Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Тито

Најголемиот заводник на народите и народностите

Сите љубови на Маршалот: од светската рекордерка во фрлање диск до најубавите актерки и првенката на њујоршката Метрополитен опера, загрепчанката Зинка Кунц Миланов

Ниту за една историска личност што оставила неизбришлива трага во сегашните држави што ја сочинуваа Социјалистичка Федеративна Република Југославија не се напишани толку книги и новинарски текстови, студии и фељтони колку за нејзиниот единствен доживотен претседател - Јосип Броз Тито. И како што поминува времето - на 4 мај одбележавме три десетлетија од Титовата смрт - за најголемиот и најмил син на сите народи и народности, се' поголем е интересот за неговиот лик и дело.

За неговиот живот се снимени многу целовечерни документарни и играни филмови. Во првите години на Титовото владеење, па се' до првата половина на 50-тите години беше строго казниво да се зборува, а камоли да се напише нешто за неговите венчани и невенчани жен��, љубовници и платонски симпатии.

Првата жена на Јосип Броз беше преубавата Русинка Пелагија Бјелоусова, со која се венча во Сибир во 1921 година и со неа потоа се врати во Хрватска во Велико Тројство крај Бјеловар, каде што работеше во млин. Нивните првородени деца, ќерката Златица и синот Хинко, не го доживеаја детството и се погребани на селските гробишта. Подоцна го добија синот Жарко, кој порасна во Москва, и по бурната младост во која често имаше судири со законот и престојуваше во поправни домови за малолетници, стана офицер на Црвената армија.

Во Втората светска војна синот на Тито, Жарко, ја изгуби раката, па неговиот татко кон крајот на 1945 година го врати во Белград каде што живееше разуздан живот, три пати се женеше и доби потомци со секоја од избраничките.

Се премажи за Русин

Пелагија Бјелоусова по разводот со Јосип Броз се премажи за Русин и со него доби две деца. Откако дојде до раскол меѓу Сталин и Тито во 1948 година, како поранешна жена на „омразениот одметник од комунистичкото семејство“, беше протерана на присилна работа во сибирските гулази, од каде што се врати една деценија подоцна благодарение на помилувањето на Никита Хрушчов.

Само пред четири години на изложбата во Белград со привлечен назив „Јосиф Сталин, Јосип Тито“ од приложените руски документи дознавме дека Јосип Броз и втор пат на 13 октомври 1936 година се оженил во Советскиот Сојуз, овој пат со германската комунистка Луција Бауер, наречена Луси, на која, исто така, тоа и' беше втор брак. Но, таа врска имаше краток век и не потраја ниту една година, бидејќи Луси, која беше 22 години помлада од Броз, тогаш со партиски прекар Валтер, во октомври 1936 година ја заробија под обвинение дека е шпион во служба на капиталистите и во декември 1937 година ја стрелаа во злогласниот московски затвор „Љубјанка“.

По враќањето во Загреб, каде што го презеде водството на загрепскиот комунистички разгранок, Јосип Броз се ожени со имотната словенечка Еврејка Херта Хаас, со која се запозна во Париз и во 1941 година го добија синот Александар - Миша (до неодамна хрватски амбасадор). Посебно поглавје е тоа што заробената Херта била заменета за висок воен функционер на НДХ заробен од партизаните, а Миша се' до падот на режимот на Павелиќ бил криен по загрепските семејства, па неговиот татко првпат го видел во 1946 година во Белград.

Раскинувањето меѓу Маршалот Јосип Броз Тито и Херта Хаас го предизвика врската на Тито со неговата лична секретарка, Србинката Даворјанка Пауновиќ, со илегално име Зденка. Надалеку е позната снимката од 1944 година, додека Тито во пештерата кај Дрвар и диктира, а Зденка во партизанска униформа на колена ги запишува неговите зборови. Идилата ја прекина нејзината болест на белите дробови. Даворјанка по Титовото устоличување во Белград, и покрај трудот на најдобрите лекари во санаториумот во Словенија, и' подлегна на болеста. Колку нејзиниот несуден сопруг страдал поради загубата, кажува податокот дека ја закопале во градината на Белиот двор.

НоЌ над Белград

Натаму следуваат неколку авантури на Тито со познати жени. Најпрво, со најпопуларната руска филмска актерка Татјана Окуњевска, со која се запознал во Москва, кога му беше прикажан целовечерниот филм „Ноќ над Белград“, во кој токму таа ја имаше главната улога. Татјана веднаш го освои Маршалот, кој и' понудил да се раздели од својот партнер, писателот Борис Горбатов. Нудејќи и' брак и зборувајќи и' како ја изгубил главата бидејќи не може да живее без неа, Тито со месеци и' испраќаше црни рози, но Татјана за која се шушкаше дека е љубовница на семоќниот шеф на советската тајна служба КГБ, Лаврентиј Берија, се' поизразено го одбиваше, зашто во меѓувреме започна тајна врска со југословенскиот амбасадор во Москва, Владо Поповиќ. Подоцна Татјана изјави дека Тито никогаш не дознал за таа нејзина авантура. Бидејќи односите меѓу СССР и Југославија се заладија, одмаздољубивиот Берија ја испрати во гулаг. Од Сибир се врати заборавена, а умре во 1996 година во Москва, на возраст од 88 години.

