Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Четврти грабеж на банкарски пари за три месеци, полицијата само гледа

Од Уни банка во Кисела Вода се украдени 3.400 евра и 120.000 денари

Горан Адамовски

Полицијата трага по вооружениот разбојник, кој завчера ја ограби експозитурата на Уни банка во скопската населба Кисела Вода. Утврдено е дека разбојникот одзел околу 3.400 евра и 120.000 денари. Како што објавивме, во средата околу 15 часот непознат маж влегол во експозитурата на банката на „Чешма“ во Кисела Вода, под закана со пиштол ги принудил службеничките да му ги дадат парите, по што побегнал. Според очевидци, разбојникот побегнал со мотоцикл.

Во период од деведесетина дена ова е четврти голем грабеж на банкарски пари. Украдени беа десетици илјади евра, а заедничко за сите нив е што ограбувачите се' уште се на сигурно. Полицијата не успеа да разреши ниту едно разбојништво.

Денеска изминуваат точно три месеци од спектакуларниот грабеж на Прокредит банка во строгиот центар на Скопје. Неколкучлена група влезе во банката, одзеде 50.000 евра и стрелаше во се' што им се најде на патот додека излегуваа. Ранија двајца полицајци, а ги доведоа во опасност и животите на стотици граѓани. Со два автомобила без проблем успеаја да побегнат надвор од градот. Полицијата никаде не им постави барикади, па разбојниците најверојатно побегнаа во Косово. Пронајдените автомобили, дел од оружјето и празните вреќи со пари, како и апсењето на јатаците на разбојничката група е мала утеха за неуспешната истрага на МВР и на нивните косовски колеги.

Пред неколку седмици двајца разбојници ја ограбија Уни банка во ТЦ „Мавровка“. Според истрагата, невооружени разбојници под закана успеале да одземат околу 15.000 евра, а потоа побегнаа пред носот на полиција. Голем број „алфи“ спроведоа филмски претрес во „адвокатската“ уличка, но не најдоа ништо, освен што ги преплашија граѓаните.

Непознати се и разбојниците што пред десет дена во близина на Скопје ограбија три вреќи со пари од комбе што пренесувало пари и вредносни пратки на Охридска банка. Банката одлучи да не соопштува колку пари биле украдени. Филмскиот грабеж се случи на автопатот Петровец-Скопје, кога непознато лице му сугерирало на комбето да запре. Двајцата обезбедувачи, го запреле комбето, веројатно мислејќи дека станува збор за полицаец. Според очевидци, веднаш потоа до нив се паркирало сино возило, од кое излегле двајца вооружени мажи. Им го зеле оружјето и вреќите со пари.




Статијата е прочитана 853 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 10.07.2009 00:05:13
jas mislam se raboti za izborni donacii na site politickite partii, no se vrsat sega da ne bide primetlivo deka se " izborni ".. bankite ke si go nadomestat dolgot.. S.G.B. ne ni kaza za kolku e o;esneta...
Од: Vlach
Датум: 10.07.2009 00:26:27
Цели три години за полицијата се даваат милионски суми за опрема, обуки и што ли не за сметка на армијата, а од друга страна полицијата станува се ПОНЕСПОСОБНА ДА РАЗРЕШИ БИЛО КОЈ СЛУЧАЈ. Што се не купија, хеликоптери, комбиња, опрема за прислушкување, форензичка опрема... Знаат ли да ја користат??? Не можам да се изначудам???
Од: aaaa
Датум: 10.07.2009 01:01:50
eee a da bese sega sds na vlast site ke gi fatese..a ovaa vmrovskava policija samo gleda?!!!
Од: torbes usa
Датум: 10.07.2009 03:05:15
jas ne mozam da razberam zosto prvata novost e "kolku" pari se ukradeni, kako da se deli muzde vo mediumite za koj pobrgu da najavi za krazbite. Takvi raboti ne se diskutiraat . So takvi najavi kolku i kako vie samo potiknuvate i na drugi ludje da se zafatat vo takvi raboti
Од: jimmy1
Датум: 10.07.2009 03:40:52
Policijata gleda, kako gleda koga site znaeme deka e slepa, se dvizi so stapce za slepi. Ako gledase ke ke odkriese barem eden grabez. A za Jankulovska da ne zboruvame, taa e totalno slepa pa nemozi nitu so stapce da se dvizi.
Од: Зоран
Датум: 10.07.2009 07:58:07
Имам чувство дека само во МВР не им текнува дека кртот е во нивните редови и дека криминалните групи се во Арачиново...
Од: Donald Duck
Датум: 10.07.2009 09:20:47
So ima policijata da se zanimava so grabezite na bankite...pa toe e privaten biznis..... No ako probate da kazete bilo sto protiv vlasta, togas kje vidite na sto se potroseni tolku pari....kje ve skrsat od maanje.... Ovaa policija ima samo edna primarna zadaca....da ja cuva vlasta (Ovcarot i familijata) od narodot.....
Од: Mene do Vas
Датум: 10.07.2009 09:23:12
Glupi komentari. Bankite sobiraat profit no ne vlozuvaat vo sigurnost. Prema vashive komentari treba da ima pred sekoj vlez na bankite policaec platen od drzavna kasa? Ko obicno samo da pljukate znaete.
Од: citatel
Датум: 10.07.2009 16:22:32
Videte koje e minister za vnatresni raboti i se ke vi bide jasno!

Најди! во Утрински
Хроника
Коски од кокошки ги кренаа на нозе полицијата и новинарите
Притвор за четворица од ПИОМ поради лажни пензии
Строго ќе се контролира движењето на посетителите на Матка
Почина ранетиот полицаец во Штип
Српски турист почина во Охридско Езеро
Загина работник при поправка на покрив