Српски турист почина во Охридско Езеро
Државјанин на соседна Србија почина во водите на Охридското Езеро, на плажата кај Извидничкото одморалиште во охридската населба Далјан. Станува збор за З.М. (48), од Белград, кому му се слошило вчера напладне при влегувањето во езерото.
Веднаш била повикана Службата за итна медицинска помош, чија дежурна екипа набрзо пристигнала на самото место. Лицето било префрлено во охридската болница, каде што биле биле извршени неуспешни обиди за реанимација.
Медицинските анализи покажале дека смртта настапила поради срцев удар. (МИА) |