Тито имаше кратка љубовна афера и со грузиската атлетичарка, светска рекордерка во фрлање диск, Нина Думбаџе, на која советските спортски власти не и' дозволија да се пресели во Белград. Потоа Тито се занесе по првенката на њујоршката Метрополитен опера, загрепчанката Зинка Кунц Миланов. Од тоа таа за хрватската култура направи битна работа - на нејзина молба беше поштеден од стрелање прочуениот диригент Ловро Матачиќ.

Масерката Дарјана Грбиќ

За четв��тата законска другарка на Броз, Јованка Будисављевиќ, се зборува дека со Тито ја зближил човек од негова најголема доверба, Иван Крајачиќ-Стево. Сега се' почесто се огласува и 91-годишниот генерал, полицаец и дипломат, Црногорецот Јово Капичиќ, кој се фали дека претходно имал врска со Јованка, кога таа како доверлива личност и мајор, била именувана за шеф на послугата во Белиот двор. Познато е дека Тито четири години пред заминувањето во вечноста се раздели и од масата и од постелата со Јованка. Во меѓувреме му беа препишувани наклоности кон оперската дива, сплиќанката Гертруда Мунитиќ и кон масерката Дарјана Грбиќ. (Јутарњи лист)

ЦРНИ РОЗИ

Нудејќи и' брак и зборувајќи и' како ја изгубил главата бидејќи не може да живее без неа, Тито со месеци и' испраќал црни рози на актерката Татјана Окуњевска, со која се запознал во Москва на прикажувањето на целовечерниот филм „Ноќ над Белград“ во кој таа ја имала главната улога

ТАБУ

Во првите години на Титовото владеење, па се' до првата половина на 50-тите години беше строго казниво да се зборува, а камоли да се пишува нешто за неговите венчани и невенчани жени, љубовници и платонски симпатии


#
Статијата е прочитана 3164 пати.

Испрати коментар

Од: Веиз
Датум: 21.10.2010 15:14:29
ОХ!Вакво другарче уште нее родено да не смири сите.Живела демократија,а не башибозук!Е ЌЕ биде или НЕ подобро,водете сметка господа земете пример дел на ДР.Т,Egalite,Fraternite,Liberte,ОКЕЈ ?
Од: valentin
Датум: 21.10.2010 15:15:06
I sto sega,pak e podobar od site drugi posle nego do denes!
Од: oceski
Датум: 21.10.2010 16:46:06
marsalot Josip Broz Tito bese i ostana legenda, vo pozitivna smisla na zborot. Makedonija i makedoncite treba a i najgolemiot del se vecno blagodarni na negoviot doprinos za osamostojuvanje na makedonskiot narod,sozdavanje na negova drzava i afirmiranje na samobitnosta na makedonskata nacija. neka mu e vecna slava.
Од: Klime
Датум: 21.10.2010 19:19:43
A so e popristojno: mrezata na kurvarl'kot so maloletni vo Stip (i cela MK) ili svalerl'kot na Drugarot??
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.10.2010 20:59:00
По цели 30 години од излегувањето на книгата „Сите љубови на Јосип Броз“да се напише ваков текст,говори силно за Мракот во кој своеволно се наоѓа нашата земја!Авторот на оваа книга Ф.Радуловиќ,одамна напиша дека Тито имал седумнаесет жени и петнаесетина деца,но сето тоа во стил на голем бонвиван и лола!Па кој од „нашиве“ политичари знае да го рецитира Пушкин (и тоа на прекрасен Руски),или да свири како Шопен,на што му завидувала дури и англиската кралица Елизабета?!Повторно ќе кажам: Не му се ниту до Малото Прсте!
Од: Drugar
Датум: 22.10.2010 02:56:31
Ovie komentari za Tito se samo 'sapun' roba kako vo zapadnata media. Nema sto drugo da pravat pa spiuniraat na privatnite zivoti. Site nie sme imale zenski/deckovci/zeni pa sto. Zar toj trebase samo knigi da cita, pa i Tito imase dusa bre idioti od novinari. Vazno bese pocenet od site politicari vo denesniov svet. Kariera ne se gradi samo so rabotenje mora malku i relaksacija da ima za balans.
Од: od Avstralijanec
Датум: 22.10.2010 08:36:39
Prav maz'etina.
Од: klik-klak
Датум: 22.10.2010 12:17:57
Maresal si e Marsal,a ne ovie denes politicari em so sekoja em ne gi biva i drzava da vodat.Pa uste ke go napagaat ne bil demokrat bilo ednoumie. Go biva komunjar si e komunjar.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Вујко“ води до врвот на ДУИ
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Фалам друг за да те критикувам тебе
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Иванов бара помош од Србија за досиејата
Срцев удар на снимање филм
Политичка историја на невештата политика
Почнува Скопски џез фестивал
Tоне медиумската слобода
Карикатура
Пукна кавга во Уставен суд
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU