:44
Секоја чест, господине! Само што вие македонски паланечки умови не можат д аја сфатат големината и убавината на космополитизмот како и фактот дека националниот/етнички/религиски идентитет е само еден од многу други... како што рекол Русо - пред се сум човек, а само случајно Француз!
Од: Обожавач на Митко
Датум: 16.05.2009 13:41:24
Митко, како и по обичај е во право. Она што го прават Грците е ништо страшно во споредба со тоа што си го правиме самите со фалсификување и крадење на Историја од комшиските народи.
Од: veselin
Датум: 16.05.2009 14:34:34
Kazi be batka so obicni zborovi i direktno.Nacijata za tebe e nesto nazadno,izziveano.E pa ne ima nas prostaci koi imame kolektivna nacionalna svest od nasite pretci.I socuvano veruvanje kaj nekoi postari,deka bozjiot sin Makedon go prezivea potopot i od nego poteknuva belata rasa.I deka prv o site beli luge se narekuvaa Makedonci. A ti pij si kafence sam i neka ti e na zdravje.
Од: do beliot veselin
Датум: 16.05.2009 18:37:39
Dali roditelite nekogas ti priznale deka poteknuvas od (naj) crniot kontinent, od Afrika? Uste edno prasanje: moite predci ne poteknuvaat od ova podracje a jas sum roden, ziveam, ucam, rabotam, cesno plakam danok ... tuka. Kade ke me smestis mene, koga jas vo nikoj slucaj ne sakam da se identifikuvam so nicivi predci?
Од: Nedam Seja
Датум: 16.05.2009 20:57:17
Prviot kosmopolit bil Diogen, koj zhiveel vo bure, i so svekja baral lugje niz Grcija da gi uchi kosmopolitizam. Mozhebi avtorot na tekstot i negovite podrzhuvachi treba da zaminat za Grcija so slichna zadacha. Ako im uspee, kje ni go reshat problemot so imeto. Ako ne im uspee, mozhebi kje gi prodlabochat svoite svakjanja za kosmopolitizmot.
Од: pameten
Датум: 17.05.2009 11:24:43
Obozhavach na Mitko: "Грците е ништо страшно во споредба со тоа што си го правиме самите со фалсификување и крадење на Историја од комшиските народи" Vo pravo si, NO mitko e obozhavach na ASNOM. I ne svakja deka ASNOMCITE izgradile identitet so: "фалсификување и крадење на Историја од комшиските народи"

Најди! во Утрински
Насловна
Од црни, поцрни прогнози на НБМ
Поштарот за името чукна на вратата на Иванов
Нов градоначалник, стари проекти
Норвешка со најдобра евровизиска песна
За Македонците добар живот се парите и здравјето, а не љубовта
Страв од летање
Заменикот на Клинтон денес во Македонија
Без аранжман со ММФ, ќе платиме три пати повеќе
Како да се види Пловдив со шенген-виза
За слепилото кај бебињата некој ќе одговара
Инаугурацијата како повод
Карикатура