Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Мислења

Политичка историја на невештата политика

Назми Малиќи

Повеќето од македонските политичари во подолг период ги уривале мостовите и го нарушувале духот на меѓунационалната доверба

Со одолжување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, како да се посакува да се наруши усогласената програмска динамика за политичко дејствување. Како последица на тоа, потоа следуваат и разни дилеми и прашања. Уште колку време и' е потребно на Владата на Република Македонија да го спроведе во целина Охридскиот рамковен договор. Дали духот на овој договор ја зајакнува меѓуетничката кохезија? Дали е вистина дека Македонците и Албанците сакаат да живеат во иста држава? Дали политичките лидери градат функционална агенда за приближување на земјата кон ЕУ и кон НАТО?

Ваквата неконзистентна политика на партиските лидери отвора и разни други размислувања. Овие денови на една јавна дебата го слушав еден дипломат како раскажуваш�� за една средба со граѓанин Албанец во скопските села. Раскажуваше како граѓанинот искрено зборувал пред него. Како ги пренесувал неговите чувства како живееле порано заедно со Македонците, како се почитувале, како се помагале, како живееле еден до друг. Селанецот објaснувал како сега ги скарале политичарите и им ги нарушиле односите. Слушајќи го дипломатот како го раскажуваше случајот, сакав да го споредам неговото кажување со една слична моја средба со еден граѓанин Македонец. Такви пофални зборови имав прилика и јас да слушам од граѓанинот Македонец во едно кумановско село. Како тие живееле добро со Албанците, како биле добри, какво им било нивното заемно почитување, како ги почитувале националните и верските особености на другиот итн. Тоа беше повод сам да си го поставам едноставното прашање - ако било така, тогаш која е причината да не се продолжат таквите добри односи помеѓу луѓето. Оваа искрена доверба да се живее добро со соседите во тоа време, по се' изгледа, ја нарушиле „вештите политичари“, кои неретко ги изигрувале, ги злоупотребиле и лошо ги политизирале.

Споредувањето го продолжам со еден конкретен пример. На една моја средба, при крајот на 1994 година, во куќата на еден селанец Албанец од скопските планински села, во свеченото регалче забележав еден комунистички памфлет со наслов „Спрега против албанскиот национализам и сеператизам“. Во таквите регалчиња на времето се чувале само вредни спомени, слики и украси на младоженците. Иако домаќинот беше неписмен, тој тоа памфлетче верно и по десет години го чуваше како подарок. Го чуваше затоа што подарокот му беше од еден негов пријател - политичар. Домаќинот ни раскажуваше за посетите што ги имале од влијателни луѓе од политиката. Исто така, ни тврдеше дека се' уште го цени тој човек, иако од него немал никаква корист.

И, се прашувам - како таквите луѓе, кои беа во некое време политичари, знаеле како да го користат нивниот авторитет. Тие се' уште можеби зборуваат со носталгија за добрите моменти што ги поминувале со своите нешколувани сограѓани, кои ги сметале добри Албанци. Можеби зборуваат добро и за времињата кога тие или нивни родители политичари придонеле, им „помагале“ на илјадници Албанци засекогаш да ги напуштат своите родни огништа и да одат во Турција. Ваквите лоши односи и лошата комуникација во тогашна Народна Република Македонија, на тогашна Федеративна Југославија, на таквите политичари им служеле како полигон за експерименти и за вршење политички притисок врз Албанците. Тоа време не беше период на градење столбови, што би рекле Холанѓаните, столбови што ги посакувале и Албанците и Македонците за да ги зачуваат заедничките вредности, да ги негуваат добрите соседски адети. И, се согласувам со Албанецот и со Македонецот кои со гордост раскажуваат и пред дипломатот и пред мене за своето добро комшиско минато, што го сметале како фамилијарно културно богатство. Исто така, може со сигурност да се потврди дека повеќето од македонските политичари во подолг период ги уривале тие мостови, го нарушувале духот на меѓунационалната доверба.

