Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Tоне медиумската слобода

Гана, Костарика, Танзанија... се рангирани подобро од нас во извештајот на „Репортери без граници“

Драстично се намалила медиумската слобода во Македонија, покажа најновиот извештај на организацијата „Репортери без граници“, во кој нашата земја годинава е рангирана на 68. место од вкупно 178 држави во светот. Тоа е двоен пад во споредба со перцепцијата за слободата на медиумите од минатата година,кога Македонија се најде на 34. место, односно се искачи на повисоко ниво од 2008 година кога бевме на 42. место.

Гана, Костарика, Тринидад и Тобаго, Танзанија, Того... се само некои од државите што стојат подобро од Македонија. Годинава првото место го делат европските земји Финска, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска и Швајцарија. На дното на листата, пак, се најде Еритреја, а пред неа се Северна Кореја, Туркменистан, Иран, Бурма, Сирија, Судан, Кина, Јемен и Руанда. За овие држави „Репортери без граници“ наведува дека прогонуваат новинари и дека има целосен недостиг од информации.

Но, и некои држави-членки на ЕУ не можат да се пофалат дека стојат најдобро на планот на слободата на медиумите. Бугарија и Грција годинава, исто така, бележат пад во однос на третманот на медиумите и сега го делат 70. место, а пред нив е Романија. која падна на 52. позиција, додека Италија остана на 49. место, што годинава го дели со Буркина Фасо, а Франција е само пет места погоре.

Од поранешните југословенски републики, зад нас заостануваат Србија, која овој пат падна на 85. место, додека Косово се најде на 92. позиција, но најлоша е перцепцијата за новинарските слободи во Црна Гора, која се пласирала пониско од лани, и тоа на 104. место. Во споредба со Македонија, подобар третман имаат медиумите во Словенија - 46, Босна и Херцеговина - 47 и Хрватска - 62 место.

„Одбраната на слободата на медиумите продолжува да биде битка за будност во демократиите на старата Европа и битка против репресијата и неправдата во тоталитарните режими“, изјави генералниот секретар на „Репортери без граници“, Жан-Франсис Жулиард, при објавувањето на деветтиот извештај на оваа организација. Тој посочува дека е вознемирувачки да се види како некои земји од ЕУ продолжуваат да паѓаат во своите пласмани. „Ако ЕУ не ги престрои своите редови, ризикува губење на позициите на светски лидер во почитувањето на човековите права“, рекол Жулиард. Рангирањето во годинешниов извештај се однесува на ситуацијата меѓу 1 септември 2009 и 1 септември годинава. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 717 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.10.2010 12:21:33
И ова е добро кога се знае кој за кого одработува,било за власт било за опозицијата.Еклантен пример е А1 кој за 4год. направи двојно салто назад,прво ја величеа власта,сега одработуваат за опозицијата,дури могулот одтаму се надева да биде премиер.Па тука Сител,па Алфа,па Телма во зависност од која страна е Андов и др. ,,независни,, медиуми.Можеби ќе ги утеши тоа да САД се зад нас за 5-6 места.
Од: Свилени Ракавици
Датум: 21.10.2010 12:39:06
Како сакате слобода тоа, неможе кога сопствениците на најголемите медиуми Рамковски и Ѕинго имаат политички амбиции за највисокоте државни функции. Сопственик на Медиуми несмее да биде политички активен и да се кандидира на избори. Погледенте што и направи Берлускони н�� Италијанските медиуми Фијаско!!!
Од: mene
Датум: 21.10.2010 14:32:37
i Utrinski Vesnik e istata prikazna,videte samo koj e sponzorot (Komercijalna na Hari) zalno za Makedonija sto nema nezavisni i objektivni novinari,mnogu zalno(samo partiski vojnicinja)
Од: Mite
Датум: 21.10.2010 16:09:29
kakva sloboda koga " Komentarot ceka na odobruvanje na Web masterot ???" .. toa go ima samo kaj nas, edinstveno na IdiVidi , Kajgana i slicni nema Cenzura, , Vesnicite sproveduvaat cenzura. Najtragicno e sto izleguvaat komentari na partiskite djaabalebaroshi, a ne izleguva izdrzana konkretna i precizna kritika, a toa e taka bidejki realnata i argumentirana kritika Boli, a ako napishe nekoj Grujo ili Branko krade toa nikoj ne go ni cita...
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.10.2010 20:34:05
Проблемот е што во Македонија,пред сè,се загрозени Индивидуалните човекови права и слободи,дури потоа медиумските.Медиумските,поради квантитет е можно некако и да се одбранат,но правата и слободите на единката,особено на онаа-непартиски определената,никако!Токму индивидуата кај нас и нејзиното право на слободно изразување и мислење е тешко,дури и невозможно да се заштитат!Можноста отсуствува и поради лошиот правен систем кој е подложен на менталитетот на масата,но и поради незаинтересираноста на политичките организации да го заштитат!
Од: Сергеј
Датум: 21.10.2010 20:37:45
Ако оваа власт продолжи со притисоците врз новинарите (а се заканува дека ќе продолжи) никој да не биде изненаден ако во следниот извештај први соседи ни станат Еритреја, Северна Кореја, Туркменистан, Иран, Бурма, Сирија... ( http://otpor.log.ph/ )
Од: „Паметник„
Датум: 22.10.2010 11:03:44
Феликс ,или си искомплексиран или имаш фрустации ,па затоа секојдневно пишуваш „објективни„ коментари.Критикуваш за салто мортале ама за морталето на Латас ни буква.За МТВ и рекламите на власта и објективните „информативни емисии„ниту за телевизиите и нивните „босови„ партнери на власта!Напиши во која друга замја ова го има, освен во С.Кореја и Афричките банана држави.„Паметник„како тебе треба да има секоја партија на власт.Им го дигаш рејтингот на доле.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
„Вујко“ води до врвот на ДУИ
„Јака“ плата
Македонско-бугарски историски контроверзии (11)
Најголемиот заводник на народите и народностите
Фалам друг за да те критикувам тебе
Порака од Вашингтон
Пандев се врати по повредата
Иванов бара помош од Србија за досиејата
Срцев удар на снимање филм
Политичка историја на невештата политика
Почнува Скопски џез фестивал
Карикатура
Пукна кавга во Уставен суд
Стил
Иванов ќе ги види Македонците во Србија
Магазин
Без визи и за БиХ и за Албанија






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU