Загина работник при поправка на покрив
КУМАНОВО - Во несреќен случај на работно место во кумановската фирма „Искра-инженеринг‘‘, вчера, во 6,45 часот, загина 48-годишниот металски работник, Јовица Симоновски од Куманово. Трагично починатиот кумановец е татко на три деца и единствен хранител на семејството.
Според соопштението на СВР „Куманово“ до несреќата дошло во момент кога група работници се качиле на една од халите за да работат на поправка на покривот што бил значително оштетен.
Во критичниот момент Симоновски стапнал на една од дотрајаните метални плочи и наеднаш пропаднал во халата од височина од 20 метри. Еден од косопствениците на грчката фирма одби да се појави и да разговара со новинарите. (Ст.Б.) |