Да се разбереме, во време на комунизмот, политичарите Албанци, кои биле избирани по некаков партиски клуч и курс, не беа толку влијателни за да им го нарушат редот на апсолутното мнозинство македонски политичари. Во континуитет неоправдано се појавуваше истиот сооднос - на оние што бараат национални права (Албанците) и оние што даваа права (политичарите Македонци). Тој сооднос како да се настојуваше да се зачува. Со години се одвиваше период на барања права, примена на сила, периоди на меѓуетнички тензии, афери. Ваков однос на барања и давање права се случува до денешно време. Ваквиот сооднос е поради тоа што повеќето од македонските политичари до 1990 година погрешно ја спроведувале политиката на национален интерес на Македонците и на македонскиот национален и верски идентитет. Ја прифаќале играта на партнерство со појакиот, со српската политика, за да ги дисциплинираат Албанците. За жал, таква политика остави лоши последици и врз дел од политичарите во периодот на транзицијата.

За потврдување на мислата, ќе се послужам со резултатите на едно истражување на еден мошне влијателен истражувачки институт во земјава. Истражувањето е реализирано во 2003 година. На едно од прашањата кое гласеше „со која соседна држава посакувате Република Македонија да има најдобри односи“, одговорот беше следниов - на прво место со Србија, на второ место со Бугарија, на трето место со Грција и на четврто место со Алб��нија. Ако ги споредуваме фактите, Албанија меѓу првите држави ја призна независноста на Македонија, не постои никакво оспорување на името на државата, не се оспорува независноста на Македонската православна црква, нема никакви несогласување околу македонскиот јазик. Зошто Албанија е на последно четврто место, се откри со понатамошната анализа. Имено, таквите размислувања се поради нивните сограѓани Албанци. За жал, таа перцепција е последица на влијанието на лошите политики врз граѓаните, на лошите јавни настапи на невештите политичари, според кои за неуспехот на нивната политика им се виновни Албанците.

Денешните политичари дејствуваат во време кое не дозволува поместување и помешување на вредностите и невредностите. ЕУ останува со цврста порака за побрзо решавање на спорот за името, зајакнување на независноста на судството, подобрување на ефикасноста на јавната администрација, гарантирање на слободата на изразувањето и неопходноста од целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор. Овие пораки премиерот Никола Груевски ги доби од највлијателната личност Херман ван Ромпуј. Затоа и вреди да се потсетиме на некогашен директор на УНЕСКО, Федерико Мајор, кој велеше: „Денес знаеме дека живееме во еден потранспарентен свет и веќе не можеме да се оправдуваме дека бевме или сме наивни“.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.10.2010 13:07:44
Кога веќе се цитираат примери со поединци,анкети и др.нечитаме за испадот на поединецот а бодрен од толпата викана просветлено,,Балисти,,и фрлањето на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ,нема осуда за својот сонародник,ниту авторот на текстот ниту политичките албански партии:што ве спречува да искритикувате.Дали ова нее некаков доказ за меѓу етнички несоживот.
Од: јас
Датум: 21.10.2010 18:26:53
Доста веќе со тој Охридски договор!! Уште колку неписмени „рамковни “ ќе напикате во администрација??Здравје Боже , доаѓа пописот догодина , па ќе се преброиме!!! Дали тогаш ќе се отпуштаат „прекубројните “..Се сложувам со Среќко за знамето !! Какви лицемери сте !! Го јадете лебот од оваа држава , а не ја почитувате ни под „разно “ ...
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 22.10.2010 00:13:25
Dragi Poznaniku! Se mi kaza,i eve ja tvojata politicka konstatacija:,,Со одолжување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, како да се посакува да се наруши усогласената програмска динамика за политичко дејствување. Како последица на тоа, потоа следуваат и разни дилеми и прашања. Уште колку време и' е потребно на Владата на Република Македонија да го спроведе во целина Охридскиот рамковен договор. Дали духот на овој договор ја зајакнува меѓуетничката кохезија? Дали е вистина дека Македонците и Албанците сакаат да живеат во иста држава? Дали политичките лидери градат функционална агенда за приближување на земјата кон ЕУ и кон НАТО? So ovaa determinacija, na vaseto[ne]politicko sugerirnje ,Trebase odamna .da se Vikame; Slavo Ilirida,ili pak ;Anticka Makedon Ilirida. Zarem ne Prooofesore?,Zarem ne sakas toa ,da ni go Kazes?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Вујко“ води до врвот на ДУИ
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Најголемиот заводник на народите и народностите
Фалам друг за да те критикувам тебе
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Иванов бара помош од Србија за досиејата
Срцев удар на снимање филм
Почнува Скопски џез фестивал
Tоне медиумската слобода
Карикатура
Пукна кавга во Уставен суд
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU